Author Topic: Кабелски приемник  (Read 427 times)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Кабелски приемник
« Opened on 13.08.2021, Friday, 20:26:01 »
Малку помош. Ми треба кабелски приемник за сигнал од Телекабел. Имам оптичка врска до модемот, а од модемот излегува коаксијален кабел за ТВ-то, и РЈ45-ка за интернетот. Телекабел веќе не продава такви приемници.  Тјунерот на ТВ-то не е добар, сликата се кочи. Друг ТВ на истата линија работи ОК. Значи до ТВ-то е. Имал ли  некој информација каде во СК можам да најдам таков, или пак има некој да ми понуди, или линк каде можам да нарачам.

Offline ace1903

  • Нов член
  • *
  • Posts: 6
Re: Кабелски приемник
« Reply #1 on 15.08.2021, Sunday, 09:29:36 »
Гац имаа конвертори од широкопојасна кабелска во стандарден рф за влез во телевизор. Ги зимаа луѓе со постари тв приемници за да
гледаат аналогни канали кои се надвор од стандардниот опсег на телевизорите. Не сум сигурен дека е тоа што бараш ама можеш да провериш во ГАЦ.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кабелски приемник
« Reply #2 on 16.08.2021, Monday, 16:52:30 (Edited 23.08.2021, Monday, 20:28:04) »
Мене не ми е јасно... сликата викаш кочи... на аналогните или дигиталните канали? Претпоставувам дека мислиш на дигиталните, бидејќи не верувам дека модемот врши декодирање наеднаш на сите RF телевизиски канали (она што го прават всушност Телекабел и другите кабелски оператори за да може сигналите да се фаќаат и на стари приемници што примаат само RF аналоген сигнал). Евентуално да е решено во стилот на, се користи само еден RF канал, при што, контролата е од страната на модемот, избираш што да декодира во аналогно RF подрачје, си има GUI декодерот/модемот (што и да е тоа чудо) со далечинско и си бираш кој од дигиталните канали да ти ги прикаже во аналогно RF подрачје на „тој и тој“ (аналоген) канал.

Ако сецкаат дигиталните, да, проблем е телевизорот. Најверојатно „кува“ процесорот (одзема CPU power оваа процедура... 64QAM или 128QAM не е лесен за декодирање, плус, по RF декодирањето, сигналот е AVC, и тоа не е лесно за декодирање). Решение... јас би одел со некој Android box кој може да декодира (прикаже) и аналогни и дигитални RF канали. Најскапо решение, да, дефинитивно, но барем мирен си од аспект на CPU power и можностите кои ги има самиот box, плус, може и да се надградува (со софтвер), така да... јас во таа насока би размислувал ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Re: Кабелски приемник
« Reply #3 on 22.08.2021, Sunday, 11:25:25 »
Најинтересно е што со обична жица наместо антена ги прима слободните дигитални земски канали без проблем. Пример МТВ2 (дигитален е) одлично оди на ТВ-то. Истиот тој канал емитуван преку телекабел кочи, коцка, сецка. Ај викам да не е јак сигналот (80dB). Дечкиве од телекабел го "бутнаа" со TAP12 на 60dB, и пак иста приказна.  Се работи за Тошиба телевизор. Така што, еве ви корисна информација ако некој има намера да купува телевизор

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кабелски приемник
« Reply #4 on 23.08.2021, Monday, 20:34:35 »
Bitrate-от, а и „квадратурата“ на QAM сигналот е пониска кај терестријалната телевизија. Само МТВ1, МТВ2, Сител, Канал 5 и Телма се емитуваат во HD, но со релативно низок bitrate (колку што знам, 3000-4000kbps, што е прилично ниско за Full HD 1080p сигнал). Можно е МТВ1 и МТВ2 да се емитуваат со нешто повисок bitrate, бидејќи МРД е одговорен за тоа, а колку што знам, генерално земено, сигналот од МТВ1 и 2 на DVB-Т е џам (условно кажано... најдобар е од сите Full HD сигнали кои ги имам гледано до сега).

Сепак, не сум 100% сигурен дека е тоа проблемот... можно е да е, но не мора да значи.

Да не има некое подесувања cable/terrestrial во телевизорот? Знам дека по нешто се разликуваа (не само нивоа на сигнали) DVB-T и DVB-C, но во што точно, не ми текнува. Во секој случај, знам дека можно е да се јават вакви проблеми ако „тјунерот“ (RF приемникот) е подесен да прима DVB-T сигнали, а прима DVB-C и обратно.

Ако нема таква опција, евентуално upgrade на firmware ???... ако има нов за тој модел :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Re: Кабелски приемник
« Reply #5 on 25.08.2021, Wednesday, 20:46:54 »
Да, имаш право. Телекабел го прима МТВ2 земски, па го пакува "по свое" во нивниот сигнал со 9600bps и QAM256. Сепак, најов каде да купам нивни приемник со RC излези, и еден HDMI. HDMI-то би требало "да вози" и PC монитор. Идејата ми е, TB -то да го исфрлам,  мојот 24" монитор да го направам ТВ, а за работа да земам 27 инчен. Аудиото би го земал, нели од RC приклучоците на сратомодни PC звучници. Би требало да функционира. Инаку, приемникот не им е баш евтин (2000).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кабелски приемник
« Reply #6 on 26.08.2021, Thursday, 15:20:37 »
Идејата ми е, TB -то да го исфрлам,  мојот 24" монитор да го направам ТВ, а за работа да земам 27 инчен. Аудиото би го земал, нели од RC приклучоците на сратомодни PC звучници. Би требало да функционира. Инаку, приемникот не им е баш евтин (2000).

Да, би требало да работи ;). Имам вака направено со DVB-T приемник со VGA излез и RCA излези за A/V. Аудиото го земав од RCA конекторите, го приклучив за мониторот (имаше звучници вградено во него), VGA сигналот за видеото и супер си работеше :).

Единствен проблем може да биде резолуцијата на која го дава HDMI сигналот :-\. Тој проблем го имав и со VGA сигналот. Овие приемници не поддржуваат „се живо и диво“ од резолуции, како што тоа го можат графичките кратички. Најчесто поддржуваат 3 или 4 најстандардни резолуции (720x540 - SD, 1280x720 - HD Ready, 1920x1080 - Full HD), така да, ако мониторот не може да поддржи да „емулуира“ (да направи Pan & Scan, да рашири или стесни по потреба, за да нема black bars лево/десно, горе/долу од мониторот) определена резолуција која не му е native резолуција (пример, немаш Full HD 1920x1080 монитор, имаш некој со оние старине 16:10 резолуции, кои се водеа по PC стандардите, не телевизиските, на пример 1920x1200), тогаш ќе имаш проблем :-\.

Не сум пробал на HDMI (DVI), но мислам дека овој проблем би требало да може да го „среди“ самиот монитор, но ќе додаде black bars долу и горе на сликата :-\... ј*бига, не му на native резолуција.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Re: Кабелски приемник
« Reply #7 on 31.08.2021, Tuesday, 23:02:57 »
Гига, мониторов има резолуција 1920 x 1080, ама нема HDMI влез, туку VGA. Ти спомна дека си правел DVB-T приемник со VGA монитор. Ама приемникот имал VGA излез. Што мислиш ќе работи ли мојава комбинација DVB-C приемник од телекабел со HDMI излез -> HDMI/VGA конвертор (пример од Анхоч) -> 24'' 1920 x 1080 монитор со VGA влез? Се разбира, само мислење барам, не 100% проверен податок.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12770
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Кабелски приемник
« Reply #8 on 01.09.2021, Wednesday, 20:01:33 »
Би требало да работи, да. Тие конвертори и онака поддржуваат само 2 или 3 стандардни резолуции на влез и излез (720 x 540 - SD, 1280 x 720 - HD Ready и 1920 x 1080 - Full HD). Што друго и да добијат на влез (HDMI/DVI), го игнорираат или даваат глупости на излез (колор бар или шаренила... зависи со каков чип/софтвер е изведен конверторот). Ќе ме изненади ако не работи :D.

Но, сепак... треба да се проба, нели :-\.

Е сега, дури и ако работи, не очекувај врвен квалитет на слика. ОК ќе биде, но најверојатно ништо повеќе од тоа.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."