немој да а заебам работата,да не не уклучи после ич хахах а можно ли е е ослабен екранот
Не, најверојатно е софтверски проблем или проблем со електрониката. Софтерски може да се зезне од пренапон или од удар на гром, некогаш и од поднапон. Суви кондензатори се најчесто проблем со електрониката, но можно е и некој отпорник да прегрева, тоа треба визуелно да се провери
.
Во принцип, нема што да зезнеш ако правилно ја исчиташ меморијата и запишеш во неа нешто друго или во нова запишеш нешто друго. Што се однесува до одлемувањето, во приинцип 24CXX се неуништливи
. Воопшто не сум пазел при одлемувањето, ни на температура ни на време колку одлемувам, па до сега не сум зезнал нитуедна меморија, освен ако веќе не била зезната од нешто друго
. За исчитување и запишување, се прави со било кој програматор, јас го користам PICkit2, има опција за читање и запишување на 24CXX мемории. Запишувањето се изведува споро, на фреквенција од максимум 200KHz (има опција во програматорот за PICkit2 ладе се бира Slow Programming).
ПС: Ако се решиш да програмираш нов EEPROM, немој да забораваш прво да ја исчиташ меморијата од стариот EEPROM, јас така за малку ќе се зезнев еднаш
, ќе го избришев стариот EEPROM без да го исчитам dump-от од него
, и потоа ако не оговараше новиот што ќе му го ставев, папала маца
, ојде телевизорот
.
ППС: Дури и со неадекватен dump да е испрограмран EEPROM-от (само да не е за некој друг процесор, на овој линк што го post-ирав процесорот на TV-то е ист со твојот), нема ништо да му се случи на телевизорот, можно е да не се пушта или да меша програми, да не фаќа некои програми, боите да ги меша, аудио да нема или да е многу тивко, гласно, или нешто трето, но не може да се расипа. Во dump-от се чуваат конфигурациони бити за процесорот и некои други податоци за конфигурирање на тјунерот, нешто за IR командите, декодирањето на аудио сигналот, итн., така да, не може ништо да му биде, само нема да работи како што треба една или друга раобота, ама освен тоа, нема ништо да се расипе
. Слични работи се случуваат и ако ставиш празен EEPROM, нема да работи ова или она или нема да работи како што треба
.