Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Технологии => Topic started by: BorceBT on 23.02.2010, Tuesday, 01:38:50
-
Како што кажува насловот: се во едно. Уживанција ;D
-
Еве како некој си направил DRM демодулатор
Digital Radio Mondial (http://www.youtube.com/watch?v=USzEVSrZEmg#)
-
може глупо ке звучи ама...шо е па DRM?? најдов на википедиа нешто, ама па не е пак јасно...
-
DRM е новиот дигитален стандард за „модулација“, значи радијата на AM (Средни и кратки бранови) ќе се трудат да ги направат да зрачат дигитално и со многу почист тон.
-
Toчно така ! Иначе за DRM енкодирање мора да се има модем (склоп) кој DRM тонот што ке излезе од компјутерот ке го конвертира во електрични импулси OFF ON OFF ON OFF
-
Не, сигналот што излегува од компјутерот е веќе енкодиран и треба само да се поврзе на влез на предавателот (на модулаторот) и веќе зрачиш DRM програма.
-
во ред но види што мислам јас, нели звучната картица освен тие DRM сигнали генерира и шум а може и нешто друго во спат, е сега тој модем треба да го слушне тој DRM сигнал кој е во форма на звук и да го претвори во електрични импулси и да го изчисти шумот од звучната па така да му се даде само слаби електрични импулси на базата од транзисторот. Бар јас вака мислам оти кај радио аматерите има такви модеми за праќање на дигитален текст преку радио станици па затоа така мислам и за ДРМ
-
Тоа се други модеми, Baycom, RTTY, Packed radio и тука хардверски се енкодираат сигналите, овде компјутерот ја работи цела работа.
-
aaaa e да да, така е. Епа во тој случај одлично, не се потребни такви додатоци :)
-
Во емитер имаше накратко околу дигитално радио,дека радиото беше прво пронајдено од телевизијата,но сепак порано е усовршена телевизијата со дигитален пренос,а радиото ке станело дгитално дури во 2018год,така пишеше во емитер.
-
Дигитално радио (замена за ФМ) ДАБ има уште пред 15 години :) зошто ке чекаат до 2018та не знам
-
Незнам во кој емитер точно беше но чтав и така пишеше.
-
Батали, тоа не мора да значи. Викаа дека во 2012 ке биде исклучен секој ТВ аналоген предав. а процесот на исклучување ке почнел од 2010та сега па викаат ке почнат да се гасат аналогните тек во 2015та.... за радиото де има дадум де после ке слушнам дека не се знае... така да сето тоа е менливо
Во многу држави има и DAB и DRM радио станици кои емитуваат секојдневно а што сум правел муабет со луѓе ми викале има тука DAB и DRM ама нема кај да купиш приемници