Author Topic: Шема за PS/2 To USB и USB To PS/2 конвертор  (Read 770 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Шема за PS/2 To USB и USB To PS/2 конвертор
« Opened on 15.05.2015, Friday, 16:36:15 (Edited 17.07.2017, Monday, 14:04:44) »
Шемите се многу прости и познати (всушност, станува збор за иста шема, само што е прикажана на различни начини). Арно ама, не функционираат на секој маус и секоја тастатура. Кај поновите, најчесто да, кај постарите, најчесто не. Се зависи од тоа дали контролерот во тастатурата или маусот има поддршка и за USB и за PS/2. Постарите, имаа различни контролери за PS/2 и USB. Е, во нешто поновите генерации (кога почна да станува популарен USB стандардот), контролерите имаа поддршка за PS/2 и за USB, но преку различни пинови од контролерот (на различни пинови се врзуваа D+ и D-, односно CLK и DATA). Овие контролери се користеа релативно кратко време бидејќи се увиде дека потребни се два додатни пинови кои висат ако се користи USB протоколот, а PS/2 протоколот стои неактивен или обратно. Затоа, во најновите генерации, почна да се користи auto detect стандард. Контролерот ги користи истите пинови за USB и за PS/2, но автоматски детектира дали е поврзан за PS/2 или за USB порт. Се разбира, при монтажа во фабрика, само се ставаат адекватни кабли (USB ако треба тастатурата или маусот да се врзува за USB порт или PS/2 ако треба да се врзува за PS/2 порт). Е, кај овие контролери, работат овие конвертори. Кај оние претходните (со различни пинови за D+ и D- и за CLK и DATA), функционираат, но мора интерно (во самиот маус или тастатура) да ги прелемите овие две жици (најчесто се познаваат кои се, две празни лемни точки во редот од лемни точки во кој се залемени сите останати жици од USB или PS/2 кабелот), што е малку... гњаважа :S (ова треба да го правите секој пат кога ќе сакате од еден на друг протокол да се префрлите). Овие контролери најчесто се користеа во маусите. Тастатури ретко се наоѓаа со ваков контролер бидејќи поголемиот дел од BIOS-ите сеуште немаа native USB keyboard поддршка, а под терминал, DOS или BIOS, доволно е да имаш само тастатура, така да, немаше потреба од вакви контролери во тастатурите, најголемиот дел сеуште беа PS/2. Кај оние мауси и тастатури со најстари контролери (произведени до кај 2002-ра или 2003-та), овој конвертор нема да функционира. Тие комуницираат или преку PS/2 или преку USB (ретко кои од нив беа USB), трето нема.

Во некои случаи, можно е да треба да додадете pull-up отпорници (10K или некоја друга помала вредност... можно е да треба да се експериментира), од D+ и D- (CLK и DATA) према Vcc (+5V). USB портите од постарите матични плочи имаа одлична поддршка и за USB 1.1, кој комуницира со 3.3V-но ниво, за разлика од USB 2.0 стандардот кој комуницира со многу пониски напонски нивоа. Постарите мауси и тастатури со контролери кои поддржуваат и PS/2 и USB, често немаа USB 2.0 поддршка и комуницираа само преку USB 1.1 (што реално е повеќе од доволно), а USB контролерите на поновиве матични плочи пак, или немаат поддршка за USB 1.1, или едвај ги генерираат потребните напонски нивоа за USB 1.1 и можно е поради тоа да не го детектира како што треба маусот или тастатурата. Затоа, во некои случаи треба да се постават овие pull-up отпорници. Но, ако USB контролерот на плочата нема native USB 1.1 поддршка, најверојатно нема да функционира конверторот дури ни со оваа модификација со pull-up отпорници.

Ако на PC-то/лаптопот имате USB 3.0 порти, овие конвертори не треба да се користат на тие порти, користете ги на USB 2.0 портите.

Најдобро е да го отворите маусот или тастатурата и да видите што контролер користи и според datasheet (ако можете да најдете), да видите дали ги подрржува и двата протоколи. Во тастатурите најчесто ги има оние „црни плуканици“, така да, нема поента да барате ништо за нив. Пробајте, направете го конверторот, ако работи, работи, ако не, пробајте и со pull-up отпорниците, ако и со нив не работи, тоа е тоа, ако сакате да ја користите таа тастатура, ќе морате да си купите од оние Dual PS/2 To USB Hub-чиња (со конектор за маус и тастатура) или евентуално PS/2 To USB конвертор, но со активна електроника (со додатен контролер). Кај маусите, ситуацијата е малку поедноставна. Контролерите најчесто се баш IC во DIP пакување и на нив се испишани ознаките. Понекогаш може да има залепено некоја налепница врз нив. Прво, видите дали според ознаките на налепницата ќе најдете некој datasheet. Ако не најдете ништо, одлепете ја и видете дали со ознаките под налепницата ќе најдете некој datasheet. Ако не најдете ништо или ако станува збор за оптички маус со All-In-One решение (оптички сензор заедно со контролер), терате исто како со тастатурите, тест проба.

Со среќа ;).





It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."