Author Topic: Промена на изгледот на Windows Se7en да изгледа подобро  (Read 567 times)

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Промена на изгледот на Windows Se7en да изгледа подобро
« Opened on 05.02.2010, Friday, 16:08:33 (Edited 05.02.2010, Friday, 17:57:15) »
Ова е туторијал кој ке ви објасни како да го изменете вашиот Windows Se7en да изгледа како на следните слики:



Вовед:
Следењето на овој туторијал ќе ви одземе подолго време одколку што сте навикнати да работите на компјутер и може да настанат некои ситни проблеми кои брзо се решаваат.
Исто така ќе ве замолам да го користите туторијалот на верзија 7600RTM  бидејки само на оваа верзија работат фајловите кои ќе ги прикачам најдолу во постот, воедно да напоменам дека ова е тестирано на опишаната верзија погоре и тоа на 32bit верзија од оперативниот систем. Ако користите 64bit верзија ќе ве замолам да почекате додека не напишам како се прави за таа верзија.
Туторијалот се состои од 9 добро објаснети чекори кои се детално објаснети и можете многу лесно да ги следите.
Во закачениот фајл најдолу во постот под име nCounTr's Se7en Style ќе ги пронајдете сите потребни фајлови класифицирани по чекори и само тие фајлови ќе ви бидат потребни.
На сликата можете да забележите дека Firefox е одлично изменет, на десктопот има одлични gadgets кои не се од оперативниот систем, а ова ќе биде објаснето подоцна како да го направите.


ВНИМАНИЕ:
Следењето на овој туторијал може да доведе до пад на системот ако не се следи секоја точка со внимание. Авторот не превзема никаква одговорност за настанати проблеми/штети од следењето на туторијалот.


Чекор 1. Universal Theme Patcher
За да можеме да ставиме свои теми на оперативниот систем неопходно е да извршиме промена на три фајлови од самиот оперативен систем.
Па така го земаме фајлот Win7 Theme - Cekor 1 - Universal Theme Patcher го отпакуваме во сопствен фолдер од каде го покренуваме фајлот UniversalThemePatcher-x86.exe при што ќе ви излезе прозорец на кој лесно може да се виде кој фајлови треба да се променат при што ќе кликнете на patch од десната страна за секој од фајловите. Кога ќе завршите со овој чекор одете на следниот.


Чекор 2. Take Ownership
Овде ќе извршиме поставување на копче на десен клик на кое ке пишува Take Ownership за да можеме да ги превземеме правата над сопствеништвото на фајловите кој треба да се променат.
Затоа отпакувајте го фајлот Win7 Theme - Cekor 2 - Take Ownership  во посебен фолдер и кликнете двапати на фајлот Add_Take_Ownership.reg. Кога ке завршите со овој чекор отидете на следниот чекор.


Чекор 3. Soft7 Theme
Овде ќе го објасниме инсталирањето на првичната тема за Windows наречена Soft7 Theme по која е наречен и чекорот. Имено кога ќе ја здогледате темата не се разочарувајте бидејќи сеуште имате многу работа додека го добиете крајниот изглед како на сликите.
Така го земате фајлот Win7 Theme - Cekor 3 - Soft7 Theme и го отпакувате во посебен фолдер од каде влегувате во фолдерот Soft7 и ги копирате сите содржини од него и ги пренесувате во фолдерот C:\Windows\Resources\Themes и го кликате двапати фајлот Soft7.theme при што ќе ви се измени целиот изглед на системот.


Чекор 4. steelOrb Start Button
Со следење на овој чекор ќе извршите промена на Start копчето со тоа што ќе добиеме една целина заедно со иконите кои ќе бидат инсталирани во понатамошните чекори на туторијалот.
Го земаме фајлот Win7 Theme - Cekor 4 - steelOrb Start Button и го отпакуваме во посебен фолдер од каде го покираме фајлот explorer.exe. Потоа одиме во C:\Windows и го наоѓаме постоечкиот (оригинален) фајл  на кого кликаме со десно копче и ја бираме опцијата Take Ownership.
По извршување на таа команда го преименуваме постоечкиот фајл во explorer_backup.exe и го Paste-ираме фајлот кој го копиравме на почетокот.
За да ги видеме промените одиме десно копче на Taskbar и кликаме на Task Manager каде во Processes го наоѓаме процесот explorer.exe и го прекинуваме.
Потоа од менито на Task Manager одиме на File и кликаме на копчето New Task (Run...) каде во новиот прозорец што ќе ни се појави пишеме explorer и кликнуваме на Ok. Така ќе ни се покаже новото Start копче кое изгледа многу подобро со темата одколку стандардното што доаѓа од оперативниот систем.
Понатаму ќе закачам и други изгледи на старт копчето.


Чекор 5. Lumen VS Explorer Frame

Овде ќе извршиме промена на фајл за да ги промениме стрелките покрај address bar-от во explorer-от.
Го отпакуваме фајлот Win7 Theme - Cekor 5 - Lumen VS Explorer Frame во посебен фолдер и го копираме фајлот ExplorerFrame.dll. Потоаа одеме во фолдерот C:\Windows\System32
каде го бараме фајлот ExplorerFrame.dll на кого кликнуваме со десно копче и ја бираме опцијата Take Ownership. Потоа го преименуваме фајлот во ExplorerFrame_backup.dll и правиме Paste на претходно копираниот фајл. Со тоа ги променивме стрелките и сега одговараат на темата.


Чекор 6. TokenW Icon Pack
Ова се иконите за темата која ја променивме и можете да ги видите на сликите погоре, тоа се само мал дел од иконите кои доаѓаат во пакетот.
Ова ќе го промениме со тоа што го земаме фајлот Win7 Theme - Cekor 6 - TokenW Icon Pack и го отпакуваме во посебен фолдер од каде влегуваме во фолдерот TokenW Icon Pack 7600 X86 од каде пак влегуваме во TokenW IconsX86 installer и го кликнуваме двапати фајлот INSTALL.cmd кој ќе ни прикаже мени во кое лесно можеме да се снајдеме и да ги инсталираме иконите, со што на крај ќе не праша дали сакаме да го рестартираме копмјутерот на кое ние одговараме со Yes.


Чекор 7 и 8. Token Icons
Ова воопшто и не треба да се вбројува во чекорит бидејќи ова се икони кои може да се искористат за кратенките од програмите кои ги имате инсталирано или да ги промените иконите на RocketDock како што имам јас направено.
Имено иконите се наоѓаат во фајлот Win7 Theme - Cekor 7 - Token Icons и фајлот Win7 Theme - Cekor 8 - Token File Type Icons.
Сеуште немам изнајдено начин како да ги искористам фајловите за чекор 8 затоа за нив дополнително ќе пишам за како да ѓи искористите.


Чекор 9. Through the Glass Wallpapers
Во овој краен чекор се дадени позадините за десктопот во фајлот Win7 Theme - Cekor 9 - Through the Glass Wallpapers. За најкомпатибилна со темава ја искористив позадината - очигледно е која позадина е искористена и немора да пишам која е :)


Ако ги проследивте сите чекори редно е да направите рестарт на системот за промените да бидат целосно видливи, а после рестартот одете на делот за фино подесување и прочитајте го.

Фино подесување (Fine Tuning):
Забечежувате дека темата е плава и не е како што е на сликите погоре, тоа е така затоа што сеуште не сме завршиле со ситните детали од кои дел ќе бидат објаснети во овој сектор од туторијалот, а друг дел во понатамошни постови, бидејќи туторијалов ако се пишува со еден здив е многу исцрпувачки, бидејќи користам и други програми за промена.
Значи да го промениме изгледот место да имаме зеленикава боја да добиеме нијанса од сива боја, така одиме на десно копче на desktop и ја одбирате опцијата Personalize од каде ќе отидете на опцијата Window Color која се наоѓа најдолу од левата страна покрај Desktop Background од каде ќе ви излезе нов прозорец каде го избирате сивото квадратче.



Тоа е се во овој пост, за понатаму ќе ве замолам ако сте го проследиле туторијалот да ми пратите слики во вашите постови заедно со прашања ако имате заглавено на некој дел од туторијалот и ќе можам точно да ви одговорам што да направите за да го добиете мојот изглед на темата.


Еве ги потребните фајлови кои ќе ви требаат за следење на туторијалот:
Code: [Select]
http://rapidshare.com/files/346286654/nCounTr_s_Se7en_Style.rar
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA