Обично за пренос се користи алуминиум, како што кажаа некои членови, полесен е, отпорен на атмосферски влијанија, поефтин е, единствено е малку полош проводник од бакарот. Бакар се користи во рамките на една постројка (трафостаница или разводен ормар) односно за пренос на помали растојанија - бидејќи полесно се манипулира со него - лесно се витка, се буши, по потреба лесно се леми, итн.