Ако размислиш малку , нема многу поента во свирењето баш вакви модуларни аналогни сајзери ,ако се земе во предвид што е се достапно ,и какви се инструменти има .Некаде во 90ти години на некој му текнаало дека може сам да си изработи ,и тоа се пренело по луѓе и така стана ново хоби на многу ,се повтори тој тренд кој постојал порано во 70тите .За свирење иначе компјутерот си е супер алатка ,некој убав миди контролер и може човек чуда да прави .Јас на пример когаа изработувам некој филтер или слично ,свесен сум и за историјата зад тоа коло ,па тоа ја прави изработката уште поинтересна,и свирењето си има некој шарм ако научиш добро да импровизираш ..а токму таквото импровизирање без пресети веруваам дека е сега почитувана вештина за сите кој се занимаваат со сајзери ,умешност е тоа . Ова не е инструмент за свирење клавијатури , ако сакаш да се изразеш низ тоналитет ,скали ова не е за тебе ,или не сосема . Меѓу страните кај шо можеш да најдеш вакви импровизации еве и оваа https://modulisme.info/
,преслушај некој од сесиите да разбереш за што станува збор .Музика верувам дека има поинтересна и побогата од оваа ,ова е за техниките на свирење и инструметите што се користат .