Аналогна електроника > Антени

5 елементи јаги антена за 144-146 мхз

(1/2) > >>

Z31GH:
Радиоаматерските антени за овој опсег знаат да бидат скапи, околу 100-200$
Радиоконструкторството дава можност да се изработи една таква со речиси 0 денари инвестиција. Потребна е само желба за работа и креативни способности. Бидејќи располагав со доста отпаден материјал од стари антени, решив да направам една. Бидејќи со антените нема играње доколку не сакаме да го прегориме излезниот степен на радиоуредот, треба да најдеме точна пресметка за истата. На интернет има доста онлајн калкулатори кои се покажаа без врска. Резултатот е висок SWR, и неправилен однос „напред-назад„. Може тоа да се среди со антенски тјунер, но со тоа засилувањето на антената слабее и не го добиваме очекуваниот резултат. Поради тоа се консултирав со поискусни радиоаматери и врвни радиоконструктори. За оваа антена пресметките и дизајнот ги направе мојот колега и пријател Миле Кокотов Z33T, и истите ми беа потребни за да изработам оваа антена.

Користени беа алумински цевки со пречник од 8мм, како и ноисач на елементите кој исто така е од стара тв антена.
Најголемиот проблем е прицврстувањето на елементите за носачот, кој го решив со таканаречени „сурмиња„ од 8мм и цевката не мрда!
Има два типа на поврзаност на елементите со носачот. Едниот е кога елементите се изолирани од носачот а другиот е кога не се изолирани од носачот. Изолирана е само антенската кутија каде е сместен диполот.







Откако на носачот ги обележав растојанијата на елементите, како и кратењето на истите според шемата, изработката можеше да почне.





Елементите вака нити може да се извлечат нити се закосуваат и не клатаат. Едноставно се како закотвени.





Следно е изработка на диполот.



Пластикава ја изработив на глодалка. Средниот жлеб и со ширина колку носачот.





Оваа пластика ја изработив на дребонг и служи за спојување на двата елементи од диполот, растојанието меѓу нив треба да е 12мм.




Пред да го монтирам диполот на антената последен тест така наречен „Ешалон„


Сите елементи освен диполот се монтирани, и се гледа само еден елемент.

Изработка на диполот.



5 навивки од RG58 се доволни на парче од дрвена рачка од метла.



На платиката израбтена на фреза се монтира пластичната кутија заедно со диполот.




Со ова антената е готова. Добиен е SWR 1:1,2 што е одлично, нема загуби.
Остварена беше радиоврска со R3 каде што поминав одлично.





Оваа антена ја испробав и на SSB секако преку хоризонтална поларизација и истварив радиоврски со грција и русија со одличен рапорт. Користен беше Kenwood TS-700G и Yaesu FT-1500m

Z31GH:
Не знам зошто сликите вака неубаво ги дава  :-\

LordZi:
Екстра, како и сите твои изработки... 8)

Иначе збиени се сликите по ширина, не знам зошто, дали е нешто до форумот или до хостот, треба да провериме...

GigaWatt:

--- Quote from: Z31GH on 04.03.2018, Sunday, 15:11:08 ---Не знам зошто сликите вака неубаво ги дава  :-\
--- End quote ---

Го ископира forum code линкот од Photobucket и paste му направи на форумов?

Z31GH:
Да. Ама не од бровсер туку од каде што имаше на десната страна опција за поставување линк

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version