Овие се тие Кинеските копии на Hakko. Добри се, како за Кинески се одлични
. Освен тоа, побрзо реагираат на промена на температура на врвот. Ако лемиш нешто гломазно, не мора 100 години да го држиш врвот на местото на кое лемиш, да чекаш да се загрее и да изреагира термопарот, само го допираш и скоро веднаш почесто и подолго почнува да трепка диодата за активност на греачот
. Ова пред се се должи на начинот на кој се направени овие рачки. Греачот е во внатрешноста на врвот, а термопарот е на врвот на керамичкиот греач, за да може побрзо да изреагира. Гледам дека во последно време и другиве реномирани производители се префрлуваат на овој принцип на градба на рачки за нивните поскапи модели
.
А да, и врвовите се одлични
. Се исплати да се купи и цел сет
. За тие пари кај нас, ќе купиш еден или два врвови, а квалитетот е одличен
. Имам купено и морам да кажам дека одлично се имаат покажано врвовите
.
Само не ми е јасно како си ги преправил врвовите за Solomon на оваа рачка
. Ако мислиш на врвовите за рачката SL-1 (мислам дека вака беше ознаката на моделот), тие немаат дупка по среднината на врвот, како што имаат овие рачки, местото каде што треба да дојде греачот.