Author Topic: Идеја за брза поправка и тестирање на LED диоди од LED сијалици и панели  (Read 387 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не дека се скапи и дека не може нова да купите за 60, 70 денари, ама... ако имате слободно време, зошто па да не ;).

Повеќето и онака работат со драјвер кој генерира константна струја и се во серија врзани, така да, автоматски ќе се прилагоди на новонастанатата ситуација, т.е. фали LED диода во серијата ;). Краткоспојувањето не мора да го правите со вадење на LED диодата или лемење за нејзините пинови ;). Едноставно, изгребете дел од silk screen-от (површинскиот слој) и ќе стигнете до водовите :).

Мислам дека напојувањата за LED панелите се изведени на база на константен напон, не струја, т.е. дека даваат 12V на излез, така да, кај LED панели (плафоњерки), можно е да не работи оваа модификација... т.е. ќе работи, но можно е појако да светат останатите LED диоди, со што ќе им го намалите векот на траење драстично, така да... прво проверете во каков мод работи напојувањето, CC (Constant Current) или CV (Constant Voltage), па потоа модфицирајте ;). Ако е CC, нема проблем, ако е CV... подобро не пробувајте, да не го изгорите потоа и напојувањето :P :D.

Е сега зошто „и за тестирање“ ;). Многу често и не е очигледно која LED диода е изгорена или делумно изгорена (кога ќе почнат да трепкаат :P :D... некоја е делумно изгорена и проведува/престанува да проведува и ова се повторува како циклус, а останатите трепкаат), па оваа метода може да ви помогне и за откривање на која LED диода е изгорена ;). Краткоспојуваш една, пушташ во работа, гледаш дали трепка, ако трепка, значи не е таа, одиме понатаму, ако не трепка, значи сте ја погодиле онаа која попушта :).

И ова не е full proof метод, бидејќи можно е повеќе од една диода да откажува (иако, да бидам искрен, ова е многу ретка ситуација, принципот е сличен како на ланец, најслабата карика попушта прва, што не дозволува онаа која е втора по јачина да попушти ;)), но во секој случај, може многу да помогне како метод.

И да, како метода... апсолутно дека е мнооогу макотрпна... кратко кажано, не се исплати :D. Но, од друга страна, кај овие видови на сијалици, многу често и не функционираат како што треба тестерите за LED диоди за телевизори и LCD монитори (пробано). Ја јавува како исправна, си свети, а не е :-\. Е сега, прашањето е зошто... една од две можни причини се барем според мене (или комбинација и на двете). Прво, тестираме една LED диода монтирана на ладилно тело кое е наменето за 5, 10, 15 LED диоди... јасно и логично е дека, доколку термички откажува LED диодата (само кога светат и греат сите LED паралелно), дека дури и толкаво ладилно тело (најчесто, екстремно поддимензионирано), сосема доволно ќе биде за ладење на само една LED диода. Второ, неретка ситуација е да овие тестери не тераат една единствена LED диода до нејзините максимални граници (максимален работен напон и/или максимална јачина на струја низ неа). Зошто, е веќе сосема друго прашање... дизајнирани се пред се за тестирање на LED strip-ови од телевизори и LCD монитори. Не дека и едните и другите не се LED диоди, се разбира дека се ;), но претпоставувам дека параметрите им се разликуваат и тестерот не ги детектира параметрите на овие LED диоди секогаш како што треба. Зошто... не знам :-\. Само знам дека скоро и сум немал проблеми да откријам зезнати LED диоди во телевизори и/или монитор со тестер, но од друга страна, за вакви сијалици, сум пробувал и мака сум мачел и не :D... едноставно не оди :D. Ја јавува како исправна, не трепка, извади ја, преспои ја секцијата, сијалицата престанува да трепка... стави ја пак назад, трепка :D. Не ми е јасна логиката зад ова однесување, освен она што веќе пишав: или термички не може да стигне до моментот да почне да трепка, или едноставно не се товари правилно LED диодата за да дојде до состојба на трепкање... можеби и импулсниот режим на работа е проблем... можеби само во таков режим почнува да трепка, т.е. се покажува дека откажува... не знам :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male
Генерално една ко ќе откажи и другите се при крај на експлоатација, така да само ќе се зезаш со неа, а ако не се гледа со око која диода е зезната остај ја (кога не си дома) да потрепка уште 10 тина саати, ќе до прегори и ќе се гледа. Е можда ако мериш лумени vs струја/напон ќе откриеш која е или која до кој степен е изгорена, ама не би го правел тоа.
Мој предлог е да земиш ладилник (како во *другата тема) и да го монтираш веднаш (пред употреба) или ако веќе изгорела, оваа плоча да ја џиткосаш, и да го искористиш само напојувањето, односно да нарачаш led cob, да го залепиш на ладилник и така да тераш. Ладилникот од северниот мост(north bridge) би ладел докај 10w, а од процесор 15-20w. Брата ми зеде лед рефлектор со сензор, прегоре после 2 недели по гаранцијата, ако сакаш да тера мора ладење да му обезбедиш.
*
http://elektronika.mk/index.php?topic=14989.msg133843#new

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6325
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Памтите како викаа пред 10 години за LED светилките? Многу се по трајни од обичните сијалици и ке работеле по 20 години.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male
Ако им клајш ладилник да, ама на  фабриката не и
одговара да траат толку долго.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3229
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Абе луѓе....и јас треба да земам плата бе дај не зафркавајте  ;D
Кај некои лед светилки сите диоди се во серија (ефтините плафоњерки ги имам приметено дека повеќето се такви) ги има некои има по 2-3 лед диоди паралелно поврзано па после со други се поврзани во серија (со напојувања што се со поголема струја) а за вакво поправање јас имам лед диоди од скршени лед неонки, они имаат поубава плочка од каде што може да се извадат диодите и да се користат за прелемување/поправање на расипани лед светилки. На лустерот кај мене дома почнаа да му цркаат лед диоди па ги мењав една по една за да на крај сите диоди ги сменам наеднаш и еве го веќе (да не го урочам) 3-4 години си тера без гајле.
За трајни лед светлата се по трајни тоа не може да се дискутира ама за лед обично важи колку пари толку музика.
и кај мене во соба имам ставено еден лед панел со преправено напојување да дава помала струја за помалце да грее ледот и (теоретски) повеќе да трае
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male
и на скупите да им приклајш ладилник ќе тераат подолго него без него. не е на одмет.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Генерално една ко ќе откажи и другите се при крај на експлоатација, така да само ќе се зезаш со неа, ...

Па... од она искуство што до сега сум го имал, само преспој ја проблематичната и додади адекватно ладилно тело, нема проблем, тераат другите :).

Но, да бидам искрен, не сум ги тестирал повеќе од неколку месеци, сега за сега, работат ;D.

... а ако не се гледа со око која диода е зезната остај ја (кога не си дома) да потрепка уште 10 тина саати, ќе до прегори и ќе се гледа.

Е да, и ова ти е добра идеја ;).

Е можда ако мериш лумени vs струја/напон ќе откриеш која е или која до кој степен е изгорена, ама не би го правел тоа.

Непотребно навлегување во детали за уред од 60, 70, 80 денари ;).

Мој предлог е да земиш ладилник (како во *другата тема) и да го монтираш веднаш (пред употреба)...

Ова е најдобра комбинација, се разбира ;).

... или ако веќе изгорела, оваа плоча да ја џиткосаш, и да го искористиш само напојувањето, ...

Кое пусто напојување, само еден грец е, кондензатор (за да не треперат, инаку може и без него :P :D) и едно IC со три ногички, генератор на константна струја :D. Евентуално IC-то вреди, бидејќи може да се користи за огромен број на LED диоди, користи CC како контрола за напојување на LED диодите, така да, може да се искористи и во некој друг високонапонски проект со LED диоди ;). Практично и COB LED така работата, само што секцијата со LED диодите им е залиена и затоа биле COB ::) ;D.

Ладилникот од северниот мост(north bridge) би ладел докај 10w, а од процесор 15-20w.

Овие што ги модифицирав, беа по 12W и искористив мало ладилно тело од north bridge за нив. Ги немам пробано оние 50W COB LED што ги нарачав, ама колега вика дека со поголемо ладилно тело од некој стар P4 CPU, супер си работи :).

Брата ми зеде лед рефлектор со сензор, прегоре после 2 недели по гаранцијата, ако сакаш да тера мора ладење да му обезбедиш.

И јас имам земено LED рефлектор со сензор, ама заедно со ладилно тело беше и тоа прилично добро да бидам искрен ;). Ако бил без адекватно ладилно тело, да, одма горат :-\. Овој што го земав чинеше околу 600, 700 денари, така нешто, не ми текнува во моментов, пред неколку години го купи за пред влезна врата.

Памтите како викаа пред 10 години за LED светилките? Многу се по трајни од обичните сијалици и ке работеле по 20 години.

Ова е апсолутна вистина, под услов да имаат адекватно ладење... скоро ниедни кои се продаваа на пазарот немаат... освен LED „рефлекторите“ (немаат заматувач, затоа биле рефлектори ::)).

Ако им клајш ладилник да, ама на  фабриката не и
одговара да траат толку долго.

Многу логично ;).

Абе луѓе....и јас треба да земам плата бе дај не зафркавајте  ;D

Му расипав бизнис на Бојан ;D ;D ;D.

Кај некои лед светилки сите диоди се во серија (ефтините плафоњерки ги имам приметено дека повеќето се такви)..

Исто е и кај обичните сијалици со фасонка (Едисон винт), сите диоди се во серија. Ако една откаже, не работи ниедна :P :D.

За трајни лед светлата се по трајни тоа не може да се дискутира ама за лед обично важи колку пари толку музика.

Па... да, да бидам искрен, така е. Еден пријател купи Hyundai LED сијајалици за фасонки пред неколку години... греат у ПМ, ама сеуште ниедна не му откажала :D.

и кај мене во соба имам ставено еден лед панел со преправено напојување да дава помала струја за помалце да грее ледот и (теоретски) повеќе да трае

Подобро решение ти е адекватно ладилно тело... барем според мене, тоа е најчесто проблемот... не дека имам мерено струја и знам точно кои параметри ги имаат диодите кои се монтирани, па да знам дали напојувањето ги тера до максимални граници :P :D, но монтирање на адекватно ладилно тело е далеку поедноставно решение... барем за мене ;).

и на скупите да им приклајш ладилник ќе тераат подолго него без него. не е на одмет.

Тоа да, и поскапи да се, и јас пак би им монтирал ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male
Quote
Кое пусто напојување, само еден грец е, кондензатор (за да не треперат, инаку може и без него :P :D) и едно IC со три ногички, генератор на константна струја :D. Евентуално IC-то вреди, бидејќи може да се користи за огромен број на LED диоди, користи CC како контрола за напојување на LED диодите, така да, може да се искористи и во некој друг високонапонски проект со LED диоди ;). Практично и COB LED така работата, само што секцијата со LED диодите им е залиена и затоа биле COB ::) ;D.

за овие таман е
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/33033335196.html

Quote
И јас имам земено LED рефлектор со сензор, ама заедно со ладилно тело беше и тоа прилично добро да бидам искрен ;). Ако бил без адекватно ладилно тело, да, одма горат :-\. Овој што го земав чинеше околу 600, 700 денари, така нешто, не ми текнува во моментов, пред неколку години го купи за пред влезна врата.

ти текинат од каде ?

Quote
Тоа да, и поскапи да се, и јас пак би им монтирал ;).

со оглед на тоа дека ја платив 560 денара.... :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
за овие таман е
Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/33033335196.html

Да, би требало да можеш да ги тераш со тој драјвер ;).

ти текинат од каде ?

Продавничките за светло и електрична опрема надвор од Зелено Пазарче (на излезот кај делот за техника, малку подолу, во зградите има неколку такви продавнички). Не и го знам името на продавничката, ама знам каде е ;).

со оглед на тоа дека ја платив 560 денара.... :D

Не е исто, не се како пиците ;D ;D ;D.

А зошто едноставно не си ги извадил и не си ги намонтирал не некое поголемо ладилно тело, а не вака... нема добра контактна површина, колку дополнително ќе ладат тие два мали ладилници од south bridge, дискутабилно е :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male
Доволно, филипс се, помалце греат, секогаш можеш да ги допреш со рака и да не изгориш.
Од пици на векни се префрлив :D
Ај ќе те таксам некој ден да појме до пазарче.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Доволно, филипс се, помалце греат, секогаш можеш да ги допреш со рака и да не изгориш.

А, добро, друг муабет е тоа веќе ;).

Ај ќе те таксам некој ден да појме до пазарче.

Важи, нема проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3229
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Доволно, филипс се, помалце греат, секогаш можеш да ги допреш со рака и да не изгориш.

ако е баш филипс сијалицата здравје кога ќе ти прегори извади го капакот со лед диоди и види што напојување има :D

и гига не ми се исплати ладилно тело да ставам зашто светилката ми е 1,2м долга и немам до толку ладилници :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3941
  • Gender: Male

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
и гига не ми се исплати ладилно тело да ставам зашто светилката ми е 1,2м долга и немам до толку ладилници :D

Е да, тоа е веќе друга приказна :D.