Здраво. Добредојде на форумот, во иднина пишувај на кирилица!
Околу неонскиот трансформатор може да побараш во фирмата „Електро-Неон“ меѓутоа тие не се продавница и ќе треба да ги замолиш да ти продадат еден трансформатор со наведените карактеристики (ако воошто ги убедиш).
Второ и многу важно, ваквиот трансформатор и правење на теслин трансформатор со него иако изгледа едноставно е многу опасно (15.000 волти можат да „скокнат“ на 2 сантиметри од жиците во колото низ воздух) и можат да те убијат! Подобра и побезбедна варијатна ти е правење на теслин трансформатор со класични компоненти (транзисторски осцилатори и калем) па може дури и со појако сплит-трафо од телевизор.