Дигитална електроника > Микроконтролери

8х5 ЛЕД порака со PIC16F84

(1/3) > >>

BorceBT:
Ова е шемата и кодот на една ЛЕД порака која ја дизајнирав со цел да биде поклон. Пораката можете да ја едитирате во asm фајлот (изворниот код) меѓутоа не се направени сите букви бидејќи целта ми беше да пишува „Те сакам“  ::) Сепак, ако некој е спремен може да ги направи сите букви (буквите се подпрограми) и да го даде средениот код тука. Кој нема време може да го направи склопот и да го сними кодот во HEX формат од овде во PIC микроконтролерот и да му пишува во пораката „Те сакам“ на кирилица и да го даде на поклон. Коментар е дека брзината на движење на буквите се регулира со кристалот. Кристал од 1MHz е бавно, од 2MHz e пребрзо... 1.8MHz мислам дека е таман. Се напојува од 5 до 8 волти во зависност од сјајноста која сакате да ја има дисплејот. Над 8 волти може да прегори! ставете 7805, 7806 или 7808 регулатор. Јас го напојував со 7806 и од 9 волтна батерија но пробав и директно да ја поврзам 9 волтната батерија имаше феноменална сјајност и микроконтролерот иако малку загреваше работеше без да прегори.

Devil:
а дали кодот за буквите е стандарден
мислам дали ако ги најдам по нет некаде како се ќе можам да ги користам, ако не ..
тогаш дај кажи за некоја буква како е па ќе пробам и за другите да видам
пошто во кодот ( во асм фајлот) јас ништо не разбрав, се разбира има некој букви најдолу ама не се доволни тие хехех
кажи ја постапката како сами да ги пишуваме буквите  :)
не може да пишувам тоа што ќе ми текне

DX-er:
фантастично нешто, само да направам програматор и прво што ке го направам ке биде ова.
Колку пари е пиков и дали при купување треба да пазам на нешто (модел, марка или сл.) ?
Дали двата фалја треба да се снимат во микроконтролерот (asm и hex) ?

BorceBT:
За DX-er: Контролерот PIC16F84 може да биде од кој било модел, со А на крајот или без А, -04 (4MHz) или -20 (20MHz). 4MHz ти е малку поевтин. Се снима HEX фајлот (припремен е) но asm ти треба за да ставиш ако сакаш твој текст и да го компајлираш (конвертираш) во HEX со програмот MPASM од Microchip (За ова ќе следи туторијал за микроконтролерите подоцна).

BorceBT:
Околу буквите. Во кодот се направени следниве букви (на кирилица):

А, Б, В, Е, И, Ј, К, Л, М, Н, Њ, О, Р, С, Т, Ч, знакче за срце (подпрограма Sr) и точка (подпрограма Tc). Значи, доста букви се веќе направени и можете да видите како. Како да донаправите ваши букви или знаци. Значи вака: Секоја буква (или знак) е потпрограма. На пример, овој дел од кодот е буквата Т:


--- Code: ---T_ call Pr
bsf 0x10,0
call Pr
bsf 0x10,0
bsf 0x11,0
bsf 0x12,0
bsf 0x13,0
bsf 0x14,0
call Pr
bsf 0x10,0
call Pr
return

--- End code ---

со наредбата bsf всушност вклучувате диоди во матрицата. 0х10 ви е првиот ред на диоди, 0х11 вториот и така натаму се до 0х14 кој е петтиот ред. Е, сега вака: си ја замислувате матрицата како колони одлево надесно. Со секоја наредба call Pr всушност ја носите програмата една колона подесно, значи буквата Т е направена вака (гледајте и во кодот): првата диода горе - вклучи. Колона надесно (call Pr). Вклучување на првата, втората, третата, четвртата, петтата диода (значи стапчето на Т). Колона надесно (пак). првата диода горе - вклучи. Крај на буквата Т (return).

Со повикување Call T_ ви ја покажува буквата Т во вашиот текст. Значи со овој модел можете да правите букви или знаци кој можат да бидат колку сакате колони широки (до 8 нормално). Се надевам е јасно. Експериментирајте и довршете го кодот со сите букви. Некој може ќе стави и латиница фонт ако има време и нерви :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version