Author Topic: Предлог за делот продавам купувам.  (Read 1580 times)

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Предлог за делот продавам купувам.
« Opened on 14.09.2011, Wednesday, 13:10:37 (Edited 14.09.2011, Wednesday, 13:15:29) »
Имам еден предлог во врска со делот за огласи. Гледам дека во секоја тема се замешува некој кој кажува колку вреди делот а не знае воопшто колку е стар, како е работен, одржуван и такви работи. Тој што го продава производот тој си ја одредува цената а на некој ако тоа не му чини слободно може да си направи муабет преку пп и да види дали воопшто може некако да дејствува во врска со цената а и што го боли некој к** кој колку пари бара и за што кога и за 100 денари да му дадеш бубрег на некој нема да го купи кога не му треба, па затоа барам во огласите да нема мн. давање совети кој колку да продава и да расипе оглас нека остане цената да биде договорена од страна на продавачот и купецот. Се извинувам за вулгарноста ама така мислам дека најдобро ќе ме свати некој. Сега многу од членовите ќе помислат дека ова го пишувам само поради тоа што некој ми кажуваат колку да продавам тоа што продавам (за мојот оглас). Не ми смета тоа што тие споделуваат мислење ама стварно мислење не поткрепено со добро објаснување односно на "жими мајка" да нема. Секој си го цени тоа што го продава и си ја одредува цената! Ако на некој не му чини може да си предложи цена само доколку е навистина заинтересиран да го купи производот а не да кажува јас повеќе од толку не давам доколку БИ КУПУВАЛ. Немам ништо лошо со овај пост само е предлог кој мислам дека држи вода.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Предлогот ќе биде разгледан и ќе ти биде одговорено во најкраток можен рок.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Buli како што разбрав ова се однесува на Девил и на мене бикдејки ние ти кажавме дека компјутерот ти е скап повеке од она што треба да биде.

Како мислиш предлогот да се реализира? Треба некој да се ангажира и гледа дали некој пише во огласите нешто што нема да му се допадне на огласувачот, тоа е практично невозможно а тоа го нема никаде, види и на другите форуми каде што има огласи па види какви се не критики има и никому ништо. Тоа е и демократијата, секој да даде коментар. Едино ако толку инсистираш може да ги заклучуваме огласите и да ве контактираат само преку ЛП но и за тоа треба консензус од повекето членови на форумот (и администрацијата) бидејки некој може не сака така. Треба секој да се ислуша секое мислење
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нема потреба од тајновитост на цената.Понуда-побарувачка. Во ред е секој да каже цена -и продавачот и купувачот.Овде ми стои дека продавачот е навреден од *рушење* на цената.И тоа е во ред.Заклучок - да се стави клаузула - договор- цените да не се коментираат,а продавачот да не се чуди зошто никој не му се јавува на огласот! Сепак,дозволено е да се ценкаш и да ја спушташ цената.Затоа единствена работа би било тој што продава да биде реален со цената( да го образложи тоа!??) ,а евентуалните заинтересирани да не одат офф топик докажувајки колку е прескапо тоа што се нуди!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас доколку не сакам никој да ја коментира мојата цена (било оти била висока било што) би напишал цена по договор или за цена контактирајте ме преку порака и кој сака да ја дознае изволте по порака ке ја дознае а вака нормално е да има и ценкање и разни коментари.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Предлог за делот продавам купувам.
« Reply #5 on 14.09.2011, Wednesday, 22:46:02 (Edited 14.09.2011, Wednesday, 23:16:29) »
Buli како што разбрав ова се однесува на Девил и на мене бикдејки ние ти кажавме дека компјутерот ти е скап повеке од она што треба да биде.

Како мислиш предлогот да се реализира? Треба некој да се ангажира и гледа дали некој пише во огласите нешто што нема да му се допадне на огласувачот, тоа е практично невозможно а тоа го нема никаде, види и на другите форуми каде што има огласи па види какви се не критики има и никому ништо. Тоа е и демократијата, секој да даде коментар. Едино ако толку инсистираш може да ги заклучуваме огласите и да ве контактираат само преку ЛП но и за тоа треба консензус од повекето членови на форумот (и администрацијата) бидејки некој може не сака така. Треба секој да се ислуша секое мислење
Како што имам пишано во постот, ова не го предложив поради тоа што вие ми кажувавте колку да го продавам. Мислам дека не е фер кон продавачот. Зошто споредувате со другите форуми? Зарем не сакате да бидете единствени и оригинални со вашиот форум и со тоа што вие ќе направите промена да дадете поттик и за другите форуми?Што се однесува како ќе се реализира...Во секоја форум/подфорум нема модератори?! Супер модератори не постојат?! Админите ореви чукаат?! Како можите по другите теми да гледате дали згрешиле нешто и како шерифи одма да викате "аман читајте правилата и почитувајте ги..веќе ми е смачено...секоја наредна грешка следи бан", не проверувате дали има пцуење, омаловажување, "бистрење" политика по сите теми низ форумот?! Нормално е да се направи пропусти неможе да биде идеално. Јас немам ништо против да го одбиете мојот добро намерен предлог.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
предлогот ќе биде прифатен, ние се трудиме колку што можеме да одржуваме ред, но тој ред мора да го припазуваат и членовите
колку и да бришеме и чистиме, некој мора негде да згреши и да направи нешто наопаку...

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Благодарност до администрацијата што го прифати предлогот. А сега членовите кои НАВИСТИНА сакаат нешто да купат а сметаат дека е превисока цената слободно нека си направат маубет за намалување на цената а оние кои немаат намера да купат да си седат на страна што сметам дека е "фер плеј".

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Одг: Предлог за делот продавам купувам.
« Reply #8 on 15.09.2011, Thursday, 19:23:02 (Edited 15.09.2011, Thursday, 19:42:12) »

Админите ореви чукаат?! Како можите по другите теми да гледате дали згрешиле нешто и како шерифи одма да викате "аман читајте правилата и почитувајте ги..веќе ми е смачено...секоја наредна грешка следи бан", не проверувате дали има пцуење, омаловажување, "бистрење" политика по сите теми низ форумот?!
Полека со билдањето. Ти се конфротираш со мене?
Дај кажи каде има пцуење и политика по сите теми на форумот а без да сум реагирал ? Чекам доказ, во спротивно клеветиш а тоа е казниво.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Одг: Предлог за делот продавам купувам.
« Reply #9 on 15.09.2011, Thursday, 21:01:33 (Edited 15.09.2011, Thursday, 21:03:36) »

Админите ореви чукаат?! Како можите по другите теми да гледате дали згрешиле нешто и како шерифи одма да викате "аман читајте правилата и почитувајте ги..веќе ми е смачено...секоја наредна грешка следи бан", не проверувате дали има пцуење, омаловажување, "бистрење" политика по сите теми низ форумот?!
Полека со билдањето. Ти се конфротираш со мене?
Дај кажи каде има пцуење и политика по сите теми на форумот а без да сум реагирал ? Чекам доказ, во спротивно клеветиш а тоа е казниво.
Што добивам со тоа дека билдам мислења?! И така уште на почетокот не ми се допадна форумот бидејќи за било каква мала грешка секогаш има некој тука кој брејниак кој ќе ти каже што да правиш а не само фино да те советува, можеби тоа било само тој период кога се регистрирав јас можеби имало таков амбиент на форумот само тоа време ама како и да е мене првите впечатоци ми беа лоши. А што се однесува за тоа дали реагираш на прекршување на правилата...Прочитај го уште еднаш а ако има потреба и повеќе пати претходниот пост мислам дека е јасно напишан, доколку повторно неможеш да го разбереш и се уште имаш мислење за клевета од моја страна пиши слободно ќе добиеш подетално објаснување за мојот претходен пост.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Полека Були,ми се чини премногу емотивно влегуваш во дуел за кој не знам дали ке го добиеш.За формирање и лицитирањето на цените и јас прифакам дека треба да се разгледаат предлозите,ама за Форумот,политиката и конечно - начинот на водење на Форумот ,не би се сложил со критиката.Често пати и јас емотивно настапувам,ама не мислам дека сум навреден од администрацијата кога ке ме опоменат.Затоа,смири ги емоциите,сепак ова е Форум за дружење,размена на мислења, а не за конфронтации и наметнување на само и само едно мислење!

Немам ништо против опомена ама опомена на пристоен начин, без да истура својата нервоза на форумот, и да кажува колку него му е смачено од тоа да шета по темите и да ги средува. Доколку ти имаш ете сервис за електоника и дојде некој и ти прекрши некое правило било од невнимание било од не доволно информиран. На пример на влезот си имаш поставено забрана за влегување со милениче во твојот сервис, а некој муштерија влегува со своето милениче поради невнимание или било што  ти како сопственик сигурно нема да му се раздериш внатре и цела твоја нервоза да ја истуриш на него без разлика колку си нервозен со што ќе го направиш да се чуствува лошо и повеќе воопшто нема да влезе во твојот сервис без разлика за квалитетот кој го имаш. Мислам дека колку и да те изнервира во тој момент ќе се воздржиш и само фино ќе го замолиш.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Малку незгодно ја направи споредбава,ама се разбираме. Прво,никој нема ништо лично мислам против тебе.Второ,јас повеке се конфронтирам со некои колеги ,отколку администраториве.Сметам дека не треба ваква тензија да се прави поради огласот.Сепак ова не е нити задолжителен,ниту  Форум за некој да губи време.И мене ми сметаат некои теми,некои постови,ама не реагирам толку емотивно.Мислам дека сите треба малку* да ја спуштиме топката* и да покушаме да бидеме малку потолерантни.

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Предлог за делот продавам купувам.
« Reply #13 on 15.09.2011, Thursday, 21:43:00 (Edited 15.09.2011, Thursday, 21:54:03) »
Малку незгодно ја направи споредбава,ама се разбираме. Прво,никој нема ништо лично мислам против тебе.Второ,јас повеке се конфронтирам со некои колеги ,отколку администраториве.Сметам дека не треба ваква тензија да се прави поради огласот.Сепак ова не е нити задолжителен,ниту  Форум за некој да губи време.И мене ми сметаат некои теми,некои постови,ама не реагирам толку емотивно.Мислам дека сите треба малку* да ја спуштиме топката* и да покушаме да бидеме малку потолерантни.
До некаде се разбираме. За огласот ама воопшто немам ништо против што администраторите пишуваа дека не вреди, ова она. Покрај администраторите имаше некој кој ја погледна темата и за да не испадни "будала" бидејќи ќе беше 2:1 (2админи со 1 купувач) ми пиша по пп и сега се договараме како да се најдеме да го проба да го види дека работи компјутерот и да го купи за таа цена која ја предложив јас. А со тоа дека треба малце да се биде потолерантен, потполно се согласувам со тебе. За некои правила кои се лично упатени кон некој од членовите (навреда,клевета,пцуење...) немам ништо против да има бурна реакција од страна на администрацијата. Ама за правила како: не пишување со кирилична поддршка, погрешен наслов/форум да нема таква бурна реакција само смирено да се даде совет и да се упати членот на што да внимава. Сметам дека никој со намера не прави прекршок во групата на овие вторите кои се однесуваат на естетиката и прегледноста на форумот.
Едит: Во врска со мојата реакција...Реагирам бидејќи сум љубител на форумско дружење од кое секој може да научи по нешто преку добра забава.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за делот продавам купувам.
« Reply #14 on 15.09.2011, Thursday, 22:01:27 (Edited 15.09.2011, Thursday, 22:03:58) »
Видете, далеку од нетолерантни сме барем кога станува збор за пишување на латиница, опоменуваме еднаш, два пати, три пати, се случувало и по 4 или 5 пати да се опомене некој член пред да се даде опоменувачки бан. Истото се однесува и на навредите и пцовките. Многу членови биле толерирабни со надеж дека „ќе се подобри“ истиот член. Далеку од нетолерантни сме. Единствени работи кои не ги толерираме се игнорирање на администрацијата (и за ова сме доста толерантни, во принцип, две до три PM праќаме, и ако по втората и третата PM не добиеме одговор од членот, дури тогаш превземаме мерки) и игнорирање на опомени. Немаме ништо приотив комуникацијата со членовите од форумот, но често се случува членовите да се „опуштат“ и да заборават кој го одржува редот и мирот на форумот, а и самиот форум (се ова што го гледате не е бесплатно).

Што се однесува до предлогот, прифатен е, што не значи дека секој предлог кој ќе ни биде предложен дека ќе биде прифатен. некои од нив од технички причини нема да бидат прифатени, други поради непрактичност, трети поради нелогичност, итн. Значи, не е дека не сакаме секогаш да приатиме предлози (на пример, предлози за подфоруми, начини за подобро и побрзо одржување на форумот, како и негово рекламирање на други сајтови се секогаш добредојдени), но често се случува тоа барање да е технички (барем моментално) неизводливо (како што гелдате, php скриптата за форумот е бесплатна, така да, нема премногу опции, со платена скрипта ќе има, но како и секогаш проблемот се најчесто парите :S).

Верувајте дека се работи на подобрување и проширување на форумот, но тоа не може да се случи „преку ноќ“, тоа е долг процес, пред се поради тоа што треба да бидеме „дежурни џандари“, да post-ираме одговори на членови кои поставиле прашања или барања, да средуваме наслови на теми, да преместуваме теми, да им предочуваме на новите членови на правилата итн. Се ова одзема време, плус, не сме сите ние слободни во исто време, најчесто мораме да си го координираме слободното време. Тоа е тоа, но полека полека, веруваме дека со време ќе има резултати трудот ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."