Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 25.10.2009, Sunday, 02:24:30
-
Следнава шема прикажува идеа како со употребен ТВ модулатор (тоа е уредот кој има на влез SCART или Video in а на излез има приклучок за антена за да можете на пример да гледате DVD на постар телевизор што нема SCART или Video In приклучок) и така да си направите свој ТВ предавател кој може да зрачи неколку километри. Сепак, имајте на ум дека денес ретко кој гледа телевизија преку антената (најчесто имаат кабловска телевизија) и тие гледачи нема да можете да ги доловите.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=124.0;attach=12611)
-
Одлично нешто на пираткса ТВ станица
ТВ модулаторот посебо треба да се набави?
2N3866 дали добро работи на УХФ подрачјето и дали може да достигне 1-3 миљи?
-
ТВ модулатор може да се набави во поснабдените продавници за електроника, на пример го има во алфа електроник во Битола додека 2N3866 работи до 400MHz така да некаде до 30ти канал UHF би требало да работи добро иако е доста тешко точно да се подеси калемот. Добра страна е што модулаторот дава константна фрекфенција и подесувањето на калемот единствено би ја варирала излезната снага која може да ја мерите со SWR/Power метар или со едноставниот начин со диода, кондензатор и обичен волтметар.
-
ова работи на 24V :(
-
Веројатно користат повисок напон за да може транзисторот да има доволно големо појачување на тие гранични (за него) 400MHz.