Author Topic: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140  (Read 6150 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Opened on 15.08.2010, Sunday, 22:37:02 (Edited 09.03.2020, Monday, 19:50:38) »
Ова е една оригинална шема која беше развиена за нишкиве ХСР 140 и 160.Се покажа добра иако не знам зошто не заживеа.Има комерцијални причини за тоа.Значи,со тримерите од 10 к се подесува прагот на заштита на секој канал посебно: најосетлив е за високотонците,а најнеосетлив за басовите.Работи на принцип на каснење на вклучување  на звучниците на стартот, а ги штити од секаков вид транзиенти.Во принцип може са се штитат само среднотонецот и високотонецот,а басот да оставе ван заштита.Значи се подесува прагот за секој канал посебно во зависност од јачината на звукот кој сакаме да го слушаме.Прагот се одредува  со вртење на тримерот на секој канал посебно.Релето е 24 волтно со три контакти по мин.5А.а заштитата се прави за секој канал посебно!
Може да се вгради и во звучната кутија,само се потребни два посебни исправувачи и приклучок за 220В за секоја кутија посебно!

Jove

  • Guest
А каква заштита е оваа објасними малце како функционира и така неможам да разберам како функционира ??? ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ХСР-от има тросистемски звучници :ова регулација може да го штити звучникот од секој транзиент што би дошол на басот,средниот и високотонецот.Затоа зема сигнал од секој звучник посебно! Понатаму принципот е мерење на напон,склопот реагира и преку релеј го исклучува напојувањето.

Offline Slayer

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Quote
ХСР-от има тросистемски звучници
мене ми донесоа хср 160 со двосистемски звучници дали тоа значи дека не се оригинал ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ХСР-от 140 и 160 имаа три и четири звучника во кутија и тоа : 140 беше со бас од 12 инчи + среднотонец (во своја кутија) и калотен високотонец од 1 инч.Басот беше солиден со два спајдера ( барем за тоа време и тие пари!). Кога излезе 160-ката имаше период кога кутиите беа со 12-ка,ама потоа ги заменија со две 8-ци ( по Филипс технологија) ,а средните и високите останаа.Секоја друга ХСР комбинација не е оригинална!!

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Re: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Reply #5 on 23.01.2013, Wednesday, 23:34:40 (Edited 24.01.2013, Thursday, 00:07:03) »
Засилувачот HSR160 е во пар со следните звучници(поединечно) 3 броја:

Бас - AZ 1202/BFO - 1                    80W/4Ohm
Среднотонец - AZ 551/72/M4       40W/4Ohm
Високотонец - AZ 010/73/SK-4     40W/4Ohm

Овој модел не е со двосистемска звучна кутија............
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа е тросистемска верзија со 12 инчен бас,среднотонец и високотонец.Тоа е подобрата варијанта.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Тоа е тросистемска верзија со 12 инчен бас,среднотонец и високотонец.Тоа е подобрата варијанта.

Како мислиш подобрата варијанта,која е другата варијанта.Се продаваше со овие звучници кој случајно ги имам запишано додека го користев и додека мислев дека нема подобро..........Одамна е ова...........
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па читај што напишав - си имал среќа што со 160- ката си добил 12 бас! Тоа беше во рана фаза,а потоа кутиите ги правеа со два баса место еден ,ама тие беа 8-ки по 40 вати во паралела,ама многу брзо прегоруваа при константна јачина на звукот (  малку повеќе од половина!) и не даваа така добар звук како оние со 12-ка бас.

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Па читај што напишав 

???????????????????????
Па добро незнаев за другата верзија....................Ова не ти беше напишано претходно ;)
Дарко

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Reply #10 on 24.01.2013, Thursday, 00:19:28 (Edited 24.01.2013, Thursday, 00:25:04) »
Твоите се со 12-ка -еден бас а другиве вака изгледаат ( со 2 баса!)

Споено мислење: [time]24 Јануари 2013, 00:20:48[/time]
ХСР-от 140 и 160 имаа три и четири звучника во кутија и тоа : 140 беше со бас од 12 инчи + среднотонец (во своја кутија) и калотен високотонец од 1 инч.Басот беше солиден со два спајдера ( барем за тоа време и тие пари!). Кога излезе 160-ката имаше период кога кутиите беа со 12-ка,ама потоа ги заменија со две 8-ци ( по Филипс технологија) ,а средните и високите останаа.Секоја друга ХСР комбинација не е оригинална!!

Еве што напишав. ;D 8)
Еве како се *преправаа* звучниците од ХСР  едно време: басот беше во посебна кутија ,а средните и високите во помала-сателит кутија.И вака звукот беше во ред.

Offline Slayer

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Reply #11 on 24.01.2013, Thursday, 16:48:23 (Edited 24.01.2013, Thursday, 22:47:52) »
Еве ги моите:


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Reply #12 on 24.01.2013, Thursday, 17:03:23 (Edited 12.04.2013, Friday, 16:09:21) »
Ова не се оригинални кутии за ХСР ! .Басот е 4о ватен нишки ,а високотонецот не е оригинален од ХСР.Еве слики од басовите ,а еве како изгледаат двете оригинални ХСР кутии

Offline Slayer

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
Re: Заштита на звучници за HSR Ei-Niš Hi-Fi 160/140
« Reply #13 on 24.01.2013, Thursday, 17:17:59 (Edited 24.01.2013, Thursday, 22:49:46) »
значи во 3 те кутии имам оригинал басови ко на првата слика  и фалш високотонци а во 4 тата имам бас ко на 3 тата слика и исто така фалш а свртницата на сите 4 кутии е ваква



е сеа ме интересира дали ова е оригиналната свртница? или како шо ми изгледа е хоум мејд!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е оригинална свртница.ЕИ своите свртници ги правеше на печатена плочка со нишки кондензатори.Еве слики и шема на свртница малку дотерана.Ако сакаш имам некој нацрт за двостепена кутија со нишки звучници,ако сакаш да правиш или да смениш свртница.