Сите тие слотови PCI, PCIe x16, PCIe x8, PCIe x1, се врзани генерално преку стриминг процесори на north bridge, а до сите има пристап VIC и можат да се линкуваат помегу себе. Сите графички околини користат драјвери за пристап до RAM меморијата на графичката карта. Ако се направат драјвери кои ке работат со прелинкувани магистрали, нема да има проблем да се достават сите податоци. Така само ке с епојават податоците на тој слот што го имаш (или на друг слот ако сакаме). Е сега ке треба некој да ги земе тие податоци и да и ги даде на графичката во нејзиниот формат. Бидејки сега за сега уште графичките стриминг контролери и хардверскиот DMA не подржуваат мултиплекс, ке мора да се направи интерфејс кој ке ги среди податоците пред да и ги прати на графичката. Тој мора да биде енормно брз, па ке мора да се прави во најмала рака со CPLD или FPGA. Изработката на софтверот за интерфејсот и драјверите се приказна сама за себе, и јас со моето скромно знаење ке треба да работам на нив 8-12 месеци. Ако се најде графичка со таков слот, таа ке си ги прима податоците во формат кој е дефиниран во драјверот што доаѓа со нејзе (многу евтино и едноставно). Не дека неможе да се направи, но колку е исплатливо. Инаку имам правено конвертор од PCI на PCIe x16 за карта за видео процесирање, но сите функции за интерфејсот кој беше со XILINX Spartan II, веке ги имав, и не беше едноставно да се склопат за да работат (инаку тоа е FPGA кој се програмира во VHDL за оние што не разбираат за што зборам). Најдобрата варијанта веке ти ја кажав, и гледам дека ја прифати, ова беше само за да се појасни работата како функционираат компјутерските системи.