На плочата ама плочата е како нова никаде нема црно..
Тогаш најверојатно има некој друг проблем. Не го удрил гром, можеби само атмосферскиот електрицитет се „накалемил“ на антената, па главниот контролер изгорел или се укочил. Пробај со алуминиумска фолија преспој ги сите пинови на главниот чип (додека е исклучен router-от). Пред да го направиш ова, извади го од лежиште Ethernet трафото (можно е да е и телефонско, слични се, но мислам дека и двете се 1:1). Ако се подигне како што треба router-от, се е ОК, ако пак прави исто, најверојатно е зезнат главниот контролер. Евентуално симни datasheet за контролерот, па види кои пин му е +Vcc и мери напон, ако не е во границите на напонот за напојување на колото (најверојатно е +5V), можно е стабилизаторот или кондензаторот за филтрирање да се зезнати. Пробај измери ги, па ако нешто не е во ред, смени ги. Ако пак не работи, ништо, не се прескапи овие Wi-Fi router-и, 900 денари се... нов ќе си купиш
.