Author Topic: Разлика на канали за Lafayette HB -555 ЦБ станица  (Read 2035 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Разлика на канали за Lafayette HB -555 ЦБ станица
« Opened on 06.08.2010, Friday, 22:27:52 (Edited 07.08.2010, Saturday, 16:17:43) »
Господинот УРАХАРА реторички спомна за неговата ЦБ станица Lafayette HB -555 :

Quote from:  Urahara
Каде го пишува правилото дека мора да е разликата 455КХз ? Имам станици со меѓуфрекфенција од 455КХз и една Lafayette HB-555 со предајна меѓуфрекфенција од 3МХз
Ве цитирам за да се разбереме: стандард во АМ модулација кај ЦБ е 455 Кхз.Значи приемниот кристал е поголем за 455 кхз од приемниот! И со тој стандард треба да работите ако сакате да се чуете со сите на бандот.Друго е ако некој го преработил уредот,ги сменил кварцовите па комуницираат  само две станици(што не е дозволено!).Го има тоа ама меѓуфреквенција од 3 Мхз нема! Еве го и исечокот од оригиналната документација .Заокружена е меѓуфреквенцијата! Поздрав

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
некако не ме бендисуваат ЦБ станиците, повеке ги сакам оние на 3,7,  7 и 14МХз барем со нив во секое време можеш да комуницираш со странство било ден/ноќ било имало голема/мала пропагација. ЦБ станиците бар како што ми кажале имаат мал домет и тој е некаде околу 20км со 4W (без пропагација - локално емитување)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не го ставив прашањето за ЦБ-то воопшто,ами како одговор на  човекот,кој кажа дека кај него меѓуфреквенцијата е  3 Мхз!? Иначе ЦБ-то почна да биде интересно во бивша ЈУ,кога испадна *АТОМ 1* од весникот САМ за самоградба.Не успеав да го направам првиот,ама го направив *АТОМ 3 ИЦ*,ако се сеќаваат постарите ЦБ-јаши од МК.Во Велес дури направивме и ЦБ секција која траеше 2-3 години.
Со 2 вати ја работев Италија и тоа еден Мауро од околина на Варезе,кој работеше со сила од 10 вати со *Президент Грант*.Имам мислам и  QSL карта.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Разлика на канали за Lafayette HB -555 ЦБ станица
« Reply #3 on 07.08.2010, Saturday, 00:13:42 (Edited 07.08.2010, Saturday, 00:14:57) »
Ок, моја грешка, не мислев на меѓуфрекфенција туку на фрекфенциска разлика.

Истотака направив грешка што не било 3МХз туку 6.685 МХз.

Колку за доказ, повели оргиналниот service manual од станицата :

@DX-er

Тотално различни радио операторски активности се ЦБто и КТ работата. На КТ ако не пропагација џабе ти е моќна опрема.

Иначе не е 3.7 бандот туку 3.5 т.е. 80 метри банд.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ОК.Можат да се прават извртувања,во смисла да ги измениш фреквенциите  со менување на кварцовите и да направиш * дуплекс* врска,само со две станици.На една фреквенција предаваш.а на сосема десета слушаш! Тоа може некогаш да биде интересно како заштита од прислушкување,ама сега има скремблери што ловат на милион фреквенции,па не можеш ништо да скриеш :D
Сепак интересно е кога сите те слушаат и ги слушаш! ;)

Ок, малку чуден одговор оти сепак дискутираме за фрекфенции во кој случај јас излегов во право.

Знам што е дуплекс и во овој случај нема да може да се искористи ни да се направи. Затоа што,

1. Станиците треба да се со инверзни фекфенции - едната да предава на А а да слуша на Б, а другата да предава на Б а да слуша на А.
2. Неможе да се стават на станицата кристали од 27МХз затоа што - филтрите не се за таа фрекфенција (премните), целиот систем работи на точно определена фрекфенција (приемна меѓуфрекфенција од 6685 КХз и неможи да се промени (без тотален ремонт на станицата се разбира)
3. Излезниот филтер (кој што е заеднички и за прием и за предаја) се префрла од прием и предаја со реле но сепак е наместен за фрекфенциите кои се дадени во табелата и ќе е голем зафат и тој дел да се промени.

Занчи за да ја направам станицата за да работи на исти кристали ќе треба да изгубам многу време и нерви (цената горе долу ќе биде незамерлива оти компонентите треба само да се преконфигурираат), а станицата верувај дека не вреди толку (80тите години???).

Овој стандард колку што го знам (со повисоки фрекфенции за прием) го имаат вкорпорирано неколку фирми за ЦБ станици и е баш често да се види таков дизајн.

Поздрав :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Оваа станица што ја имаш ја користат американските камионџии,а тие одстапуваат од светската класика.Прво по европските стандарди ( не знам точно да го наведам стандардот!) не постои таква меѓуфреквенција ниту разлика на каналите.По старите ЈУС стандарди(во бивша ЈУ),кои Хрватска сеуште ги користи за ЦБ и АМ модулција (ФМ не е дозволен!!!) стандардна МФ е 455 Кхз.Веројатно и кај нас тоа не е изменето!Не сум во тек ,некој можеби знае како стојат прописите и кај нас,ама мислам дека сме усогласени со европските!!!

Offline z33dgm

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 120
некако не ме бендисуваат ЦБ станиците, повеке ги сакам оние на 3,7,  7 и 14МХз барем со нив во секое време можеш да комуницираш со странство било ден/ноќ било имало голема/мала пропагација. ЦБ станиците бар како што ми кажале имаат мал домет и тој е некаде околу 20км со 4W (без пропагација - локално емитување)

не е точно. Баш за КБ (кратки бранови) треба пропагации поголемите фрекфенции се отворени преку ден додека ниските фрекфенции се отвараат навечер ( ниски мислам на 7, 3.5 и 1.8 ) додека високи мислам на (14 21 и 28) основните фрекфенции за кратки бранови без барц бендовите ( 10 18 и 24 МХз)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Code: [Select]
http://aek.mk/видете тука можеби ќе најдите нешто корисно :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дечки,отидовме настрана од темата! Пропагациите се едно,а меѓуфреквенциите и ЦБ каналите друго.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Оваа станица што ја имаш ја користат американските камионџии,а тие одстапуваат од светската класика.Прво по европските стандарди ( не знам точно да го наведам стандардот!) не постои таква меѓуфреквенција ниту разлика на каналите.По старите ЈУС стандарди(во бивша ЈУ),кои Хрватска сеуште ги користи за ЦБ и АМ модулција (ФМ не е дозволен!!!) стандардна МФ е 455 Кхз.Веројатно и кај нас тоа не е изменето!Не сум во тек ,некој можеби знае како стојат прописите и кај нас,ама мислам дека сме усогласени со европските!!!

Стварно незнам на што стандарди асоцираш ? Стандарди (патенти, whatever/) во светот не постојат и секој може да направи каква и да сака меѓуфрекфенција. Пример, погледни ја меѓуфрекфенцијата на FT-101 која оди во 5-6 децимали и кажи ми по што стандард е тоа ?.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Иaко е ова многу стара тема сепак ке му одговорам на Урахара:
Прво,разговорот почна и се водеше на тема МФ кај СВ станиците,кој во овој случај се канални и фиксно работат со канали ,според  Законот ,каде 20-от канал е задолжителен и емисијата е АМ.Дополнително се дадени услови за ФМ ,а SSB поради ширината не се работи(или ретко!) кај нас. Конструкцијата на сите овие канални СВ уреди беше таква да се употребува фреквентна разлика меѓу каналите на прием и предавање 455 Кнз .Бидејки старите станици се со АМ модулација и приемниците се така правени да нивната меѓуфреквенција е 455Кхз.
Ова што Урахара го споменува  за меѓуфреквенцијата лај FT 101 е сосема друга работа! Таму се работи за нормална SSB конструкција ,ама не со кристали,ами со VFO осцилатор со кој континуирано се мениува фреквенцијата на VFO ,кој се меша со влезната  фреквенција и се добива разлика на фреквенции која е со шеста децимала поради бочните опсези на SSB начинот на емисијата на предавателот.Значи постојат два бочни опсега кај SSB-то и за да се покриваат мора осцилаторот и меѓуфреквенцијата да се * поместуваат * за да може да се слушаат(следат) двата бочни опсега.
Еве и линк за да прочитате поопширно ,ако некој се интересира:
Code: [Select]
http://www.qsl.net/nw2m/ft101.html#completeа ако сакате имам и шема и сервис мануал ,кој го чувам од првата станица која ја сретнав во РК Никола Тесла од Велес (кога постоеше)

Искрено ништо не те сфаќам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па види вака: ако ја погледнеш шемата на FT 101 ке видиш дека приемникот има ФИКСНА меѓуфреквенција.Јас не те разбирам за каква тоа меѓуфреквенција споменуваш кога велиш *погледни ја меѓуфрекфенцијата на FT-101 која оди во 5-6 децимали...*

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Не знам како разбираат членовите и гостите што читаат, како преписка на двајца глувонеми, никако да се разберете, теоретски може да биде различна МФ, ама до сега немам никаде сретнато, додека основната фрекфенција може да се менува, во тенковите имаше радиостаници каде механички се движеше мехаснизам претходно по дадена шифра(преклопници) така да на неколку секунди се променуваше основната фрекфенција, така да ако некој те улови, од цела реченица ќе слушне само едно зборче, денес можностите се огромни за склембрирање на сигнал, а во дигитална форма може и да се криптира.Арно ама МФ кај АМ и ФМ се тие стандардни, разликата е кај руските меѓуфрекфенции на тон кај ТВ преносот, хрома(боја) сигналот на сликата кај американските, но сите се приближни, не може да се отскокне драстично, самата ширина на фрекфентниот опсег на сигналот што се пренесува ја дава и потребата на носечката фрекфенција за пренос на истиот.
пр:  ако основниот сигнал е 1-2 Мхз, дали носечката фрекфенција би била во Кхз? секако не може која сакаш МФ да ја користиш.