Author Topic: Згасна уште еден LW предавател  (Read 1736 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Згасна уште еден LW предавател
« Opened on 02.01.2015, Friday, 14:48:06 »
Последниот радио предавател на долги бранови кој е најблиску до нас, е исклучен на 1 јануари 2015.
Тој ја пренесуваше програмата на бугарското државно радио и се наоѓаше во регионот на Софија.
Интересно е што овој предавател работел уште за време пред втората светка војна.
Фрекфенцијата на емитување му беше 261KHz а се слушаше на некој си 100km преку ден и во цела Европа преку ноќ. Лично го имам слушано од нај оддалечените делови на Европа - во Англика и во Финска. Снагата со која емитуваше беше 75kW до пред неколку години и сигналот можеше да се фати и во цела Македонија во вечерните часови, во последниве неколку години беше со намалена снага и не се слушаше во Скопје.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #1 on 02.01.2015, Friday, 16:26:18 (Edited 02.01.2015, Friday, 16:43:40) »
Го имам овој предавател слушнато пошто само него ми го фаќаше онака радиото кое имаше LW;AM и FM немав добра антена затоа.И за тој предавател се дискутираше еднаш на форумов во една тема барајќи по форумов налетав. Ти таму Dx-er и локацијата точно му ја кажа каде се наоѓал.Едина радио програма која ја фаќав на долги бранови и која сум ја чул во животот.Зошто ги гасат многу струја им трошат и им сметаат ли. :-X :o 8).Сигурно им трошел струја па затоа кризни времиња но сепак јако е чуството и кога на долги бранови слушаш нешто. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Го слушав ова радио на комуникациски приемник. Интересено е и што македонското радио денес не можев никако да го фатам на 825 килохерци, најверојатно и тоа е згаснато како што најавуваа. DRM е добра работа, ама глупо е што сме условени да купиме дигитални приемници. Ме може секој да купи дигитален приемник.
Hams do it! With Frequency

Offline strko.mk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Македонското радио работи на 810 килохерци.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ме може секој да купи дигитален приемник.

Не може секој да даде 150 евра за радио.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #5 on 03.01.2015, Saturday, 20:47:54 (Edited 03.01.2015, Saturday, 20:52:49) »
Македонското радио работи на 810 килохерци.

На мојот приемник работи на 825 kHz

@DXer
Денес имав одличен прием на Македонско радио. Според мене не треба да го згаснат АМ сигналот. Нека има DRM, но нека остане и АМ. Македонци има низ целиот свет кој на овој начин слушаат Македонско радио. Ако АМ се укине тогаш на некој начин нашите во далечните земји ќе бидат дискриминирани
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #6 on 08.01.2015, Thursday, 22:45:03 (Edited 08.01.2015, Thursday, 22:47:38) »
Пред 10 години нели беше најавено да се исклучат сите аналогни предаватели за телевизија, радио на средни, кратки и долги бранови на територијата на Европа. Еве сме, 2015та. Се исклучија многу, но не сите, сепак се гледа дека тие се од стратешко значење. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во нивната предизборна програма најави дека во 2015-2016та година ке згасне аналогното емитување на среднобрановиот предавател во Овче Поле и ке почне да емитува дигитално.

До 1997ма година имавме радио предаватели и на кратки бранови за радио Скопје.
До 2007ма имавме во секој град општински радиостаници со АМ емитување.
До пред некоја година и Македонско радио трета програма емитуваше на АМ од Маџари.
Денес го имаме само предавателот во Овче Поле на 810KHz. Но некои слушатели од надвор од нашата држава се жалат дека во последно време е влошен приемот. Можно е да е поднамалена снагата.

Во соседна Бугарија до само 3 години имаа повеќе предаватели на кратки бранови, мнооогу на средни бранови и еден на долги бранови. Сега сето тоа е исклучено и дел од нив се срушени и демонтирани. За последниот исклучен предавател на долги бранови има и петиција од незадоволни граѓани кои бараат повторно да се вклучи предавателот за да можат да слушаат радио, сега се во медиумски мрак. Тоа се воглавно постари лица (пензионери). Прочитав дека градоначалникот дури им рекол дека ке им поклони ФМ радио приемници за да можат да го слушаат радиото кое до пред некој ден го слушаа на 261KHz. Мене не ми се верува дека во 2014та година имало неколку стотици активни слушатели на радио на долги бранови. Ако ме прашавте мене, јас вероватно ке ви одговорев дека тој предавател е сосема заборавен и никој не го слуша и дека џабе троши струја и џабе ја грее јоносверата. На пример колку слушатели во Македонија АКТИВНО го слушаат радио Скопје преку АМ предавателот во Овче Поле ? Не за тие во странство.
Ајде да речеме дека го слушаат некои пензионери (постари луѓе) по планините и по селата кои стагнираат со технологијата половина век :) Колку се тие ? Надвор од државава кој го слуша? Претпоставувам дека нашите во Бугарија, Албанија и Грција. Во Србија не е можно поради мртвата радио зона во која се наоѓа тој дел од државата каде има наши луѓе. Едино мислам дека најмногу слушаност има во тие 3 држави. Подалеку ? Тешко, можеби бо Италија или во Австрија, ма да не верувам, за тоа што тие македонци би го слушале радиото преку интернет. За подалеку низ Европа да не збориме, кој би се замарал да го слуша поради честиот фединг на тоа растојание и поради сметњите кои ги прави друг предавател на истата фрекфенција од Англија.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline chervenoarmeec

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
  • Gender: Male
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #7 on 08.01.2015, Thursday, 23:00:39 (Edited 09.01.2015, Friday, 01:25:47) »
Здраво бракя македонци, прво да ви се заблагодарам за темата, за мене тоа е почит! :)

Ако сакате да помогнете да го спасиме предавателот во Вакарел, посетете ја страницата на фејсбук:
Code: [Select]
https://www.facebook.com/save.vakarelи потпишете се во оваа петиција:
Code: [Select]
http://www.peticiq.com/savevakarel
Ви благодарам од срце!



Споено мислење: [time]08 Јануари 2015, 23:14:56[/time]
...во 2015-2016та година ке згасне аналогното емитување на среднобрановиот предавател во Овче Поле и ке почне да емитува дигитално.

До 1997ма година имавме радио предаватели и на кратки бранови за радио Скопје.
До 2007ма имавме во секој град општински радиостаници со АМ емитување.
До пред некоја година и Македонско радио трета програма емитуваше на АМ од Маџари.
Денес го имаме само предавателот во Овче Поле на 810KHz. Но некои слушатели од надвор од нашата држава се жалат дека во последно време е влошен приемот. Можно е да е поднамалена снагата.

Во соседна Бугарија до само 3 години имаа повеќе предаватели на кратки бранови, мнооогу на средни бранови и еден на долги бранови. Сега сето тоа е исклучено и дел од нив се срушени и демонтирани. За последниот исклучен предавател на долги бранови има и петиција од незадоволни граѓани кои бараат повторно да се вклучи предавателот за да можат да слушаат радио, сега се во медиумски мрак. Тоа се воглавно постари лица (пензионери). Прочитав дека градоначалникот дури им рекол дека ке им поклони ФМ радио приемници за да можат да го слушаат радиото кое до пред некој ден го слушаа на 261KHz. Мене не ми се верува дека во 2014та година имало неколку стотици активни слушатели на радио на долги бранови. Ако ме прашавте мене, јас вероватно ке ви одговорев дека тој предавател е сосема заборавен и никој не го слуша и дека џабе троши струја и џабе ја грее јоносверата. На пример колку слушатели во Македонија АКТИВНО го слушаат радио Скопје преку АМ предавателот во Овче Поле ? Не за тие во странство.
Ајде да речеме дека го слушаат некои пензионери (постари луѓе) по планините и по селата кои стагнираат со технологијата половина век :) Колку се тие ? Надвор од државава кој го слуша? Претпоставувам дека нашите во Бугарија, Албанија и Грција. Во Србија не е можно поради мртвата радио зона во која се наоѓа тој дел од државата каде има наши луѓе.

Тако е брате во Европската унија, каде и вие сте тргнале... За младите луѓе никој не мисли, па што останува за старите. Предавателот во Овче Поле се пред примаше многу добро во Бугарија, а сега послабо. И јас исто мислам дека е намалена мокноста. Понекогаш го слушам вечер, убава народна музика, поздрави, честитки. Западна Бугарија има многу висови и планини и многу луѓе спаѓаат во радиосянка за УКВ (ФМ) радиото. Тие имаат корист од такви предаватели. А ние сме главно радиолюбители кои ги интересира самата апаратура, предаватели, антени од старите години, тое е историja. "Вакарел", ако не го спасиме ке отиде на секундарни суровини.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Добре ни дојде пријателе chervenoarmeec. Мило ми е што го слушаш радио Скопје на средни бранови (AM).  Јас вчера се потпишав на петицијата за спас на предавателот на долги бранови во Вакарел. Сметам дека доколку тој предавател кој е единствен од таков тип се направи во радио музеј или може да е активен радио музеј. Тоа би било добро и за радио ентузијастите од другите држави како и за ентузијастите од Македонија. Јас со задоволство би го посетил тој предавател доколку стане музеј.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #9 on 09.01.2015, Friday, 16:35:40 (Edited 09.01.2015, Friday, 21:36:49) »
Quote
Денес го имаме само предавателот во Овче Поле на 810KHz. Но некои слушатели од надвор од нашата држава се жалат дека во последно време е влошен приемот. Можно е да е поднамалена снагата.
Не поднамалена него бајаги намалена.Бевме со моето училиште на пракса во студиото на македонското радио.Само во студиото бевме.А пак на овче поле каде што е и предавателот снагаторот тоа се повеќе степени поврзани каскадно едниот го побудува другиот и така натаму.Многу моќен предавател бил кога се распрашував за него порано ми вика тој човекот таму кога работеше комплет имаше снага од 1,2 мегавати.И бил најакиот предавател во Македонија.Во деведесетите некаде ја намалиле снагата.А пошто се четири блока по 300 киловати останале на 600 киловати само два блока да работат.Па после тоа не сум сигурен која година само на 300 киловати го оставиле.И државата немала интерес не сакала на пример више ни на блискиот исток да го примаат радио скопје али низ европа супер поминувало со 300 киловати.Но секако послабо ќе поминува од порано.Изгледа многу струја троши и затоа му ја намалуваат снагата.Ова е моја претпоставка сигурно инаку зошто би ја намалувале снагата.Но факт е а и други кажувале не е иста снагата како и порано и сигурно нема да се слуша како порано.Нормално со помала снага нема да се слуша насекаде како порано што одел.Затоа кажуваат и луѓе не поминува по странство секаде како порано што било.Само одредени делови покрива.Гледаат да ја фатат дијаспората.Кој знае кога ќе дојде часот кога и кај нас АМ старите приемници  нема да го примаат сигналот.Тоест ќе се дигитализира среднобрановиот предавател.Така налага европската унија и што да се прави нема што тука. ;D :).Се работи на дигитализација.Ете во бугарија го изгасија и последниот аналоген предавател.Ќе дојде и кај нас тоа.Исто и телевизијата ние меѓу првите ги изгасивме аналогните ТВ предаватели.И преминавме на дигитална телевизија.Така налага ЕУ да се гасат аналогните предаватели независно каков е.Е сега што ќе требаат други приемници тоа е друг проблем.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@chervenoarmeec
Се потпишав и јас на петицијата, се надевам дека нашите потписи ќе дадат придонес во спасувањето на предавателот.

@nsu
Што се однесува на радио Скопје, многу лошо поминува кај мене со краткобранов приемник. До пред нова година многу добро поминуваше. Очигледно е дека е намалена снагата на минимум бидејќи одлично ги слушам азиските предаватели како на пример Radio China International на англиски јазик, така што ја исклучувам можноста приемникот да не е доволно осетлив
Hams do it! With Frequency

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Одг: Згасна уште еден LW предавател
« Reply #11 on 09.01.2015, Friday, 19:21:33 (Edited 09.01.2015, Friday, 19:30:52) »
Што се однесува на радио Скопје, многу лошо поминува кај мене со краткобранов приемник. До пред нова година многу добро поминуваше. Очигледно е дека е намалена снагата на минимум бидејќи одлично ги слушам азиските предаватели како на пример Radio China International на англиски јазик, така што ја исклучувам можноста приемникот да не е доволно осетлив

Кај ти е географски приемникот, во Битола?
Знам дека до пред година дена имаа 1500 kW EiRP. Навечер многу добро се слуша и во Холандија, поготово зимава :)
Види тука подеси, убаво звучи. Освен што на моменти некој го гази
Code: [Select]
http://websdr.ewi.utwente.nl:8901/
Ofra Haza

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Многу моќен предавател бил кога се распрашував за него порано ми вика тој човекот таму кога работеше комплет имаше снага од 1,2 мегавати.И бил најакиот предавател во Македонија.Во деведесетите некаде ја намалиле снагата.А пошто се четири блока по 300 киловати останале на 600 киловати само два блока да работат.Па после тоа не сум сигурен која година само на 300 киловати го оставиле.И државата немала интерес не сакала на пример више ни на блискиот исток да го примаат радио скопје али низ европа супер поминувало со 300 киловати.
Ја па како што знам предавателот на радио Скопје уште по доделувањето на фрекфенцијата во Женева работел со 1MW. На сајтот на МРД во историјата на радиото има слика од лампа и пише дека таа е 1000KW лампа во предавателот на Овче Поле. Што се случило после, дали некои блокови прегореле, но во 90тите години предавателот емитувал со 300kW како што кажа Nsu. Тогаш во 1999та година бев на одмор во Бугарија, поточно во Созопол и се изнамачив да го фатам радио Скопје на АМ но никако не успеав, знам дека се мачев да го фатам и предавателот на долги бранови во Вакарел но и тој без успех. Може ако скенирав со по добро радио и со надворешна антена ке фатев сигнал од Овче Поле, кој знае. Одма се поставува прашањето, ако не се фаќал сигналот ни до Созопол зошто тогаш постоеа емисиите на Бугарски, Грчки, Албански и Влашки јазик ? Во тоа време радио Скопје емитуваше и на кратки бранови, некаде околу 7MHz од Маџари, не знам која снага ја имаа тогаш на SW. Емисиите идеа и на 2 сателити (аналогни во тоа време). Истиот опит следеше и наредната година и после неа (2000 и 2001) да го фатам сигналот од Бугарско приморје но без успех. Тек во 2002ра година поставија нов дигитален предавател кој во засилувачкиот степен користи мосфет транзистори наместо лампи, емитува т.н. дигитален сигнал со кој се штеди многу струја. Четвртиот опит го направив летото во 2002ра на Црно море веднаш до турската граница. Ме очекуваше голема радост, радиото се слушаше толку добро, имав впечаток дека ми свират на увце :) дури и фадингот беше многу мал, и звукот беше некако не-карактеристичен за средни бранови туку наликуваше како да слушам на ФМ. Ептен јако доживување, по што од радост не можев да спијам цела ноќ. После тоа следеше секојдневно слушање на радиото. Дефинитивно тогаш емитуваа со цела или скоро цела снага.
Денес изгледа емитуваат со 600kW преку ноќ и 300-400kW преку ден. Може го пуштаат до крај само за тие емисии за странство. Ајде ако има некој што повеке е упатен нека пише. Ние сме едина држава каде сајтовите како МРД и АЕК немаат редовно ажурирање или пак не се обелоденуваат моќностите на предавателите.
 
@nsu
Што се однесува на радио Скопје, многу лошо поминува кај мене со краткобранов приемник.
Мислиш на средни бранови ? Радио Скопје емитува на 810KHz
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Четвртиот опит го направив летото во 2002ра на Црно море веднаш до турската граница. Ме очекуваше голема радост, радиото се слушаше толку добро, имав впечаток дека ми свират на увце :) дури и фадингот беше многу мал, и звукот беше некако не-карактеристичен за средни бранови туку наликуваше како да слушам на ФМ. Ептен јако доживување, по што од радост не можев да спијам цела ноќ. После тоа следеше секојдневно слушање на радиото. Дефинитивно тогаш емитуваа со цела или скоро цела снага.
Денес изгледа емитуваат со 600kW преку ноќ и 300-400kW преку ден. Може го пуштаат до крај само за тие емисии за странство. Ајде ако има некој што повеке е упатен нека пише. Ние сме едина држава каде сајтовите како МРД и АЕК немаат редовно ажурирање или пак не се обелоденуваат моќностите на предавателите.

Интересно искуство, знае да зазвучи многу убаво понекад, Во февруари 2014 две недели го слушав во Сарајево, сличен доживљај како и кај тебе @DX-er Интермодулирано мулат дете од татко АМ и мајка FM :)

Математикава ја правевме со еден драг колега од АЕК лани ова време. На Лозово собрана излезна снага по засилувачките степени треба да е 1000kW т.е. +90dBm, минус слабеење низ пасива/филтри горе/долу -2,5dBm, плус засилување од самата антена околу +4dBm доаѓа околу 91,5dBm преведено во вати у етер 1,41MW EiRP
Теоретски и по спецификација е така, на терен никој не го заболи патак па да измери. Обично се искача со инструментација на терен по „пријава на пречка“

Тесно соработувам со техничките маестралци и во МРД и во АЕК. Баш ќе пробам да докопам актуелна состојба со Лозово.
Ofra Haza