Author Topic: испитување на фаза на трофазен штекер  (Read 8047 times)

Offline masinist

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
испитување на фаза на трофазен штекер
« Opened on 10.03.2010, Wednesday, 17:46:40 (Edited 10.03.2010, Wednesday, 22:59:32) »
Како прво поздрав до сите членови на форумот и администрацијата на (колку што знам) првиот  Македонски форум за електроника.
Моето прашање не од областа на електрониката туку од електроенергетика па ако темата не е поставена на соодветно место модераторите нека ја преместат.
Ме интересира зошто на трофазен штекер кога проверувам со фазомер покажува дека има фаза иако има изгорено осигурач и тоа е така се додека не се извадат сите три осигурачи.
Знам дека најдобро меѓуфазен напон да се проверува со унимер или пак како што ние работиме на работа со две сиалици врзани во серија. ;)

Ова се случува и на монофазна струја некогаш.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
А дали пробавте да не има спој измеѓу фазите ?
Quote
Ме интересира зошто на трофазен штекер кога проверувам со фазомер покажува дека има фаза иако има изгорено осигурач и тоа е така се додека не се извадат сите три осигурачи.

па се разбира дека ќе има, пошто трите фази би требало да ти работаат одделно една од друга, значи ако изгори осигурач од една имаш сеуште 2 други
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline masinist

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9

Грешка ме имаш разбрано,ако има еден осигурач изгорено фазомерот кажува дека сите три фази на штекерот  има напон и два да се изгорени повторно кажува дека имаат трите фази напон додека ако мериш со сиалици врзани во серија  не покажува напон.
Јас мислам дека е некоја индуцирана струја но од што може да биде таа струја индуцирана и дали може да се реши тој проблем. 

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
јас мислам дека на трите фази имаш една, односно имаш спој
ако мериш со фазомер на која било ќе свети
а ско мериш со сијалици нема да светат оти с ена исти потенцијал ( 1 фаза )
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Можно е да е некоја индуцирана струја или влага во кабелот или во разводната табла (најчесто). Но може да биде и заземјувањето да не е во ред во објектот мора тоа да го проверите убаво!
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline masinist

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Одг: испитување на фаза на трофазен штекер
« Reply #5 on 10.03.2010, Wednesday, 23:04:18 (Edited 10.03.2010, Wednesday, 23:18:15) »

точно е тоа но доколку би имало спој нели би требало од кога ќе го сменам осигурачот повторно да изгоре но не горе и што и да уклучиш на него си работе најнормално се разбира доколку тој потрошувач е исправен.

Споено мислење: 10.03.2010, Wednesday, 23:18:15
Можно е да е некоја индуцирана струја или влага во кабелот или во разводната табла (најчесто). Но може да биде и заземјувањето да не е во ред во објектот мора тоа да го проверите убаво!
И јас мислам дека е тоа но со клегите неможам да се убедам,заземјувањето не е сигурно на лето го мереа и било одлично така да преостанува идуцирана струја или влага во разводната табла, во кабелот не ми се верува да има влага бидејќи и тој е скоро сменет е сега каков му е квалитетот на овие кабли господ знае.Е сега што би можело да индуцира струја незнам.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Здраво  машинист
За твојот проблем треба да кажеш дека светењето на фазомерот од исклучената фаза(осигурач) од трифазниот утикач е со послаб интезитет одколку другите вклучени две, а тоа е поради капацитивните струи на исклучениот проводник, тој со својата должина преставува како кондензатор во мрежата. вредноста на капацитетот е мала и не може да се користи никаков потрошувач, затоа кога сите три фази се исклучени фазомерот не свети никако.

Фала на одговорот didy,а како би можело да се реши тој проблем.
Точно е тоа дека светењето на фазомерот од исклучената фаза од трифазниот утикач е со послаб интизитет.Денес мерев со унимер и тој напон се движеше од 110 -170в значи мерењето е извршено помеѓу една фаза под напон и фазата со исклучен осигурач од трифазниот утикач.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
мислам дека неможе да се поправи тоа...дека тој напон се индуцира од другите кабли што тече струја што се блиску до него...таму има напон, ама па поврзи некој потрошувач(сијалица) на таа фаза и нулата, ке видиш дека нема да свети, и тогаш мери го напонот и ке видиш дека има многу мал напон (ако не е и mV)...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Решение е можда да ставиш три кондензатори од 10nF/630V од секоја фаза кон нулата внатре во штекерот.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
а бе ако ти е само за да не ти „светка“ фазометарот кога ке го „боцнеш“ во штекерот послушај го борче...ама па и на тој приклучок ако уклучиш некој потрошувач, ке видиш дека нема да работи, зашто таа фаза ја нема...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Ако не ти треба таа жица од кабелот само ти е спас да ја споиш на налу или земја за да не се индуцира напон од другите две фази

Само ако го прајш тоа откачија жицата од осигурач за да не го стај некој по грешка и да го исплаши.

Offline masinist

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Фала на сите одговори.
Quote
ама па и на тој приклучок ако уклучиш некој потрошувач, ке видиш дека нема да работи, зашто таа фаза ја нема...

Знам дека ако уклучам некој потрошувач нема да работи.

Quote
Ако не ти треба таа жица од кабелот само ти е спас да ја споиш на налу или земја за да не се индуцира напон од другите две фази

Само ако го прајш тоа откачија жицата од осигурач за да не го стај некој по грешка и да го исплаши.

Не е работата да не ми треба таа жица нормално дека ми треба затоа е трифазен утикач.
Работата  е тоа што работам во ладилник и кога одиме да санираме некој дефект товарени сме како магариња и работиме од -18степени па нагоре и сега на таа температура качен на скала стоиш на мраз уште унимер или како што работиме ние со сиалици во серија ми треба сепак е подруго со фазомерме,ме разбирате нели.
Во ред сепак фала на сите одговори. ;)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
а не може ли на пример со 3 тлеалки да се стават во еден трофазен утикач, и со него да се проверува дали некоја фаза ја нема?? значи една тлеалка на една фаза и нула, друга тлеалка на друга фаза и нула, и третата тлеалка на трета фаза и нула и се тоа да се смести во еден трофазен утикач...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Вака ај провери колку ти е напонот помеѓу сите фази и нула или заземјување и пиши .