Author Topic: Простирање на АМ сигнал  (Read 655 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Простирање на АМ сигнал
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 03:20:12 »
Прашање:

Ме интересира ова, ако на пример имаме две згради кои се една од друга оддалечени 20 метри а мегу треба да помине сигнал кој брановата долзина е некаде 100 метри, и сигналот ке помине и поради ефектот дифракција и позади зградите ке има сигнал (не така добар ама ке го има) и сигналот ке оди и понатака.. е сега мене ме интересира дали ако зградите се железни дали сигналот ке се одбие од нив и нема да помине преку 20м отвор мегу нив или пак ке пројде како во првиот случај?

Одговор:

Значи ако претпоставиме дека зградите се бескрајно високи и се метални со процеп меѓу нив и сигнал со бранова должина од 100м (3MHz) тогаш не веднаш после процепот ќе нема сигнал, туку после околу 50метри (замисли го како меур кој се труди да излезе меѓу зградите, неможе да помине а е малку издаден) Тоа се случува бидејќи после тој отвор сигналот се поларизира бидејќи пробува да помине процеп помал од брановата должина, се дели како „спектар“ и потоа се вкрстува и се поништува позади процепот.

Доколку зградите беа конечно високи тогаш воздухот што е над нив врши мала дифракција и мал дел од сигналот паѓа позади зградите но зависи колку се високи (поголем агол на дифракција повеќе го слабее сигналот). Така да со многу јак предавател сигналот од дифракцијата ќе биде доволно јак да се слуша и подалеку од другата страна на зградите.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.