По барање на bicikle, еве кои додатоци би ви биле потребни за почеток, доколку купите гравирка
. Дури и ако стига со комплет додатоци, сметам дека конкретно за употреба во електрониката, нема да ви требаат сите. Најверојатно ќе искористите 5 или 6 различни додатоци од оние коистигаат заедно со гравирката, а останатите ќе ви стојат неупотребени :S. Имам купено два такви комплети, 80% од додатоците никогаш ги немам пробано :S.
1. Multi-Chuck. Ова е приритет. Нарачајте го во исто време со гравирката. Зошто? Не стига во скоро ниеден комплет, а најважно делче е (барем според мене).
http://www.ebay.com/itm/382264030149
Скоро сите Кинески гравирки користат Multi-Chuck со навој од 8 x 0.75mm (дијаметар на навој - 8mm, од на навој 0.75mm). Во оваа група спаѓаат и евтините гравирки што ги носат кај нас (со цена до кај 2000 денари). Многу сличен дизајн имаат на Кинеските копии на Dremel MultiPro, но им се разликува контролата за брзината и должината (оние што ги носат кај нас се подолги).
Генерално земено, имам начекано две различни изработки на овој Multi-Chuck. Едниот е како на првата слика, вториот е како на втората слика.
Многу се слични, ама има разлика меѓу нив. Футерчето од горната слика има погрубо и покрупно нарежени запци за рачно стегање, а тоа од долната слика има пофини и помали запци. Барајте такво како на долната слика. Тоа од горната слика е пошироко во надворешен дијаметар, што значи дека и повеќе шантра на поголема брзина. Освен тоа, тоа футерче од горната слика има пократки запци за стегање на додатоците, што значи дека има поголеми шанси додатокот што ќе го ставите во футерот да шантра кога ќе ја пуштите гравирката. Може со попуштање и стегање на футерчето да го погодите центарот, ама повеќе ќе се гњавите. Со тоа од втората слика, од прва се исцентрирува додатокот, ретко некогаш да треба да го отстегнете футерчето и пак да го стегнете за да биде се добро и правилно исцентрирано. Исто така, футерчето од втората слика е за нијанса подолго (подолги запци за стегање на додатоците
) и има за нијанса помал надворешен дијаметар, но тоа не влијае на распонот на футерчето (и на двете футерчиња може да се ставаат додатоци од 0.5mm до 3.0mm
).
2. Мали бургиички. Исто така не стигаат со скоро ниеден комплет (барем не со од од 0.4mm), а се навистина корисни. Може да се користат и како мали глодалки. Има и вакви посебни додатоци, но во недостаток на адекватен алат (т.е. пари
), поголемите димензии од овие мали бургиички, на пример, 2.0mm или 2.4mm, бркаат работа
. Одот не мора да биде баш 0.4mm или помалку од тоа, може да биде и 0.5mm, но пожелно е да имате повеќе бургиички со различни блиски димензии на располагање. Гравирките имаат многу голем број на вртежи и поради тоа, најчесто морате да ја зголемувате димензијата на бургијата за 0.5mm или некоја слична вредност (но не и со од поголем од 0.5mm).
Јас прво ги користев оригиналните бургии на Dremel, ама ѓавол и пол се да ги купиш во комплетче (мислам дека беа 600 денари или така нешто), и за среќа потоа ги најдов овие кои, за живо чудо
, подобри се и од оригиналните бургии на Dremel
. За разлика од оригиналните, кои веднаш се јадат при максимална брзина на гравирката, овие мука немаат
, дури и при обработка на железо. Најверојатно се направени од некој многу тврд челик, но за живо чудо, до сега само една скршив од нив, но потоа ја наострив и сега пак си работи како нова
.
http://www.ebay.com/itm/401156500110
Може да си нарачате и две или три вакви комплетчиња бидејќи првиот сигурно ќе го зезнете додека научите како треба да се работи
.
3. Мали камчиња за шмишајбна. Ако планирате да сечете лимчиња или некои други метални делчиња, ова е незаменлива работа
. Dremel имаат нивни со EzLock систем (систем за брзо и флексибилно монтирање и демонтирање), ама овие се исто така многу скапи и затоа прејдов на Кинескиве
. Кинескиве не се подобри и покалитетни, баш напротив, ама затоа се мнооогу поевтини.
http://www.ebay.com/itm/122516694888
Вакви ќе ви требаат мноооогу. Затоа и ставив линк од комплет од 50 парчиња. Плус, гратис добувате 4 држачи за монтажа на камчињата (mandrel)
. За скоро $4, мислам дека е добра зделка
.
И не ги земајте обичните (керамида боја се) камчиња, тие не се импрегнирани со фиберглас и полесно се кршат, импрегнираните со фиберглас се поиздржливи и поотпорни на удари
... а и помалку се трошат
.
4. Класични камчиња за обработка. Вакви сигурно ќе ви стигнат едно или две заедно со гравирката, но не е лошо да го имате и ова комплетче
. Се наоѓа при правење на агли, фина дообработка, итн. Не се апсолутно неопходни, но пожелно да имате неколку вакви
. Малите камчиња се трошат прилично брзо, така да, избргнувајте да ги користите нив ако обработувате железо (може да ги користите за алуминиум, бакар, месинг и други меки слични метали или за пластика
). Не грижете се ако се „лепи“ материјалот кој го обработувате на самото камче, ова е нормална работа, се случува при високи температури
.
http://www.ebay.com/itm/142629863884
5. Дијамантски камчиња за сечење. И овој додаток е еден од незаменливите, исто како и малите камчиња за шмишајбна. Јас најчесто ги користам за сечење на пластика, но може да се сече и обработува и метал и дрво, иако најдобро е за сечење и обработка на метал да се користат малите камчиња за шмишајбна
. Стигнуваат заедно со држаче за монтажа на гравирката (оска, mandrel), а дупчињата имаат двојна функција: ем металното тело на камчињата се лади преку нив, ем истите потфаќаат од материјалот кој треба да го сечат, со што помалку се лепи од материјалот кој го сечете на камчето
. Искрен да бидам, за пластика и дрво се совршени, особено ако треба нешто прецизно да се исече (прават помал рез во однос на малите камчиња за шмишајбна).
http://www.ebay.com/itm/283016617700
Во комплетот стигаат 5 парчиња и една оска, не ви требаат повеќе
.
6. Мали дијамантски глодалки. Многу корисни се за обработка на било каков материјал бидејќи се многу ситни и прецизни
. Кога ќе размислам подобро, не е баш најдобро да ги користите за железо (ми се одра дијамантскиот слој на една кога обработував едно парче железо), но затоа одлични се за пластика, дрво, бакар, месинг и алуминиум
.
Еве сет од 30 парчиња со најразлични форми. Не стигаат заедно со кутија (има и понуди кои стигаат, но се доста поскапи :S), но јас ги имам стегнато со ластиче и така ги чувам
. Може да ги ставите и во стара пластична кутија од филм за фото апарат
.
http://www.ebay.com/itm/181869215112
7. Мали циркуларни пилички. Овие се баш за сечење на пластика и дрво
. Можете и со дијамантските камчиња и со оние од фиберглас, ама пластиката се топи и лепи на нив, а дрвото гори :S. Ако естетски не игра улога (мислам пред се на дрвото, бидејќи тоа гори), може и со нив, ама овие се баш наменети за сечење на такви материјали
. Немаат видии (има и со видии, ама се прилично поскапи), но бркаат работа. Само не сечете железо со нив. Пластика и дрво, нема проблем, а еднаш сечев и алуминиум со нив (чисто да пробам) и добро се покажаа, но сечењето оди поспоро и пиличките повеќе греат :S.
http://www.ebay.com/itm/112311954256
Има и ште поевтини варијанти од овие, со фиксен дијаметар (се продаваат „на големо“, bulk), но не ги бива. Материјалот е најверојатно обично железо и веднаш се тапат (пробано). Овие со ознаки HSS на нив и што доаѓаат различни димензии во комплет, тоа е тоа што ви треба
.
8. Мали метални глодалки. Овие глодалки се наменети за груба обработка и не се обложени со дијамантска прашина, туку имаат запци и се HSS. Исто така би ги ставил во едни од незаменливите алатки, бидејќи може да се користат и како бургии (за проширување на дупки), но со поголеми димензии од оние кои се нудат во комлетот со бургии (3mm е максимална дебелина). Има и посебни бургии со поголема дебелина од 3mm наменети за гравирки, но се релативно поскапи во однос на овој сет глодалки. Може да обработувате се освен железо нив
.
http://www.ebay.com/itm/273364646564
Генерално земено, тоа би било тоа
. Има уште мал милион додатоци, од додатоци кои се монтираат на самата гравирка, до додатоци за секаква обработка. Ако сакате да добиете генерална слика што се има за грвирки кај Кинезиве, пишете "rotary tool" во Search на eBay, подесете филтри (Price + Shipping Lowest First и Free International Shipping) и ќе видите што се има
.
ПС: Не би препорачувал да купувате вакви додатоци само што ќе ви стигне плата
, ќе ја е*ете за два часа
.