Останато > Електронски компоненти

Критики за продавниците за електронски материјали

<< < (2/15) > >>

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 10.08.2018, Friday, 19:54:25 ---Со логин генерално сум имал добро искуство, освен што некако поединци ми се некако изметкани па ги грешаваат деловите. Значи проверка обавезно на лице сместо.
--- End quote ---

Да, и мене еднаш ми се случи погрешен дел да ми дадат, дури дома забележав, откако го залемив, ама немаше проблем, се вратив и културно замолив, им реков дека не видов кога го купив дека не е тоа делот што ми треба. Ми рекоа нема проблем, ми го дадоа она што ми треба, мислам дека доплатив уште нешто, не знам колку, и толку беше.

И од тогаш имам навика се да проверувам пред да го купам ;).


--- Quote from: bicikle on 10.08.2018, Friday, 19:54:25 ---Сега гледам шиткаат и градежен алат, механичарски алат, мешалки за малтер, скали, скелиња разбијачи на бетон, али секторот за елетроника си е сеуште во ф-ја.
--- End quote ---

Како што пишав и во другата тема, сите се снајдоа на некој начин, едни на еден, други на друг, за да опстанат. Од кондензаторчиња, отпорничиња и каскади не се живее во денешно време... барем не кај нас. Не знам како стојат работите во странство.


--- Quote from: bicikle on 10.08.2018, Friday, 19:54:25 ---На солунска 75 (улица е во Битола) исто има продавница,  праќаа на времето по бус, сега може и по карго, исто така солиден квалитет. Цените им се горе-долу слични.
--- End quote ---

Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).

DX-er:
Од човек кој има работено во Логинг имам слушнато дека деловите им се набавени од солидни европски фирми а не од Кина, Турција и сл. и се се оригинални и за тоа се скапи.

Од еден од продавачите во БТ слушнав дека конкретно транзисторите им се набавени од Турција, можно е па турците да набавуваат од оригиналниот производител. Цените им се пониски од оние на Логинг. Генерално сум задоволен од БТ.

Задоволен сум од Алфа електроник но не знам од каде ги набавуваат деловите и дали се оригинал.

Ако некој знае нека пише :)

Gone:
Јас сум нов на форумов и непријатно се изненадив од вакви тендециозни пишувања.Работам 25 гоини како сервисер и искрено ке кажам дека Гац Електроник  е најснабдена продавница во Македонија, располагаат со над 25 000 компоненти.И не се сложувам дека не се услужливи. Ако некој и мене во сервисот ми дојде  кој претходно се карал со сопругата и е надмен, арогантен и не знае што сака,  јас сакал-неќел се однесувам како него.Околу набавката на деловите нека не ве лажат глобално сите делови се од еден центар.Точно  е дека има и неквалитетни делови но тоа е кај сите продавници без исклучок.
Има една српска поговорка :Два лоша убише Милоша".
Поздрав

batka:
Човек од ГАЦ или на ГАЦ?? Може би самиот ГАЦ?? Не е важно, да чуеме повеќе мислења, да не го тепаме човекот предвреме!

bicikle:

--- Quote ---Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).
--- End quote ---
и јас така е знам, може и фирма да немаат :) нека сњ јави некој битолчанец :)
Инаку деловите од логинг се за нијанса поскапи од алфа, но и на око се полични, така да не е чуден муабетот за квалитет.


На работа треба да се понашаш професионално, а не да решаваш лични проблеми или да се понашаш као да ние зависиме од него.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version