За ружите не знам, ама за извлекување тешки метали од почвата се садат коренести култури, бидејќи тие ги впиваат во себе, пред се маслодајна репа, ама после не смеат да се користат за јадење, туку само за добивање био-гориво.
За тоа дека загадува до Скопје, Куманово и др. градови не сум сигурен, бидејќи станува збор за тешки честички кои паѓаат во околината на топилницата, ама земјоделските производи одгледани во Велес и околината често завршуваат и на пазарите во овие градови, така што индиректно пак ги внесуваме овие тешки метали, на пр. маслото за јадење од „Благој Ѓорев“ добиено од сончоглед одгледан во велешко, вината од велешкото виногорје итн. Затоа сите треба да им дадеме поддршка на велешани против рестартирање на топилницата и понатамошно загадување.
Иначе ова со загадувањето не е проблем само на Велес, еве конкретно кај мене во Скопје (Аеродром-Н.Лисиче) проблем ни е цементарата, секоја вечер ги исклучуваат филтрите и горат стари гуми, летно време после 23:00 не се седи на тераса. Порано беше и Охис, сега не работи, но подземните базени сеуште стојат полни со линдан, наводно се запечатени, ама кој гарантира дека не истекува во подземните води и од таму до водата за пиење и наводнување?