Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Z31GH on 31.08.2014, Sunday, 18:58:05
-
Денес радиоаматерите од Прилеп наместија репетитор R0, и имав чест да го направам првиот радиоконтакт од Битола со нив. Репетиторот го отвара насекаде од Битола и околината и имав со нив одлични резултати. Дури и кај најзатворените места поминував одлично. Врските ги тестиравме со рачна радиостаница Motorola GP300, која има моќност од 5 вати. Честито колеги од Прилеп, направивте голем чекор напред како за Прилеп така и за радиоаматерството во Македонија.
-
Што репетитор е ? Модел, снага, фрекфенција ?
Поздрав
-
Z31AL сеуште не знам многу, денес го поставуваа и тестираа врски. Јас добив телефонски повик од претседателот на РСМ да видам како поминуваат врските во Битола и околината. Не знам сеуште каде се наоѓа, на која висина е, кој модел е, и колкава е моќноста. Да знаев ќе напишев. Можно е да ги посетам Прилепчани во вторник, итака одам за Велес. Доколку се видам со колегите од Прилеп тие информации што ги бараш ќе ги дознаам и ќе ги постирам тука, или вечер ќе се слушнам со нив по радиостаница и ќе ги прашам.
73
-
Фала лепо :-)
Многу ме израдува веста, како ѝ да е
73!
-
Патем да, во право си, заборавив да ја наведам фреквенцијата....
Секој R0 има TX 145.600 a RX 145.000 Било каде, во било која земја, барем во Европа
-
Уште едно известување околу R0 Прилеп.
Репетиторот се наоѓа на 1000 метри надморска височина. Вчера ги тестирав врските низ цела Битола како што веќе напишав. Денес на пат кон Велес го правев истото. Од Битоа до Прилеп, одлично, од Прилеп кон Плетвар, одлично, цел Плетвар, одлично, навистина се чудев како поминува добро врската со колегите од Прилеп преку цел Плетвар. Одлична комуникација со колегите од Прилеп имав до Бензиската станица Црна Река. Тука беше и последниот радио контакт со нив. Кога се уклучив на автопатот према Велес веќе не можев да ги добијам.
Овој репетитор со овие резултати според мене се истакна како најдобар репетитор што го имаме во државата. R7 низ Плетвар никогаш не поминувал. Овој репетитор најдобро го покрива Прилеп со околината и Битола со околината, плус национален парк Пелистер
-
Колку вати е да не знаеш?
-
мислам 8 вати ако добро разбрав
-
Која му е пристапна фрекфенција ? Претпоставувам е без PL тон
-
Нема PL-ton. И не би требало воопшто да има. Според мене PL-ton е дискриминирачка работа која не му овозможува пристап на радиоаматер кој поседува станица која ја нема таа опција. Постарите станици немаат опција за отклучување на репетитор кој се отклучува со PL-ton. Тоа беше случај со R6 кој се отклучуваше со PL-ton од 123 kHz и јас требаше да го барам по телефон човекот што го заклучил репетиторот за да ми каже кој е тонот.
Како и да е, секој радиоаматер има право да комуницира преку репетитор. Замислете некој странски радиоаматер да заглави на Плетвар, му пукнала гума на автомобилот или недај бог некоја незгода. Со постар модел на станица не би имал можност да побара помош, не само за него, туку и за други ако им притреба помош. Замислете некој радиоаматер да се загуби на некоја планина, да не знае како да се врати, а паднала ноќта и диви животни излегуваат. Не познава никој, мобилните телефони немаат мрежа таму, а заклучен репетиторот преку кој би можел да побара помош. И што може да се случи?? Да го пронајдат растргнат на некоја карпа, нешто го изело. Е тоа би бил дупашлок невиден, жеден преку вода пренесен. ;D Зборувам за сите репетитори, не само за нулите, општо за сите, без разлика која бројка ја имаат и без разлика на локацијата.
Затоа на нулите најчесто не се става PL-ton. Таква работа може да имаат приватните репетитори. R0- Прилеп нема PL-ton и не верувам дека воопшто ќе има. Колегите од Прилеп се супер луѓе и имаат желба репетиторот да работи за сите и да се остваруваат многу врски преку него.
-
А фрекфенцијата е.... ? :)
-
Секој R0 има TX 145.600 a RX 145.000, Било каде, во било која земја, барем во Европа
-
Задоволство ми е да ве известам дека во Македонија, за краток период од само 7 дена,во употреба се пуштени два нови репетитори.
Прв беше поставен R6 на локација во централниот дел од Македонија, западно од градот Велес на планината Голешница.
R-6 Бреза (Z35VBR)
фрекфенции TX/RX : 145.750/145.150
output : 10W
опрема: - Repeater Yaesu VXR5000
- antenna Diamond F23 6db Gain
QTH locator : KN01TS
Само седум дена подоцна на локација на Осоговските Планини во источна Македонија е поставен вториот репетитор R3
R-3 Пониква (Z35VPO)
фрекфенции TX/RX : 145.675/145.075
output : 10W
опрема: -Repeater Yaesu VXR5000
-Diamond F23 antenna 6db Gain
QTH locator : KN12EA
За работа на овие два репетитори се обезбедени потребните дозволи од АЕК.
-
Добро е да се спомне тоа дека се поставени и тие репетитори. Полека во Македонија работите тргнаа на арно на радиоаматерскиот план. R3 е поставен пред околу две недели. Јас кога бев во Велес за питијадата ги одработив двата. Можно е јас да го направив првиот радиоконтакт преку тој репетитор со екипата што го поставе R3 бидејќи бев известен дека на тој ден ќе се намести и оспособи. Тој ден бев нестрплив и нон стоп проверував дали е пуштен во функција.
-
Браво, супер :)
-
За време на изминатиов викенд на Водно беше поставен нов репетитор R5 UHF.
RU-5 Водно
фрекфенции TX/RX : 434.725/433.125
output : 10W
опрема: -Моторола
-antenna 5db Gain
QTH locator : KN01QX
Првичните тестови покажаа повеќе од задоволителни резултати и беа остварени врски помеѓу радиоаматери од Скопје, а беа користени рачни примо-предавателни станици со многу ниска моќност од само 50mW. Исто така беше направена и радио врска и со радиоаматер од Куманово, кој исто така користеше рачна примо-предавателна станица овој пат со 4W. Ова се одлични резултати доколку се земе во предвид дека е работено со мали снаги и rubber duck (пендрек) антени, во UHF браново подрачје.
-
Честито нека е! Ова е за пофалба! Браво и нека се множат репетиторите низ државава!
-
Го поздравувам поставувањето на UHF репетиторот. Искрено досега не ми беше интересно ова подрачје бидејќи само мал број радиоаматери го работат ова подрачје, а и од Битола до Скопје на симплекс....тешко. Тука спаѓа и фактот дека на 432 Mhz на FM без репетитор практично беше невозможно од Битола да се направи врска со Скопје, Куманово, Тетово итн. (Тоа е според мене, доколку грешам поправете ме) Меѓутоа во последно време почнав теоретски да го проучувам ова подрачје и верувам дека во иднина ќе треба малку повеќе да поработам и да набавам опрема за UHF. 432 Mhz е интересно подрачје и поставувањето на овој репетитор на секој радиоаматер треба да му даде инспирација да работи и на таа фреквенција. Во секој случај одлична работа, и се надевам дека во иднина ќе има и повеќе вакви репетитори.
-
Така е UHF не може никогаш да поминува како VHF.VHF има поголем домет но и UHF за во рурална средина поминува добро а VHF бранот поминува поубаво на отворено за разлика од градска средина.Секоја чест и браво што и во Македонија се постави UHF интересно подрачје за работа си има и тоа свои предности помали антени.Секоја чест за поставувањето сега и Македонија има UHF репетитор. :D :D :)
-
Да, дефинитивно на понискит фрекфенции има поголем домет во рурални подрачја. Не за џабе мобилните оператори поставуваат базни стници на 800 MHz за LTE и 900 MHz за UMTS во рурални подрачја и 1800 MHz за LTE и 2100 MHz за UMTS во урбани подрачја.
Иначе има и LTE на 2600 MHz ама тоа е изгледа за ептен густо населени подрачја какви што немаме видено :)
-
Така е затоа и го кажав тоа драго ми е што DX-er се сложи.Затоа и таксистите кој се локални низ градот работат во UHF подрачјето само.И некои други служби си работат во UHF подрачјето.Но тука е и PMR и LPD кој исто работат во UHF за кратки цели мислам некој службени муабети меѓу работницине во зградине на пример.А затоа пак АЕК за работата на некои служби одредила VHF како шумската полиција на пример и ред други служби.Секако радиаматерите како најзаслужни си имаат секаде фреквенции за работа. ;D ;D :)
-
Убаво е што се поставуваав нови репетитори, но проблемот е што во оваа држава единствена во свет каде не може да се купи радио станица. Нема од каде, никој не увозува...... едно време во една фирмичка имаше само еден модел на рачна станица која поддржуваше работа на 144МХз и беше изгор скапа, мислиш дупло поскапа, тоа ти е исто и како да ја нема во продажба. Сега ке мора специјално да идам во Солун по радио станица. Да ама сам? Па како кога ке излезам од продавница ке ја пробам дали е во ред? Нели сепак друга држава е тоа, треба да се провери на време а не кога ке се стигне дома. Значи треба да идам со некој радиоаматер. После радиоаматеризмот умирал, епа како кога нема од кај да се купат станици??? Често ке ми речат, има на оглас... побарај. Само ФАЛА може да им речам на советот, стара станица НЕ КУПУВАМ со дотраена батерија и дотраен излезен степен, може е користена при висок SWR. Башка што нашиве луѓе често пати се нелуѓе, бидејки продаваат нешто само ако е со некоја маана (особено скриена ако е) или ако е стар модел или ако не им се допаѓа, и тоа по цена онаква каква што ја купиле во продавница.
-
@DX-er
Може да се купи радиостаница од Македонија. Во Битола има некој локален претставник за моторола, имаат и сервис, а може да се нарача и од кај нив. Ако тоа го има во Битола, во Скопје мора да има. Мислам дека генерални претставници за Моторола се „Гиза„, имаат и веб страна. Секако тие се нови станици, но се изгор скапи. Моторола не се радиоаматерски станици иако ги имаат радиоаматерските бандови, ние таквите станици ги нарекуваме „Комерцијани„ но ок се и немаат мана.
Што се однесува до половните рачни радиостаници, според мене и тие во најголем дел се во ред. Јас купив две половни Мотоорола GP300 од еден радиоаматер од Скопје, изгледаа како нови, сепак дотраени батерии и купив нови. Јас во секој случај ако купувам половна радиостаница, купувам само од радиоаматер, а не од таксист. Радиоаматерот според ХАМ СПИРИТ не смее да те измами и да ти продаде нешто што не чини. Јас од тие две радиостаници сум презадоволен.
еве ти од гиза страна, ново ама скапо, сепак вреди.
http://www.giza.com.mk/
-
Епа за таа фирма се однесуваше тоа што го пишав, башка немаат радиоаматерски станици, не сакам моторола, сакам Yaesu, I-com или Kenwood.
Чим може во грција да се најде dual band станица од некој од овие производители за 100-150 евра, тогаш нереално е кај нас истата да се наплаќа дупло повеќе.
-
Пред некој ден дојдов до инфо дека во Македонија има околу 400 издадени валидни радиоаматерски дозволи. Инфото е од податоци ажурирани во последниве 6 месеци.Така да радиоаматеризмот и не е дека баш изумира. Незначи тоа што нема многу радиоаматери на репетиторската мрежа, дека радиоаматеризмот изумира. Радиоаматерите не се само на UHF и VHF или баш само на репетитори. Има и такви кои сакаат КТ, па конструкторсво ... Ова хоби има многу дисциплини. Земете го пример Z31GH. Го има во многу области, што репетитори, што натпреаври во КТ, АРГ, па антени прави, дури и приемник си направи за арг ...
Факт е дека моменталната состојба на активни радиоаматери на репетиторите е негде 20-30. Сите тие имаат вакви или онакви радиостаници. Значи побарувачката е исклучително слаба и нормално на тоа и понудата е таква. Е сеа со оглед на тоа дека било кој/која фирма да нарачува станица, дали Кенвуд или Језу, ќе треба да носи само една (ако донесе две втората ќе им остане) и нормално ќе чини повеќе. Си има давачки царини, чуда... Не е ова ЛЕД тв па ќе донесат еден шлепер што го купиле за пониска цена на големо и ќе го продадат на брзина. Немој да се чудите ако ви побараат и капар или да ја платите пред време, па дури после да ви ја нарачаат. Во Сектрон например го имаше истиот моделот Кенвуд кој јас го имам и цената му беше за една третина и кусур повисока од тој во Солун.
Чисто за инфо и продавницата во Солун не е она што беше порано. Мислам на Меимарис. Ај најдете една рачна станица Језу. Ја не видов ниту една. А порано имаше повеќе модели. Сега има некој Алинко, Кенвуд "постар" модел што не мрднал со цената од пред 5-6 години (кој гарантира дека не е од пред 5-6години донесен во дуќанот и батеријата дека не му е оштетена од стоење?) Има и од поновите Кенвуди со ГПС ама цената им е машалааа... А инаку се останато е Кина. Исто така, за инфо, доста од радиоаматерите почнаа да ги купуваат кинескиве станички и во оптег (на репетитор) моментално има некои 5-6 што Баофенг што Воксун што Тит. Дури има и такви што имаат и гпс па дури и диги мод (ДМР, ФДМА).
Се на се луѓето за своите потреби се снаоѓаат кој како може. Еве и јас предходно веќе имам пишано дека имам набавено една кинеска рачна станичка монобандер која ја користам на RU-5/Водно и никој не ми се пожалил дека лошо поминувам. Немојте да ме разберете погрешно, не ги преферирам кинеските радио станици и во нормални услови користам Кенвуд, ама да се разбереме кинеска евтина стока станува се поголема реалност. Намерно ја спомнав Меимарис како репер бидејќи јас кога го купив Кенвудот, имаше вистински избор и ми требаше време да решам која ќе ја земам. Сега? Па и нема некој ептен посебен избор на квалитетна роба, нели ?! Мојата претпоставка е дека тоа се должи на тоа дека радиоаматерите не се некои големи потрошувачи како широките народни маси, а трговијата ја прави побарувачката.
Дали јас би купил станица на старо? Да. Во план ми е првиот уред за КТ да го земам половен. Освен ако во меѓувреме не најдам некој попритстапен кит за СДР примо-предавател.
И со оглед на тоа дека темава малку отиде офф, би ја вратил со ново инфо за RU-5/Водно.
Во моментов, RU-5/Водно е поврзан на Echolink.
-
@xandox
Во право си за ова што го напиша, што се однесува за продавници за радиоаматерска опрема. Единствено нешто што треба да те исптавам е дека фактот 400 радиоаматери им во Македонија. De Jure ima 438 регистрирани радиоаматери со важечки знаци и лиценци, од кој околу 250 радиоаматери се De Facto радиоаматери и на некој начин незаконски стекнале дозвола. 250 кандидати во само еден ден положиле за радиоаматери. Тоа се параглајдеристи, ловци, моторџии и така натаму, кој ги злоупотребуваат репетитирите за нивните намени. Забрането е репетитор да се користи за лов, или за параглајдеризам, за тоа си имаат посеби фреквенции. Се разгледува можност да се укинат тие знаци на таквите де факто радиоаматери
-
Вчера ми се јаве Тодор Z31RM и ми рече дека од центарот за справување со кризи ќе биде донирана опрема за радиоклубовите. Бевме поканети да одиме со нив на нивниот веќе напуштен пункт на Галичица. Колегите од центарот за справување со кризи дојдоа од Скопје по нас и заедно отидовме до нивниот пункт. Кога веќе и џипот не одеше повеќе нагоре, имавме околу час и половина пешачење. Планината е доста сурова, природата е најголемата сила која и со неа не може никој да се спротистави. Прв впечаток е тоа што ни теренско возило не може да се искачи. Но не е тоа се.
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1193_zpsdvn9lzwf.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1193_zpsdvn9lzwf.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1226_zps2zolp0mx.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1226_zps2zolp0mx.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1227_zpsjtpm5sd1.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1227_zpsjtpm5sd1.jpg.html)
Вакво нешто немам видено, далноводот е усукан па свиткан.
По час и половина пешачење стигнавме.
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1199_zpsdyxegolv.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1199_zpsdyxegolv.jpg.html)
Еден колега стигна пред нас 10 минути и ни кажа дека се е обиено. Сликата што ја видовме беше грозна.
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1209_zpsmjype1sa.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1209_zpsmjype1sa.jpg.html)
Електрониката за соларните панели (тоа што остана од неа) Панелите ги нема
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1210_zps9gxru5rn.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1210_zps9gxru5rn.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1211_zpsx95ovbiu.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1211_zpsx95ovbiu.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1212_zpsg24c8kbq.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1212_zpsg24c8kbq.jpg.html)
Репетиторите што требаше да бидат донирани за клубовите, некој ги трескал од земја, онака како за забава....срамота
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1218_zps5zz0jznr.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1218_zps5zz0jznr.jpg.html)
И другите објекти не беа поштедени
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1217_zpspz3loyxa.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1217_zpspz3loyxa.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1219_zpscvrldgbr.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1219_zpscvrldgbr.jpg.html)
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1220_zps4sk8il1y.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1220_zps4sk8il1y.jpg.html)
Го оставиле и нивниот знак
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1222_zps7wimr0dl.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1222_zps7wimr0dl.jpg.html)
Што им сметала оваа антена?
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1215_zpsgztwhttn.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1215_zpsgztwhttn.jpg.html)
Уништени и столбовите
(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/IMG_1207_zpsh1dxgbnl.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/IMG_1207_zpsh1dxgbnl.jpg.html)
Крадци украле се што може да се понесе, а она што не можело да се понесе го искршија. Ова е слика на тоа што остана таму.
Радиоаматерскиот сојуз во соработка со центарот за справување со кризи имаше во план да создаде мрежа за кризни ситуации. Вишокот опрема, центарот за справување со кризи имаше во план од овој пункт да ја донира опремата на радиоклубовите низ државата, со цел како што кажав да се воспостави мрежа за кризни ситуации каде овие репетитори би биле идеални за таа намена.
Кој и да бил ова, тој некој му нанесе штета на државата. Тој некој не е свесен дека со оваа опрема се спасуваат животи.
Во пунктот до пред неколку недели се беше во ред, се чекаше да заврши процедурата за примопредавање. Искршените репетитори ги слеговме до возилата и истите беа однесени во центарот за справување со кризи во Скопје, за да не ги снема и нив. Репетиторите не може повеќе да се поправат.
-
Да сум власт и да сум ги фател на дело тие хулигански копилиња има да ги тепам и газам додека не се преморам од тепање. Потоа има да земат кредити од банка и се да вратат како што било!
Друг пропуст наоѓам кај луѓето што го оставиле така објектот, знам дека секаде има шанса да обијат, поготово на ваква пустелија како што е тој реон на Галичица. Требало да се постави аларм кој ке прати сигнал преку GSM/GPRS мрежата доколку некој влезе неовластено преку оградата.
Ова е загуба за сите радиоаматери и општо за државава.
-
Причините ни јас не ги знам зошто се затворил пунктот, но колку што дознав дебели катанци биле поставени на вратите, некои дури беа и заварени. Но ете тој што се решил најде начин да влезе.
-
Немилата случка ме потцети на една иста таква случка. На планината Скопска Црна Гора во близина на местото Калеш Мара, на еден рид имаше поставено контејнер, првиот пат кога бев (2007ма) на местото Калеш Мара баш со видео камера со голем зум го снимав контејнерот и на него се гледаше сончеви панели, сателитска антена кој претпоставувам беше и за емитување кон сателит, имаше една антена прачка нагоре и три прачки надоле, и уште 3 стап антени кои беа доста високи, може 4 метри. Друштвото не сакаше да се качиме на ридот за да го видам објектот од блиску. При второто доаѓање во 2011та на истата планина, специјално се искачив до врвот и кога што да видам, за жал некои хулигани, кратци, со апарат за швајцување направиле отвор во контејнерот и буквално се извадиле. Да не заборавам имаше и клима уред, но и тој го дигнале со се другото. Така да тој ден многу се разочарав. На самиот контејнер пишуваше ОБСЕ и 2003 година.
Од друштвото планинари дознав дека и на други планини биле поставувани такви контејнери од американската армија, но никојаш не дознав за што им служеле истите и зошто се тие огромни стап антени по неколку метри? Две такви стап антени има на врвот на водно.
П.С. На фотките од галичица на едниот столб гледам нешто налик на дипол антени, дали тие се за некои ФМ радиа ?
-
Тие дипол антени се на црвен крст, имаа и тие репетитор таму, доколку мислиш на високиот столб со црвено-бела боја
-
Ете конечно, моментот кој повеќето радиоаматери го чекавме. Мислам дека Dx-er најповеќе ќе се израдува на ова. Пуштен е повторно во употреба репетиторот R7 на солунска глава. Репетиторот пред повеќе од година дена беше оштетен од гром, истиот е сервисиран од еден радиоаматер, мислам Боби дека се вика. Долгото чекање се должеше на тоа што репетиторот имал проблеми со селективноста. Овој репетитор е многу важен бидејќи е централен репетитор со најголема покриеност во државата.
-
За сега е супер. Од Козле со 5W и мобилна антена поминувам без проблем. Чекам Z35BE или Z34BA од Берово да се обидат да го отворат
Споено мислење: 03.09.2015, Thursday, 21:00:44
Берово во моментов не е во можност да помине меѓутоа и антената (9 ел. Јаги) се наоѓа под ќерамиди. Инаку како што спомна Z31GH сервисот е направен од Боби Z31B
-
А порано можеше ли да се отвори R7 од Берово?
-
Да. Со 10W без проблем
-
Антената сака висина и да е на отворено, со 9 елементи јаги мора да го отвори. Моментално не сум во државата. Се обидов од Халкидики да го отворам но не оди, не ни очекував, но за проба пари не земаат, нели? Од Солун знам дека може. Инаку R7 како централен репетитор одлично функционираа врските Битола, Демир Хисар, Могила, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Тетово.
Од Битола преку R7 со рачна радиостаница имав контакт со радиоаматер од Косово. Мислам дека ако антената е на отворено и има добра висина, од Берово нема да има проблем
-
Многу ме изненади и ме израдува веста дека Р7 на Солунска глава е повторно пуштен.
Од центарот на Скопје го отворив со 5W но никој не се јавува за да ми каже како се слуша сигналот од кај мене. Иначе со 2W не можам да го отворам.
Се надевам дека и Р2 и Р3 ке проработат во скоро време а со тоа сите репетитори во државава ке бидат активни.
-
Вчера биле најавени повеќе радиоаматери на R7. Можеби се рабори на подобрувања, но важно е дека се отвара. DX-er, од понеделник се слушаме преку R7 :)
-
Овој репетитор е баш како заборавен и никој немам слушнато на него
-
R7 не е активен :(
-
Да, нешто се случе со тој репетитор, најверојатно дефект поради лошото време. Не знам како е заштитен од атмосферски, односно надворешни влијанија. Екипа ќе оди до местото и наскоро ќе бидеме информирани.
-
И дефинитивно R0 Прилеп ке се преименува во R1.
-
Од денес имаме R1, тоа е поранешниот R0 Прилеп.
-
Не е истит репетитор. Тоа е нов репетитор на локацијата на R0, додека R0 се сели во градот. Новиот R1 поминува јасно и гласно во Битола, но како што дознав од екипата од Прилеп наскоро и нова антена ќе се намести на новиот R1 така да и од некои делови на Скопје би можел да се отвори.
-
аааааа нов значи, епа океј тогаш. Пробав од кај мене од Скопје ама не го отвара.
Со колку W емитува ?
-
R7 поново пуштен но се слуша далеку по слабо а никако не можам да го отворам. Порано го отварав без проблем.
-
Некни проверував и јас, се отварасе некоја седумка но ептен салбо, не сум ни сигурен дали е нашата седумка
-
Се со цел запознавање, дружење, разменување искуства на радиоаматерите од Македонија, беше направен радиоаматерски канал кој претставува виртуелна радио станица.
Најубаво е кога разговараме преку радио станица но ете реално не е можно сите радиоаматери од Македонија да се уклучиме на еден исти репетитор и да имаме скед. Но сепак како алтернатива можеме да го користиме овој начин:
Вашиот смартфон со андроид оперативен систем и инсталирана соодветна апликација, поврзан на интернет преку WiFi или 3G/4G мрежа претставува виртуелна радио станица или дигитална радиостаница (токи воки)
Самата апликација има можност да разговарате со еден човек или пак да зборувате на една цела група.
Што треба да направите:
- Во Google Play Store најдете ја апликацијата со име Zello и инсталирајте ја.
- Регистрирајте си свој акаунт (корисничко име) во кое треба да се содржи повикувачкиот знак за да бидете препознатливи меѓу другите радиоаматери.
- Побарајте го каналот Z3 Team
Останува да се дружиме, договараме радио врски...
-
Скопскиот радио аматерски репетитор R0 е приклучен на Ехо линк.
Во саботата вечерта за Св. Никола го пуштија пробно но функционираше ехолинкот само за прием, во недела проработе во двете насоки и сега си функционира.
Следуваат уште изненадувања во текот на утрешниот и задутрешниот ден, ама ајде да не зборам предвреме оти на нероден петко капа не му се крои :)
-
Еден совет за оние што го користат Ехо линкот од мобилни уреди.
Отидете во Settings и во Network Connection изберете Direct. Во спротивно нема да ве најавува со вашиот знак туку со некој друг
-
R0 Скопје, моментално не е на ехолинк, се надевам дека набрзо ке се врати.
-
Дали некој знае што се случува со Прилепскиот Р1 ?........веќе скоро месец дена како не работи,слушнав дека имало некои иницијативи да се оди горе на локација?!?!
Добро би било бар да се види во што е проблемот........па после да се решава.
A гледам и р7 нешто "кашла"........на моменти воскреснува и пак го нема.
-
За тие што не знаат има нов репетитор R0 во Прилеп.
Сега за сега прилепчани се најголеми ентузијасти и се нај вредни, бидејки во нивни реон има 3 репетитори, RU0; R0 и R1.
-
Пуштен е нов репетитор R5 на Попова Шапка, кој одлично работи и со оглед на локацијата треба да има одлично покривање!
-
Аирлија нека е :) :D :). Кажи ми Dx-er ме интересира браво каква е моменталната ситуација со репетиториве кој работи кои не знам дека Р6 бреза работи супер еве сега Р5 имате Р4 слушнав дека не е во функција а Р2 имаше проблем со напојувањето Прилепскиот Р1 работи нели а на Пониква Р3 во функција ли е или уште не е и секако ме интересира вака информативно главниот Р7 се направи ли. Ме интересира гледам идат убави времиња во радиоаматерството пред некое време имаше и полагање една претходна среда не отидов а имавте ли во Катланово натпревар се одржа ли популарниот лов на лисици 3.5МHZ годинава не видов да се пофалите баш ме интересира пошто немам време а не отидов ни на некој од собирите на радиоаматерите каква е ситуацијата со репетиториве сега вака најново браво инаку и само напред
-
nsu
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13471.msg118676#msg118676 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13471.msg118676#msg118676)
-
Денес 16.10.2016 Недела е пуштен R3 Пониква со PL тон 123.
-
Овие денови беа пуштени 2 репетитори и тоа:
RU4 врв на Водно
RU5 Попова Шапка
Двата се со PL 123Hz
П.С. Се надевам дека ова не го пишувам сам за себе, ке се реактивираат радиоаматерите членови на овој форум.
-
Ајде аирлија нека е како што рековме DX-er се оди на убаво речено сторено браво. Ќути си прави си работи си DX-er ќе имаш нов колега наскоро ќе се активираат им спискав на едни постари радиоаматери пријатели овде сакаа да се активираат не бе дерман да се немало не ме слушаат се како да забораваат еми што да се прави јас те пратам брат дискусиите твои ми се на место и денес оваа што ја отвори за аналогно дигитално сакав да ти пишам ај викендов нешто ќе пишам и мои мислења тука се слагам за таа тема со тебе добро си почнал е тоа е одлична тема воопшто ми се свиѓаат темиве што ги отвараш и воопшто те пратам поборник борец си овде често сакам да ти влезам во тема добри ти се мапите на покриеност кажуваш сосем точни работи за дислокациите на репетиторите и каде најубава покриеност би имало одлични тие ти се сосема на место и доста други работи добро ги обработуваш продолжи така.
-
Чув дека сакаат да ставаат и PL тонови и на Р6 а треба чести упади има ај за Р0 не е толку потребно но секој репетитор треба да има веќе PL тон по правило тоа е само мое мислење но добро е што се врати Р6 и дојде струја али нешто пак Р0 не ви е во функција. Колку што знам Кумановската нула има PL тон Р3 и Р5 изгледа збориме само за VHF
-
Јас и уште еден радиоаматер имаме забележано дека не проаѓаме добро како порано на R5. Не знам што е проблемот но порано ако рапортот на мене беше Q5 сега рапортот е едвај Q3.
R0 Скопје не работи, не знам од кои причини, нема известување сеуште. Можно е поради екстремно ниските температури да е нешто, кој знае...
-
Од која локација со рачна радио станица DX-er јас од кај мене на пример со седум вати и пендрек антена одвај би го отворил на лоша локација во Скопје не би ни прошол од населбата Бутел евентуално од железара од повисоко на некоја зграда петокатница еднаш на врвот нејзин за среќа сум го отворил со шест вати снага ти од каде го отвараш другарче ;D
Споено мислење: [time]15 Јануари 2017, 12:17:45[/time]
И другар знам дека имаш искуство нели едно време нарачуваше и антени за кинескиве станички како Baofeng Zastone мојава на пример какво е твоето искуство со пендрек антенчињава да речеме превара ли се ти стигнала ли воопшто некоја и си осетил ли подобар домет онака те прашувам ако е така дај препорачај некоја појака пендрек антена за од рака за рачна радиостаница кинеска нормално што е онака тестирана од тебе нема потреба си имаме GP антена но некоја појака сепак пендрек сигурно има пријателе барем си осетил малку поубаво да оди подалеку а со иста снага јас на примњр задоволен сум од антената на Zastone-от се е океј но прашувам Dx-er пошто знам дека си експериментирал имали некој кинески фаборит за антена на VHF што би ја пофалил и малце зголемува домет или се е исто ;D Те прашувам пошто ништо немам земано од кинезите освен една станичка ;D
Споено мислење: [time]15 Јануари 2017, 12:23:18[/time]
Знам дека си тестирал Dx-er и со која најдобар прием би имал и која најубаво поминува мислам имаше ти една таква тема отворено или негде дебитираше или грешам
Споено мислење: 15.01.2017, Sunday, 12:25:21
Не дека е лоша мојата но имаше некој фалеа некој други антени поголемки пендреци со мало засилување па ме интересира какво е твоето искуство како радиоаматер навистина ли е тоа така си порачал ли ти стигнала ли си тестирал ли
-
Активен нов репетитор RU0x на реон Скопје, активиран од радио аматерски клуб Железничар Z37FFF
TX [MHz] 434.61250
RX [MHz] 433.01250
Размак [MHz] -1.6
PL [Hz] 123.0