Самото интегрално коло TPA6120A2 на ибеј е околу 8$, а кој е поснаодлив може да го набави и за помалку...
Другите делови нека се уште толку, плус куќиште итн (и тоа без напојување) - пак е голема разликата до 65$ колку што кошта готов таков засилувач.
Тоа е тоа, што го кажа slidermc, кинезите го користат незнаењето на повеќето заинтересирани да им продаваат убаво спакувано ѓубре. Можам да тврдам дека оној засилувач со TPA6120A2 што го направив е Х-пати подобар од она што го продава кинезот, и кошта неспоредливо помалку. Членот се жалеше на шум - нема ни трага од „Ш“, камо ли шум или брум. Превише греел - нешто утнале кинезите, кај мене термалниот пад е далеку од оптимално залемен па пак не грее. Нееднаквост во каналите на почеток - што да се очекува од кинески потенциометар, ист таков во „ГАЦ“ е 30-40ден., што мислите колку му е цената на големо, а кинезите сигурно не ставиле АЛПС внатре. Веќе за под 10$ има солидни потенциометри на ибеј (Tocos итн), потоа PIHER или некои други за 100-200ден. што се наоѓаат и кај нас и се стопати подобри од тоа што го ставиле кинезите.
Напојувањето е посебна приказна, 70$ за обичен линеарен регулатор...
(да, линеарно е напојувањето.)
Но, прашањето беше дали лесно може да се промени излезниот напон - не сме баба ванѓи да знаеме што има внатре, па уште и да го објасниме тоа на некој што не се разбира од електроника. Решение - враќање кај кинезот да го прештелува или носење кај некој што се разбира.
Со ова мислам дека се одговорени прашањата на членот, клуч на темата, се понатаму напишано би било исправање криви дрини и беспредметно.
П.С. линковите не ги ни приметив на почеток, надворешни линкови не се ставаат така, како - тоа пишува во правилата, кој сака да прочита...