Значи бубава е мој дизајн и работи проверено. Интересно е тоа што користи најобични BC549 транзистори. Секако вие можете да ставите BF199, кај осцилаторот и излезот ама ова нема драстично да го подобри дометот (проверено).
Пожелно е C7 и C9 да бидат тримери, (на мојата буба намотките можат да се штелуваат, а кондензаторите се фиксни), ама ако немате тримери или променливи намотки можете да ја направите по шемата, само што ќе треба да ги растегнувате намотките на L1 за да ја наместите бубата на саканата фреквенција.
Бубата инаку е многу стабилна, и ова е пред се резултат од малиот напон на напојување кој не се менува многу додека батериите се трошат.
Мојата буба е изработена со техника на градба “од точка до точка“ при што се елементите се така распоредени за водовите да бидат што пократки.
Повеќе за оваа техника на:
http://www.sm0vpo.com/blocks/deadbug_0.htm
Ако сакате секако можете да изработите плочка, изгледот на плочката го немам оти никогаш не сум ја изработил оваа буба со плочка
Дометот е до 100 метра со пречки, и до 200 на отворен простор.
Еве ја шемата:
Еве некој слики од мојата буба, (сликани се со веб камера оти дигиталниот ми е во дефект и е на поправка)
Од администрација: Шемата и сликите се прикачени во attachment-от.