Author Topic: Батерија за рачен циркулар  (Read 7878 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Батерија за рачен циркулар
« Opened on 23.11.2023, Thursday, 14:50:25 »
Здраво,
Да прашам, имав келии од лаптоп батерии.. ги одбрав исправните, најдов добра bms, и направив еден склоп од 18в батерија(или реални 19.4/5в)
Е сега, проблемот е што келиите неможат да го стартуваат моторот (со четкици е)
Некој да даде солуција, за некоја исправка или слично, да може да го стартува моторот(бидејќи на стартот веројатно влече повеќе).

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Батерија за рачен циркулар
« Reply #1 on 23.11.2023, Thursday, 14:58:22 »
Мислам дека во алати ставаат ппосебни батерии што може да дадат многу поголема почетна струја него ли обичните 18650, јас пробав да преправам батериска бормашина со батерии од лаптоп и не ми успеа, исто не стартуваше.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Батерија за рачен циркулар
« Reply #2 on 23.11.2023, Thursday, 15:24:12 »
Да, отворив од една бормашина батерија, има други поинакви келии..
Ама некако гледам по Јутјуб, има многу видеа каде што прават батерија за бормашина со такви келии од лаптопи...
Незнам дали да пробам со некој кондензатор.. или некој склоп/засилувач веројатно треба само за почетниот вртежен момент

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Никој нема искуство околу тоа?!

Offline ace1903

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
За да понудиме помош секогаш ни требаат прецизни информации во вид на бројки.
Има ли циркуларот некаква информација за моќност или за струја?

Од 18650 келии од лаптоп без проблем можеш да извадиш и до 5А струја или од 5 келии негде 100вати моментална моќност.
Дали циркуларот со 100вати ќе може да исече  нешто е дискутабилно.
Обично рачни циркулари користат многу повеќе келии за да добијат 48В или 60Волти.

Претпоставувавм дека BMS плочката има многу низок струен лимит. 
Втора работа, циркуларите обично за да бидат употребливи треба да имаат висок број вртежи што пак се коси со употребата на мотор со четкички.
Претпоставувам дека се работи за кинеска играчка наречена циркулар.

Можеби и келиите што мислиш дека се исправни и не се така исправни. Дали измери колкав напон даваат под некој пристоен товар?

Затоа стави тука слики и информации за циркуларот и BMS плочката па ќе видиме дали може да се прилагодат за да добиеш пристојна алатка за работа. 

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
На колку волти работи моторчето можеби 18/19в не му се доволни, дали е исправно моторчето?
Дали се исправни батериите, дали можат да го дадат тоа што го пишува на нив или не, ако се стари користени батерии највероватно не.
Кои се карактеристиките на BMS дали е соодветна за тие келии.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
За да понудиме помош секогаш ни требаат прецизни информации во вид на бројки.
Има ли циркуларот некаква информација за моќност или за струја?

Од 18650 келии од лаптоп без проблем можеш да извадиш и до 5А струја или од 5 келии негде 100вати моментална моќност.
Дали циркуларот со 100вати ќе може да исече  нешто е дискутабилно.
Обично рачни циркулари користат многу повеќе келии за да добијат 48В или 60Волти.

Претпоставувавм дека BMS плочката има многу низок струен лимит. 
Втора работа, циркуларите обично за да бидат употребливи треба да имаат висок број вртежи што пак се коси со употребата на мотор со четкички.
Претпоставувам дека се работи за кинеска играчка наречена циркулар.

Можеби и келиите што мислиш дека се исправни и не се така исправни. Дали измери колкав напон даваат под некој пристоен товар?

Затоа стави тука слики и информации за циркуларот и BMS плочката па ќе видиме дали може да се прилагодат за да добиеш пристојна алатка за работа. 
Парксајд е циркуларот. (Работи добро со 18в 1.7а nicad батерија, ама пошо е стара и ослабена, многу брзо,,паѓа" батеријата.
Ке сликнам денес или утре.. инаку ги проверив келиите добри се, бмс плочката е од АлиШит, пишуваше 18в(21в) /15а.. што мислам дека е во ред.
Незнам колку е добро и сигурно да пробам со извод дирек од +/- на склопот келии, а бмс да користи само за полнење..

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Имам и јас Парксајд циркулар на 18в, сега ја отворив батеријата. Внатре има стандардни 18650 - Li-ion 3.7в 1500ма келии.
Можно е BMS кај тебе да прави проблеми, да ја ограничува струјата која  келиите може да ја испорачаат наеднаш.
Можеш да пробаш на кратко без BMS дали ќе проработи циркуларот.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Ке пробам директно, да го пуштам да работи..ако работи така, тогаш бмс ке користи самостојно за полнењето..а искористувањето на батеријата да оди директно без користење на бмс.. е сега незнам дали ке функционира, да направам некој мал склоп доколку дојде до прегревање на батеријата да ја исклучи..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Прво, БМС не користи за полнење, јер ќе се полнат на 15А што е премногу. Второ, на ин и аут од бмс клај некој кондензатор 4700-1000 микро да го апсорбира шокот( но не е гаранција дека ќе работи), и ако имаш мек старт пробај полека стартувај ја пилата, јер ако не е во движење моторот имаш само термоген отпор што е само 2-3 оми,а ако не е и по мал.
А инаку баш овие типови на мотор( со четкици) имаат 20-30.000 рпм, не знам зошто не би одговарал. Инаку батерискиот алат е послаб него тој 220в што е. Врусалка на батерии на пример не се ни слуша дека работи во споредба со брусалка на 220в. со пила не сум работел, ама предпостаувам дека е така.
А, да, не знам кој кажал дека секој кондензатор треба да си има и калем во напојуањето, па земи од атџ тој калемот од 12в( не торусот) клај го некаде измеѓу батеријата и моторот, но стај и диода на бмс на излез измеѓу + и -, треба да со висока моментал струја, а номиналната е сосем не битна, букванло може и 0,001а да биде. Ќе се терети само на старт.

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 158
Јас би ти предложил да си купиш готова батерија нова литиумска 20V 4Ah+ и да си направиш адаптер за нејзе.
Code: [Select]
https://elektronika.mk/index.php?topic=15046.msg134607#msg134607Разлистај тука како имам направено јас на мојата штрафилица,

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Батерија за рачен циркулар
« Reply #11 on 28.12.2023, Thursday, 10:26:33 »
Well done.
Него која електроника искористи за батериите? за полнење гледам истата електроника е. Не прајт проблем? другите пино за сто му се?