Имам една ел. скара/плотна која релативно често ја користиме, фабрички си има термостат за регулација, кој ја исклучува кога ќе се постигне зададената температура.
Проблемот е што после некое време, кога ќе се загрее термостатот, се продолжува времето на исклучување, односно работи да речеме 10-15секунди, па се исклучува 1-2 минути, за кое време се лади превише, па пак ќе се вклучи десетина секунди, па повторно ќе се исклучи и чекаш да се вклучи и така во круг...
Сакам наместо термостатот да ставам електронска регулација, нешто од типот на димерите за светилки, бидејќи станува збор е греач, т.е чисто омски потрошувач. Јачината на греачот е 2000W, значи влече нешто под 9А.
Ми требаат искуства и совети од луѓе што го имаат правено ова или слично, да предложат решение кое ќе биде сигурно и трајно, знам дека теоретски би требало да може да се искористи било кој димер пошто повеќето се со 16А тријаци, ама сепак би сакал да слушнам мислења кој тријак за таа моќност, колкав ладилник, итн...