Менувањето на светилки наскоро ќе стане минато. ’Самсунг’ ја претстави новата, штедлива светилка која може да трае дури 36 години!
Експертите од оваа компанија ги промовираа LED сијалиците кои траат до 40 илјади часа, што е 40 пати подолго од обична светилка.
Тие го искористија напредокот на LED технологијата која ја инкорпорираа во домаќинството, а единствената мана на овие сијалици засега би можела да биде нејзината цена бидејќи една чини повеќе од 60 евра.
„Светилката веќе не е само светилка. Тоа е дигитална технологија направена од ЛЕД чипови, драјвери и електронија“, вели Кевин Декстер од Самсунг.
Иако ова може да делува како голема новина на пазарот сепак една американска компанија планира да оди уште понатаму и на пазарот да понуди т.н. „плазма светлосна технологија“, каде светлоста се создава од тенок слој на плазма кој се поставува меѓу две алуминиумски фолии.
http://www.taratur.com/node/28139