Се работи за горенаведениот DVB-T ресивер (или кај нас популарно Сет топ бокс).
Set-Top box се викаат насекаде, бидејќи порано, кај CRT телевизорите, најпогодно место за поставување беше над телевизорот (Set, скратено од TV Set; Top, горе, на горната стана се става и затоа Set-Top box
). Инаку, секаква намена може да имаат, од декодерање на кодиран сигнал од кабелскиве телевизии, снимачи на ТВ сигнал, па се до приемници за најразлични типови на сигнали, како DVB-T, сателитски сигнали, итн.
... практично се користат за се што обичниот ТВ уред не може да прави со неговите вградени опции
.
Едино што ми паѓа на памет е да заменам 2 или 3 кондензатора во примарот (едниот е 220uf 16v, друг 470uf 10v и третиот 2200uf 10v) мада на око изгледаат здраво.
Извади ги сите електролити (во 99% од случаите, наменети се за стабилизација на напон на rail-ови кај новиве дигитални уреди), гарант е падната капацитивноста на барем 70% од декларираната, иако не се подуени. Стави нови. Измери напон на краевите на секој од нив, ако е до 5V, слободно може да ставиш 6.3V-ни електролити од матични плочи
. Кај оние со помала капацитивност (100uF, 220uF и слични вредности), слободно може да ставиш и 1000uF, па и повеќе, зависи какви имаш на располагање. За 2200uF/10V кондензаторот, ако напонот на краевите е 5V, слободно стави 3300uF/6.3V, нема проблем да има
. Исто така, ако немаат додадено во паралела и керамички кондензатори за елиминиција на EMI (прегледај низ плочата, би требало да се наоѓаат пред или по кондезаторите, SMD ќе да се), стави им и 100pF кондензатори за елиминација на EMI
.
Ова направи го без разлика дали кондензаторите се суви или не. Најчесто кондензаторите во сите нови уреди се страшно поддимензионирани или со многу лош квалитет. Кондензаторите од стари матични плочи се low ESR кондензатори, најчесто со одличен квалитет (Мatsushita, Nichicon, Rubycon...). Ако пишува дека се 6.3V ги имам тестирано, без проблем може да издржат и краткотрајни напонски шпицови до кај 10, 11V
.
Исто така, провери колку грее декодерот (чипот со ладилното тело). Ако грее до степен да не можеш да го допреш со рака, јас би го заменил ладилното тело. Јас обично ги вадам овие лепениве ладлни телца со она мое
универзално алатче .
Мислам баш на оние три кондензатори околу диодата лево од интегралецот со лепенка! (црната компонента е некоја намотка обвиткана во божур црево).
Тој калем е дел од EMI филтерот. Бидејќи сите вакви и слични уреди веќе се напојуваат скоро исклучиво од мали SMPS адаптерчиња (travel charger-и ги викаа за мобилните телефони кога почнаа да стануваат драстично поевтини за изработка од класичен адаптер со трансформатор
), мора некако да се елиминира тој шум од SMPS секција на секундар од адаптерот, а не секогаш е адекватно филтрирана на излез од самиот адаптер, особено кога станува збор за некоја ефтина копија
, така да, за да се осигураат дека уредот ќе работи како што треба, додаваат и LC филтри
. Овој филтер е непотребен или, евентуално, не неопходен, во случаи кога уредот се напојува од класичен адаптер (со трансформатор, не SMPS)
.
Дампот во атачмент, па пробај. Инаку, на вакви уреди често се случува да прави проблеми процесорот, поради недоволно ладење.
Токму тоа што го кажав
. Но сепак, прбај и со dump-от што го има посочено Toma
. Но, како што рече и Toma, задолжително направи прво backup на оригиналниот dump бидејќи не знаеш дали ќе работи како што треба уредот или не. Ако само логото се разликува а се друго работи, ич не му ја мисли, терај
.
Во секој случај, ако пак исто прави и со новиот dump (во случај да работи), јас би ја испробал варијантата со електролитите и ладењето на процесорот
.