Аналогна електроника > Кодери

16X Oversampling дигитален стерео кодер

(1/6) > >>

BorceBT:
Еве еден мој дизајн на стерео кодер кој го дизајнирав специјално за тогашното мое пиратско радио ;). Кодерот е многу квалитетен и нема ниту еден кондензатор или филтер во патеката на сигналот, дели лев/десен 100%, стабилна фрекфенција, евтин за изработка и може да се употреби како во мали предавателчиња така и во професионални предаватели.

П.С. Не смеете да правите стерео кодери од оваа шема за продажба или кит без да ме консултирате  ;D

Уживајте:

DX-er:
Јас имам слушнато дека левиот и десниот аудио канал се менуваат и тоа со 38 000 000 пати во секунда па така во еден момент се пренесува левиот канал а во друг момент десниот и се така со огромна брзина и не можеме да забележиме. Иначе нешто како секој канал има и некој друг тон (пискав) на 18-19KHz со кој се обележува (означува) каналот за да може декодерто да примети.
Дали ова е точно?

BorceBT:
И да и не. Техниката на генерирање на стерео сигнал се вика балансирано модулирање со помош на таканаречен Double sideband suppressed carrier (DSBSC) модулатор. Тоа модулирање математички (и ако се оди по учебник) е боли глава меѓутоа ако ја оставиме математиката настрана е навистина менување на левиот и десниот канал по одредена фрекфенција f. Меѓутоа, во природата се е синусоидално и ние неможеме тукутака да го пуштаме левиот и десниот канал х пати во секунда бидејќи ќе создадеме хармоници и ќе изгубиме квалитет. Идеалниот балансен модулатор го менува по синусоидален закон левиот и десниот канал во еден сигнал кој има спектар составен (sidebands) од левиот канал и десниот канал во спектарот без носителот. Интересното тука е што овој модулатор истовремено е и мешач бидејќи немаме обична модулација (сигнал кој се модулира) туку имаме два сигнали кои се модулираат. Кога се мешаат два сигнали се добива спектар (sidebands) од збирот на сигналите и модулационата фрекфенција и разлика од сигналите и модулационата фрекфенција. Значи теоретски имаме 4 фрекфентни sidebands. Бидејќи физички спектарот може да е само десно (фрекфенција поголема од нула) ние имаме 3 бидејќи едниот (најлевиот е негативен по фрекфенција). Од тие трите, првиот е Лев + Десен канал сигнал кој се наоѓа од 0 до 15КHz (супер, се погоди да моно радијата фаќаат Лев+Денен) и втор+трет е погоре модулираниот сигнал на 38КHz со спектар + и - 15КHz во ширина. Бидејќи рековме дека овој модулатор во оваа конфигурација е и мешач горниот sideband на сигналот е всушност Лев-Десен.



Со ова ги имаме двата сигнали (Лев+Десен и Лев-Десен) со кој може подоцна со операциони засилувачи да се одделат посебно левиот и десниот сигнал. А каде е тука тој пискав тон од 19KHz? Тој е тука бидејќи овој тип на модулација нема носител а за да се демодулира мора да биде во фаза со модулаторот. Што значи тоа, тоа значи дека мора да се знае кога „почнува“ левиот канал а кога „почнува“ десниот канал. Тоа го решиле со сигнал со 2 пати помала фрекфенција од носечката 38KHz (19КHz) и што е во фаза со носечката. Овој сигнал го користи стерео приемникот за да се локува (PLL), да биде во фаза за да може да декодира и плус за да знае ако има 19KHz сигнал да го вклучи стерео декодерот а ако го нема овој сигнал да не го вклучува.
На крајот на спектарот е RDS сигналот на 57KHz но за тоа другпат, се подготвува веќе едноставен RDS кодер. Се надевам е јасно.

DX-er:
Фала ти многу за деталниот одговор и одлично што наскоро ке ставиш и RDS кодер :)

DX-er:
Борче да не имаш нацрт за плочка и монтажна шема?
608KHz кристал од каде можам да најдам?
позз

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version