Темава е стара веќе 3 години, но морам да побарам помош.
Успеав од тазе форматиран компјутер да вратам избришани податоци, поконкретно избришани слики.
Но сопственичката на компјутерот се жали бидејќи ги има над 10.000 слики, но сите се со датумот од денот кога се вратени и сите се сместени во еден ист директориум, поради што не може да ги разликува кои слики од кој период се, а станува збор за фотографии од изминативе 3 и повеќе години.
File Scavenger не само што не ги враќа со оригиналните имиња, барем колку за да може да се разликуваат според имињата, туку и не ги враќа во исправен формат, добар дел од сликите се корумпирани, односно нечитливи, исто беше и со случајот со некои Word документи, кои File Scavenger ги врати, но едноставно се корумпирани, односно нечитливи.
Повеќето слики и Word документи успеав да ги вратам со EaseUS Data Recovery Wizard, но и тие не се со оригиналните имиња, ниту се сместуваат во оригиналните директориуми.
Како капак на се, огромен дел од сликите не се со оригиналната резолуција, туку со многу помала резолуција во споредба со оригиналната, што ги прави буквално бескорисни.
Едно време користев iolo Search & Recover и ми вршеше работа, но тоа беше ептен одамна, можеби има 10 години од тогаш, а и плус не помнам дали ми ги враќаше фајловите со оригиналните имиња или во оригиналните директориуми. Го пробав и iolo Search & Recover, го инсталирав, но од тотално непозната причина, програмот воопшто не се стартува. Се е исправно и со оперативниот систем и со компјутерот, но едноставно програмот не сака да се стартува.
Има ли некој препорака за софтвер кој ги враќа избришаните фајлови со оригиналните имиња, или во оригиналните директориуми или барем ми прикажува како се викале оригиналните директориуми во кои се наоѓале конкретните фајлови ?
Или некоја препорака за некој сервис во Скопје во кој ги враќаат избришаните фајлови со оригиналните имиња или во оригиналните директориуми и со оригиналната резолуција на сликите ?