а знаеш од прилика на која фрекфенција работи?
Работи во ФМ опсегот, може на било која да работи од 50 до 150 МХз, само ги менуваш вредностите на намотката и/или тример кондезаторот, ама не е многу стабилна фреквенцијата.
Еден совет, кога треба да го лемите транзисторот исклучете го лемилото од штекер и залемете додека е сеуште жешко.
Зошто?
Зошто поевтините лемила по малку “пробиваат“ т.е. наизменичен напон од мрежата се појавува на врвот од лемилото и овој напон може да ги оштети ваквите JFET транзистори.
Ова го научив одамна на потешкиот начин.