Author Topic: Неколку забелешки за багови или можеби подесувања на php кодот на форумот  (Read 1019 times)

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51

Неколку забелешки за багови или можеби грешки во подесувањата на php кодот на форумот:


- Кодот на форумот последувателните пораки во една тема а од еден ист корисник, ги наддава во една тема. Проблемот е што при тоа не ја префрла темата на врв од листата на последно напишани пораки на тој подфорум. Датумот и времето на последната порака во таа тема останува ист како на пораката на која е/се надодадени новите пораки од истиот корисник. Значи ако некој напише нешто во тема која е можеби на 3та-4та страна од форумот, и ако на таа тема тој ист корисник последен пишувал... темата ќе си остане на 3та-4та страна и никој нема да види дека е напишано ново мислење во темата.

- Подесувањето во профилот за криење/непокажување на емаил адресата не работи. Без разлика дали е вклучен флагот за вклучување /исклучување на оваа опција, кодот на форумот ми ја покажува емаил адресата и на профилот и под името/аватарот.

- Кодот на форумот испраќа емаил известување за секоја поединечна нова порака во темата што се следи, наместо да испраќа едно известување за првата нова порака (и не за сите последувателни). Вклучен ми е флагот за: „Примај известување за порака (одговор) само за првата непрочитана порака (одговор).
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
- Подесувањето во профилот за криење/непокажување на емаил адресата не работи. Без разлика дали е вклучен флагот за вклучување /исклучување на оваа опција, кодот на форумот ми ја покажува емаил адресата и на профилот и под името/аватарот.

Опцијата за криење на e-mail адресата си работи одлично. Значи ако се закосени буквите, e-mail адресата ти е сокриена од другите и можеш да ја гледаш само ти. Еве ти доказ како јас го гледам твојот профил:



Што значи дека се си е во ред, а во врска со другите работи ќе ти објаснат другите колеги од администрација, бидејќи јас морам да одам, ми испадна нешто итно.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
нема проблем со скрипата, додадена е опција за спречување на претерано спамирање
значи секое мислење под мислење се спојува во едно а измеѓу двете мислења има со црвени букви дата и време кога е пишано второто мислење
ова е намерно така за да не биде дека еден автор на тема има тема од 1000 страни во кој самиот пишувал и набилдал мислења.

За примањата и известувањата по емаил ќе проверам што е како е пошто не ја користам таа опција и незнам што се случува.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Опцијата за криење на e-mail адресата си работи одлично. Значи ако се закосени буквите, e-mail адресата ти е сокриена од другите и можеш да ја гледаш само ти.
Фала, претпоставив ваква можност и се обидов да проверам од друг browser ама пошто форумов не дава читање теми без логирање, не можев. Претпоставувам подобро параноичен отколку кабает.  :)
нема проблем со скрипата, додадена е опција за спречување на претерано спамирање
значи секое мислење под мислење се спојува во едно а измеѓу двете мислења има со црвени букви дата и време кога е пишано второто мислење
ова е намерно така за да не биде дека еден автор на тема има тема од 1000 страни во кој самиот пишувал и набилдал мислења.

Јасно, во ред тоа со спојувањето на пораките.
Ама останува фактот дека не се „бампира„ темата на почеток од листата на форумот. Како што би требало да биде кога ќе се напише нешто ново во темата.


Само сакав да укажам на овие работи, фала на вниманието и поздрав.
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

stefanjanevski

  • Guest
Имам замприметено во последниве неколку дена дека тоа што број колку пораки имам, ми додава на секоја втора. Значи ќе искоментирам нешто, нема да додаде, после на наредното што ќе го искоментирам ќе додаде едно.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не ти додава на секоја втора, во делот за забава и во делот за огласи исклучено е броењето на мислења затоа тоа така ти изгледа :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

stefanjanevski

  • Guest
ОК. Се извинувам, јас мислев дека е некоја грешка.