Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: vladosh on 11.01.2016, Monday, 16:28:38
-
Повеќе години се занимавам со изработка на синтисајзери и модули , аналогни модуларни , еве некој од мојте изработки
(http://s16.postimg.cc/jq2jcy6ed/FXF2_Nn_Qi_ILQ.jpg)
(http://s24.postimg.cc/phr63w9g5/oijoi.jpg)
(http://s8.postimg.cc/kz5ayt38l/Gk_LSCBanw_M0.jpg)
(http://s16.postimg.cc/c1evspko5/10857770_325032121013660_7636215450652563750_n.jpg)
(http://s27.postimg.cc/wr8p2zrmr/10500294_398634556986749_8683442948806774454_n.jpg)
-
Фино изгледаат, можеш да ставиш во темата и некои шеми по кои си работел или линкови од нет, еве од мене една страна за почеток, имам неколку модули од овде правено по нарачка:
http://www.musicfromouterspace.com/index.php?MAINTAB=HOME&VPW=1024&VPH=500
-
имам еден блог на кој обично ставам шеми шо ми се видат интересни ,има и некој плочки шо ги исцртав последните месец два
http://www.synthacks.blogspot.com
инаку за шеми од сајзери направив и една збирка на еден форум
http://electro-music.com/wiki/pmwiki.php?n=Schematics.Schematics
МФОС има добри шеми ,јас требаше да сработам два Марк 2 синтисајзери по нарачка ама се изјалови работа ,имам осцилатори правено од таа страна
-
Браво за изработките, не мислев дека некој има време и нерви да прави целосно аналогни сајзери... барем не кај нас ;).
И јас едно време се интересирав, ама ми опадна ентузијазмот. Се е веќе дигитализирано и ретко кој сака да се замара со врзување на кабли, ова она... а ретко и кој се разбира што како треба да се врзе... load-ај preset на VST, мрдни некој knob, колку да не биде апла исто и терај работа ::).
-
фала , беше голем тренд , мислам дека е веќе во опаѓање после таа обсесијата со еурорак , 100ци мали фирми и производители се појавија , кога конечно се врати роланд да изработува модуларни сајзери ,значи дека е завршена приказната , ама интересно е сепак , со секој нов модул очекуваш некоја нова функција нов сооднос меѓу модулите и нови звуци , скап спорт е ,барем за кај нас редко кој може да си дозволе цел систем , компјутерот е одлична алатка за правење каква сакаш музика , јас навлегов у ова со аналогната електроника малку и навика е , викат модуларен синтисајзер никогаш не е завршен
-
Да да, така е, приказната за аналогните синтисајзери нема да има крај, барем во определени стилови на музика, џез, некои експериментални стилови, итн. ;).
Со среќа и со натамошните изработки ;).
-
Браво за изработеното и реално се изненадив зошто не мислев дека ова го има кај нас. :)
-
еве уште една кутија што ја завршив пред некое време , е не ми текнува како да ја стаам сликата хех ;D
(http://www.mediafire.com/convkey/e274/dxbmklepmb56nl3zg.jpg)
(https://i.postimg.cc/X3n25kS4/panel-one-two.png)
-
Импресивно, секоја чест.
Ме интересира дали ти ги користиш овие модули или некој ентузијаст овде во МК?
Би било убаво и да чуеме некое клипче како звучат. :)
-
Oваа кутија за мене си ја правев ,имам правено за луѓе ,ама редко тоа ,можеш да слушнеш тука:
https://soundcloud.com/r25990127
Cнимките се обично од помали системи.
-
А дали има МК музичари што користат вакви аналогни модули?
-
Нема многу , пред некое време у скопје влегов у некоја продавница за опрема гледам има и ефтини некој сајзерчиња ,мислам дека кај нас и сите гледат да си минат поефтино ,тоа ја шо знам ,мене не ме контактирале многу за правење нешто , така-така
-
Не е само до евтино, многу поедноставно е да работиш со готови preset-и/patch-ови :-\... сите веќе така работат. Ова е убаво хоби, ама моментално, нема некоја иднина. Се е веќе дигитално и се повеќе се оди кон DSP... аналогните сајзери ќе останат само како убав спомен, за жал :-\.
-
Мислев на тоа дали некој кај нас сеуште експериментира (создава музика) со аналогни сајзери и користење на ваква технологија.
Јасно ми е дека ваквите аналогни звуци се изгенерирани и семпловани во дигитална форма за различните софтвери кои се користат во музичката индустрија.
-
Пааа... не е баш дека се семплувани. Samples се користат за дигитални pligin-и кои треба да имитираат реални инструменти, како гитари, пијана, итн. Семплување најчесто не се користи кај дигиталните сајзер plugin-и. Кај нив се користи истиот принцип кој се користи и кај аналогните, со таа разлика што алгоритам обработува која и каква бранова форма ќе се изгенерира или која комбинација на бранови форми ќе се изгенерира, со кој интенезитет ќе биде секоја од нив, дали ќе има delay додадено, колкав да биде delay-от, колку да биде wet/dry однос, итн. Практично е истото, но дигитално генерирано ;). Всушност, на хратија, поточна е дигиталната репрезентација на овие сигнали отколку што е аналогната. Но, аналогната си има свој „шмек“, нешто што дигиталните сајзери/plugin-и никогаш не може да го имаат ;). Има начини како да се „нашминкаат“ дигиталните сајзери, да звучат помалку „суво“, но тоа е само „шминка“ :-\.
Можно е да има некои ентузијасти кои кај нас ги користат овие зајзери (аналогните), но верувам дека се многу малку... прво треба длабоко да навлезеш во начинот на синтеза и генерирање на звуци со аналогните сајзери, а тоа е далеку од тривијална работа. На пример, повеќето музичари, ако немаат никакво техничко познавање околу анализа и синтеза на звук, нема да се снајдат. Затоа релативно малку музичари ги имаат користено и во минатото. И цената си играла своја улога (биле неверојатно скапи), но и фактот што, па... ретко кој знаел „баш што сака да направи“ на еден ваков модуларен сајзер ;). Затоа оние кои знаеле, многу често биле сметани за „гении“ на музичката сцена (што и не е далеку од вистината, барем според мене ;)). И баш од овие причини, кога почнуваат дигиталните инструменти да навлегуваат на пазарот, почнува подемот на дигиталните сајзери со готови preset-и/patch-ови ::). Практично, ги бираш од банка на presets веќе готови patch-ови ::)... нешто што одзема огромен дел од самиот процес на создавање на музиката, и поради тоа, секоја песна веќе звучи на секоја друга ::)... тоа почна уште на крајот на 80-тите, но процесот си продолжи во 90-тите, 2000-тите, се до ден денешен... затоа сега е екстремно лесно да направиш било каква песна... скоро од се имаш готови preset-и и patch-ови... само load-аш некој, ставаш некој глуп ритам, 2, 3 ноти на сајзерот и оп, имаш матрица за рап ::). Тоа е тоа, се менуваат работите ::).
-
Не е само до евтино, многу поедноставно е да работиш со готови preset-и/patch-ови :-\... сите веќе така работат. Ова е убаво хоби, ама моментално, нема некоја иднина. Се е веќе дигитално и се повеќе се оди кон DSP... аналогните сајзери ќе останат само како убав спомен, за жал :-\.
По светот има луѓе што го негуваат ова , правење оригинални печови ,со поголеми системи ,и уште е популарно ,се оди кон дигитално ,ама трендот на аналогните сајзери излезе скоро пред 10тина години станаа повторно популарни кога веќе постоеја fm синтеза семплување и што ли не ,работата е што се малку тешки за работа - едно , друго што ти треба да имаш поголем систем да отсвиреш нешто во живо ,така да со мал систем со два-три осцилатори неможеш да направеш нешто по софистицирано ,од друга страна е и поскапо од фабричките сајзери како Берингер , они склопат нешто минимум ,ќе го украсат со нешто дигитално како некој паметен секвенцер и така ,нивната целна група се млади луѓе и тие знаат кој колку може да потроши и колку може да разбере ,колку им е трпението и така ,тука ја се распишував .. еве некој линкови до музики шо прават луѓе со модуларци
https://douglynner.bandcamp.com/
https://www.youtube.com/user/Phisynth/videos
http://www.vicmod.net/catalog.html
-
Ова е се многу убаво, но во денешно време, за жал, не верувам дека ќе видиш настап во живо со ваква опрема :-\. Чест на исклучоци, ги има, но малку се. Дури и култни имиња кои беа познати по тоа дека имаат работено и со модуларни сајзери, како Orbital, Future Sound Of London, Aphex Twin, итн., веќе не настапуваат со таква опрема во живо :-\. Можеби уште работат на неа, ама на настапи, не ја носат :-\.
И да, имам забележано дека има подем во оваа насока во последниве 10-тина години, но тоа се пак само експериментални бендови и хобисти ентузијасти. Сериозни музичари, не фаќаат веќе ништо што има повеќе од 2 или 3 кабли и не се врзува со PC/лаптоп :-\... знам, жалосно, но реалноста е таа :-\.
-
еве нешто шо сум снимал со некој од сајзерите шо сум ги правел ,првиот линк е до снимки од првиот сајзер со само два осцилатора и други работи ,вториот линк е со сајзерот на сликата ,само со еден класичен осцилатор ,а ова за настапите у живо .. има! ,и тоа многу по светот , плус се собираат луѓе шо свират на synthmeet кај шо има настапи ,во светот е голема работа - популарно ,ако го погледнеш muffwiggler или electro-music ќе ти биде јасно ,за aphex twin и другите ..работата е шо они се бендови од 90тите ,ова се појави покасно околу 2000та или и некоја ,така да за нивната музика не значи ,убавината на модуларните е и мисловниот процес планирањето ,тоа во себе ја содржи естетиката која се очекува од музиката
https://archive.org/details/Synthacks-Vlad-Scetchbook
https://archive.org/details/SketchbookIi-SynthacksModular
-
Епа добро, ако е таква работата, тогаш дај еве некој линк од некој сега познат бенд кој настапува со модуларни сајзери на сцена ???. Јас не знам таков ???. Не е дека не сум во тек со модернава музика, сум, исто како и порано (можно е малку да „лагирам“, порано имав повеќе време за да бидам во тек со музиката, но сега веќе не толку, за жал :-\), исто и со експерименталната електронска музика, ама не сум начекал на некој бенд кој би рекол дека „отскокнува“ од секојдневието и работи на модуларни сајзери. Можно е и да има, не викам не, но барем јас, немам начекано. Имам слушано што имаат работено дел од новиве бендови кои работат со модуларни сајзери... искрено, барем за мене, тоа е се веќе видено и чуено. Несомнено ќе биде интересно за младите, но мене не ми е интересно :-\. И искрено, ниеден од нив не ми „отскокнал“ музички надвор од зоната „интересно, ОК е :)“. Ако не ми отскокне, најверојатно нема да сакам да го чујам повторно. Треба да биде нешто навистна вонсериско за да ми отскокне и да кажам „леле, ова е навистина одлично човече“... не ја слушам музиката во стилот на „овој користи ваков сајзер, оној онаков“... ако ги делам така бендовите, половина и повеќе од нив не ни требаше да ги слушам. А знам дека има вакви „собиранки“ на кои се собираат ентузијасти, луѓе кои се вљубеници во ваква опрема, но да бидеме искрени, тоа на крајот се сведува баш само на тоа... собиранки, ништо повеќе. Не знам некој бенд кој се составил или проникнал од вакви собиранки.
-
Значи мислев нешто како во стилот на @Phisynth, како и да е аналогната музика е баш уметност.
Мило ми е што вакви ентузијасти сеуште има, чинам дека и @LordZi правеше по нарачка модули но никако не открив за кој беа наменети, дали за домашен или странски пазар. :)
-
еве уште некој бендови или лејбл што се популарни во светот ,а музиката сама по себе ,можам да се сложам дека знае да биде и не-убава ,повеќе е уметност целиот процес од колку само музика во класична смисла ,Бенге е популарен ,a game of life е лејбл за 90% модуларни сајзери исто како вицмод ,може да биде малку тешко за слушање ,ама е забавно за свирење :)
https://zackdagoba.bandcamp.com/
https://gameoflife.bandcamp.com/music
-
Значи мислев нешто како во стилот на @Phisynth, како и да е аналогната музика е баш уметност.
Мило ми е што вакви ентузијасти сеуште има, чинам дека и @LordZi правеше по нарачка модули но никако не открив за кој беа наменети, дали за домашен или странски пазар. :)
Да, има дечки од Скопје кои уште свират на модулари и за кои ги правам модулчињата.
Барајте го на јутуб LOOK MUM NO COMPUTER, англичанец е типот, да видите што прави ...😊
-
еве и еден добар омилен бенд од Канада ,во живо ..свират уште од 70ти години до денес
-
Овај наместо сајзерот тој си се модулирал (18+)
-
Уште две сликички , една од порачка за јапонија ,17 инчен Серџ ,плус мојо сајзер скоро готов ,сеуште .. :)
(http://www.mediafire.com/convkey/4b49/764k4kwxks8826vzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/4b47/lvup6fzb40a9j4gzg.jpg)
-
Најголемипт проблем кај овие синтисајзери ми е што тонот што ќе го добиеш еднаш, скоро и невозможно е да го рекреираш по втор пат. Затоа ми се поинтересни софтверски модуларни синтисајзери.
Пред околу една година, кога уште работев онлајн, еден човек ми предложи да дизајнирам модуларен синтисајзер, кој би работел со еден вид на дигитален интерфејс, т.е. да се работи со прецизни енкодери, а процесорот да ги пренесува поадтоците на реални аналогни модули преку 10 битни дигитални потенциометри. Замислата држеше вода, но човекот остана без финансии и проектот умре, а баш со кеф го работев... :/
Што мислите за таква хибридна изведба?
-
Инсталирај rebirth.
-
Што мислите за таква хибридна изведба?
Мене ми станаа интересни овие аналогните ,не се споредува со софтвер ова ,звукот е погруб поагресивен и програмирањето е основно ,коа ми се свире софтвер свирам софтвер ,ама ова е друго .. изработка е ,лемење ,штимање ..си има шарм некој ,за тоа комбинирање со дигитални потенциометри мислам дека нема многу модуларни кај шо можеш даа повикаш сетинг ,кај Букла можеш на пример ,ама тоа кошта ,мене поинтересен експеримент од таков вид ми е Сал Мар Конструкција ..побарај на интернет ,мислам дека имаше и некој планови / шеми за него ,таа машина е така некако направена
-
Пред околу една година, кога уште работев онлајн, еден човек ми предложи да дизајнирам модуларен синтисајзер, кој би работел со еден вид на дигитален интерфејс, т.е. да се работи со прецизни енкодери, а процесорот да ги пренесува поадтоците на реални аналогни модули преку 10 битни дигитални потенциометри. Замислата држеше вода, но човекот остана без финансии и проектот умре, а баш со кеф го работев... :/
Што мислите за таква хибридна изведба?
Имав идеја за слична изведба, со тоа што јас сакав ова да го изведам со MIDI команди, за да не морам да се замарам со I/O модули ;).
-
Епа поентата ми е, најдоброто од двата света, да биди аналогно ама да има и опција да си повикаш пресет.
Имав идеја за слична изведба, со тоа што јас сакав ова да го изведам со MIDI команди, за да не морам да се замарам со I/O модули ;).
Проблемот со миди ми е што е само 8 битно, т.е. би почекал MIDI 2.0 за подобра контрола, 128чекори на потенциометар не мизвучат добро...
-
Ако размислиш малку , нема многу поента во свирењето баш вакви модуларни аналогни сајзери ,ако се земе во предвид што е се достапно ,и какви се инструменти има .Некаде во 90ти години на некој му текнаало дека може сам да си изработи ,и тоа се пренело по луѓе и така стана ново хоби на многу ,се повтори тој тренд кој постојал порано во 70тите .За свирење иначе компјутерот си е супер алатка ,некој убав миди контролер и може човек чуда да прави .Јас на пример когаа изработувам некој филтер или слично ,свесен сум и за историјата зад тоа коло ,па тоа ја прави изработката уште поинтересна,и свирењето си има некој шарм ако научиш добро да импровизираш ..а токму таквото импровизирање без пресети веруваам дека е сега почитувана вештина за сите кој се занимаваат со сајзери ,умешност е тоа . Ова не е инструмент за свирење клавијатури , ако сакаш да се изразеш низ тоналитет ,скали ова не е за тебе ,или не сосема . Меѓу страните кај шо можеш да најдеш вакви импровизации еве и оваа
https://modulisme.info/
,преслушај некој од сесиите да разбереш за што станува збор .Музика верувам дека има поинтересна и побогата од оваа ,ова е за техниките на свирење и инструметите што се користат .
-
Не знам зошто мислиш дека инструмент што би ги имал буквално соте функционалности на оригиналот, и плус уште една, не би било тоа-тоа... Памтам видео од еден човек што кажуваше дека еднаш пред 10 години добил тон што никогаш не успеал да го рекреира за на албумот.
Според мене тоа е штета, бидеќи го снимил албумот со инфериорен тон. И јас не го спомнав MIDI за мелодија, туку за положбата на потенциометрите.
Треба да се остави малку пеостор на иновацијата ако не се губи суштината, нели мислиш така?
Пак би можело да се задржи делот кај самоградбата, нема ништо лошо во тоа, ниту пак сакам да го отфрлам, баш напротив, би направило манипулирањето со илјадници контроли да биде малку од малку попристапно, а да не се изгуби суштината што е сепак, познавање на синтеза на звук и нејзина примена во музички контекст.
Еве едно многу интересно парче со модуларен, сакс и тапани:
-
Треба да се остави малку пеостор на иновацијата ако не се губи суштината, нели мислиш така?
Ја немам што да бидам против или за ,денес имаш миди контрола за модуларни сајзери и не само midi-cv туку и многу инвентивни начини да се добијат акорди и не знам шо се не - оти ја со миди не сум занимавал многу ,дури и нема ништо инвентивно во миди-то како такво што го опишуваш , пример за нешто ново ќе ти го кажам пак Сал-Мар Конструкција ,Хартман Неурон ,Чиат Ломбарде ..па дури и Каосс Пад иако Корг ќе го злоупотребуваат концептот со години додека да внесат вистински новини на таа платформа ,за секој музичар шо сериознно се занимава со студиска работа и концерти да се повика пресет е есенцијално
-
Би било интересно ако може да чуеме некои твои траки како звучи тоа!?
-
ова го отсвирив на софтвер .. последните неколку недели
http://activemeditationmusic.bandcamp.com/album/between-sleep-and-reason
овие стварки подоле се на сајзерот некаде пред нова година ,сега имам уште 6-7 нови модули така да побогато звучи малку
https://ia803104.us.archive.org/27/items/reklama_201910/14-12-2019%20Kraj%20na%20crnata%20dupka.mp3
https://ia803104.us.archive.org/27/items/reklama_201910/14-12-2019%20big%20Space%20%28Part%20II%29.mp3
https://ia803104.us.archive.org/27/items/reklama_201910/3-12-2019%20%28Snow%20-%20Night%29.mp3
-
Одлично и импресивно, браво и секоја чест.
-
Благодарам ,ама има уште работа на сајзеро ,плус му фалат малку ехо ,реверб такви работи ,без тоа многу погрубо звучи ,коа свирам у софтвеер користам многу ехо и ефекти му дават посебна димензија на звукот
-
Ја немам што да бидам против или за ,денес имаш миди контрола за модуларни сајзери и не само midi-cv туку и многу инвентивни начини да се добијат акорди и не знам шо се не - оти ја со миди не сум занимавал многу ,дури и нема ништо инвентивно во миди-то како такво што го опишуваш
Јасно, јасно, ама друга беше поентава, да контролираш аналогеннсистем со прецизноста на дигитален систем, и да, мислам дека нема ништо ново во стандардното MIDI, ама сега брзо беше најавено MIDI 2.0, кое што е многу понапредно и би било многу интересна варијанта. Поентата ми беше да не остануваме само на MIDI to CV, туку тоа да се унапреди и модернизира, да би го припремиле за новиот милениум, бидеќи би било штета аналогната синтеза на звук да падне во заборав бидеќи не се унапредила. Затоа спомнав дигитални потенциометри и енкодери.
Мада, за 5-6 години најверојатно со еден AMD Threadripper процесор и MIDI 2.0 ќе биде изводливa и попрецизна и подинамична синтеза на звук од било кога претходно, и за попристапни цени од било кога претходно, ама што знам, аналогното ми има некој шарм...
Инаку ги слушнав траките, доста имресивен тон, ми се бендиса...
-
Види Kilovolt ..ја несакам да бидам груб у ова шо ќе пишам да не испадне солам памет ..секој си е на своето на крајот ,на кој како му одговара за свирење ,експериментирање и тн. Туку за ова сите потенциометри да бидат енкодери ,или ај не мора сите .. најосновните ..нека биде и така ,ама ја на мојо сајзер имам преку 200 потенциометри или таму некаде ,од тие 70 да сакаш да ги направиш со миди .. ми се чини многу непрактично од прва ,може да сум грешка ,ако имаш некоја визија најдобро следи ја и напрај нешто ,поентата на Модуларнио сајзер е друга ,ја дури не го подржувам многу и ова Еурорак ,мислам дека тоа е некој сајд ефект од тоа шо оригинално порано во 90тите се изродило како DIY ,со луѓе/фирми како МОТМ ,Е4М ,CGS и повеќе други ,не подржувам многу затоа што ништо скоро иновативно неможе да се види ,по некое ново коло како да не е
-
Е да, и тука си во право, ама доколку нештото би се изведувало со некој универзален начин на интерфејс меѓу модули и со по еден микроконтролер од модул, не е толку лудо... Гледам контролери што имаат и до 200-300 копчиња, сите со velocity контрола, не е прашање на дали е изводливо, прашање е дали ти треба.
Е сега за ново коло, тука застанавме, на копирање дизајни од другите, ретко кој смислува. Јас се немам осудено еден основен сетап да направам, инаку би си играл, а вакво хоби со факултет паралелно не мислам дека е паметно хахахахах
-
Ова со сајзерите ,внимавај ..ако почнеш не се остава ,крај нема само ги редам кутии
-
Проблемот со миди ми е што е само 8 битно, т.е. би почекал MIDI 2.0 за подобра контрола, 128чекори на потенциометар не мизвучат добро...
Може и преку USB со друг протокол да се изведе.
-
Може и преку USB со друг протокол да се изведе.
https://www.midi.org/articles-old/details-about-midi-2-0-midi-ci-profiles-and-property-exchange
Гледај колку добра спецификација има, штета е да се работи на custom интерфејс...
-
Не не, мислев на веќе постоечки протокол, некој наменет за HID (Human Interface Devices) уреди. Сигурно има некој HID протокол кој може хардверски и софтверски само да се модифицира за оваа намена ;). Провери како работат MIDI DJ контролерите на USB, голем дел не ни бараат драјвери.
-
еве некој поинакви иновации ,ова ми е ептен интересно и мислам дека има многу потенцијал
https://web.archive.org/web/20141015023021/l
-
Мене ништо не ми дава на линкот.
-
И јас го отворив за да видам, но тапа. :)
-
не знам оти таков линкот ,ја шо постирав мислам дека беше поинаку ,еве пак :
https://web.archive.org/web/20141015023021/http://www.musicsynthesizer.com/MIC/mic.html
-
Аиии забегани модули, штета што нема целосни шеми...
-
Да, штета :-\.
-
У суштина овие се модули во модул ,на пример еден модул составен од компаратор ,две лфо-а ,две семпл и холд ,ноиз и лаг ,за сите тие поединечни модули има познати шеми ,интересно ми е како се организирани ,некој елементи се исфрлени непотребни влезови излези ,со цел да се добие една нова функција инстант ,вака модулот завзема многу повеќе електроника а многу помалку простор како панел ,можам да замислам синтисајзерот да ти е составен од вакви инстант елементи ..јако ,не сум сретнал на друго место некој вака да работи ,додека сум тука да споделам уште една снимкаа од пред месец дена ,подолга
http://electro-music.com/forum/phpbb-files/11_04_2020_ump3_350.mp3
-
Па реално, да би имало модули од кинезиве, ич не се думам, земај склопувај реди, и поефтино и по-практично. Треба ептен да сум некој со државна работа 8-4 пон-петок за да имам време во разумно време да склопам разумен инструмент, оти вака и самио кажа, доживотно хоби е хахахаах. Ама па после хардкор елитистите ќе плукаат, ти ваков, мрзи сте денеска, чекате на готово, ех во мое време... ::)
-
Така е ,секој си има приоритети ,едно друго ..обврски , треба навистина да го сакаш ова па да жртвуваш и пари и време ,секој си е на своето со приоритетите ,иначе околу тоа колку чини вака сам да си изработиш - мислам дека и не е којзнае колку скапо ,јас и плочки и делови од кај нас земам ,некој посебни делови не треба ,од али од тајда ,коа имам нарачка за некој само јаа менувам малку рутината оти треба повеќе да се купи наеднаш ,само со ова короната не ми се мисле кога ќе има некоја нарачка пак ,здравје ..ако не ти е најважно ова најарно не ни почнувај ,јас се заразив со ова ххаха ,така да нема дека .. ;D
-
Случајно налетав на темава, глеам има и други шо се по модуларни сајзери во МК.
VCV Rack имате чепкано? Голем избор има на модули што се бесплатни, интересни patches се прават.
-
за VCV не знам шо да кажам , го пробав и толку ,откако заглавив со модуларните софтвер ногу не ме интересира ,еве до кај стасав со мојот сајзер ,празната кутија е за 2021 нешто да се надополни ,ако не се изјалови работа планирам фреквенц шифтер ,арп фејзер ,хипстер хаос генератор ...ќе видеме ,се извинувам ако нешто не сум ја постирал сликата како треба форумов има многу правила а јас редко објавувам тука ,слободно да ме поправете ,убави празници и поубава нова година :)
(https://1.bp.blogspot.com/-MeMi5Cr6YOs/X-Sja-DIgpI/AAAAAAAAHyQ/FyeVjkmBWdYYkNEsd8AB2JVQkgE9rUGYQCLcBGAsYHQ/s2048/DSC_0285.JPG)