Author Topic: Поквалитетно: АМ или ФМ пренос?  (Read 1060 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Поквалитетно: АМ или ФМ пренос?
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 02:05:04 (Edited 10.10.2009, Saturday, 02:06:40) »
Прашање:

Ме интересира нешто за модулациите, повеќе луѓе викаат дека АМ модулацијата е со полош квалитет од ФМот и не знам зошто ова го викаат... е сега јас си викам доколку имаме два предаватели и тоа на 100MHz двата, двата да имаат по 250KHz широки канали но едниот предавател да е со ФМ а другиот со АМ модулација, дали би имале еднаков звук? Ако би имале еднаков звук зошто во денешно време се исфрла АМот?

Одговор:

Добро прашања и уште почуден одговор:
Ако би имале на 100MHz АМ и ФМ пренос со ширина од 250KHz тогаш максималната употреблива фрекфенција која можеме да ја пренесеме преку АМ би била 0-125KHz додека кај ФМ (со „стандардна“ девијација од 75KHz) би била 0-50KHz. Значи, за иста ширина на канал ФМ има полош квалитет од АМ модулацијата. Придобивките со ФМ се други. Прво, за да нема проблем големата ширина на каналот кај ФМ го практикуваат како модулација на повисоките фрекфенции. Кога сигналот се праќа преку ФМ има подобра имуност на пречки и шумови бидејќи пречките се најчесто АМ компоненти а ФМ приемниците игнорираат АМ компонентите во сигналот. Значи иако во идеални услови АМ ќе звучи подобро сите пречки и шумови ќе направат во реалноста АМ да има големи проблеми со чистотата на звукот. Овие пречки беа помали во минатот но денес не е дури ни можно да се вклучи АМ радио од сите можни извори на пречки (примарно компјутерите). Заклучок е дека АМ се избегнува заради лошите својства при пренос а не како полош квалитет на модулација.

Уште една напомена: АМ приемниците кои ги имаме низ домот имаат калеми кои имаат голем Q фактор што значи дека имаат доста тесен опсег на примање на сигналот од 9 до 12KHz што доведува до тоа да колку и да им пуштиме широк сигнал (со повеќе високи фрекфенции) тие приемници никогаш нема да можат да ги примат сите наеднаш, значи или ќе слушате 0-5KHz или ако подесите погоре на скалата ќе ги слушате само високите 5-10KHz што не е употребливо. Сепак, возможно е во домашно услови да се направи приемник со други калеми со помал Q фактор (воздушни) што би довел до HiFi звук и на АМ но за тоа во друга прилика.

На ниски фрекфенции би немале доволна ширина на канал за квалитетно аудио, лимитирачкиот фактор би била изработката на осцилаторните кола (најчесто калемите) што ќе треба да имаат мал Q фактор (за да примаат широко) и тоа ќе доведе до многу слаба осетливост и губење на цел опсег за само 1 радио станица со FM модулација.

Дометот зависи од ширината на каналот, така да според тоа за ист аудио сигнал да, зависи дометот од типот на модулацијата (дали е тоа АМ, FM, SSB, VSB или друго).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Изгледа за тоа АМ радио има поквалитетен звук (ширина на канал 9KHz) одколку токи воки со ФМ модулација (ширина на канал 12,5KHz)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Aleks

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 269
  • Gender: Male
АМ-от се исфрла затоа што е потребна многу поголема страна да се модулира сигналот со АМ модулација (од двете страни на бранот треба да се додади информацијата што значи менување на амплитудата на бранот што доведува до поголема потребна моќност на предавателот и поголема потрошувачка енергија). Фм од друга страна ги нема овие карактеристики и е полесен и поефикасен за употреба.

За квалитетот, мислам дека и АМ и ФМ вадат горе долу исти квалитет зависно од нивниот начин на изведба - предавател, приемник, надворешни фактори т.е. влијатели на емисијата.
I reject your reality and substitute my own.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ама еве сега ако ги направат DRM старите АМ предаватели :) тогаш нема да важи тоа за АМот
Тогаш ке имаат и поголем домет предавателите па може радио Битола со DRM сигнал ке се фати во Скопје :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Aleks

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 269
  • Gender: Male
Ок тоа... но мислам дека македонија сеуште не е спремна за дигитално радио. Сеуште дигиталнава телевизија ни е сокрш не па да почнат радијава дигитални да ги прават .)
I reject your reality and substitute my own.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Не само тоа туку можно е и DRM стандардот да не е усовршен како што треба или во најлоша варијанта утка па многу малце се користи бар сега за сега
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Aleks

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 269
  • Gender: Male
???

DRM стандардот веќе се користи .... така да не верувам дека има можност за „можеби не е“ IMHO that is.
I reject your reality and substitute my own.