Види, не дека ако го испериш и толку од него, него нема да филтрира како предходно, што и не е некој тежок грев.
Ај важи, ја дома со лупа глеам колку прашина има
.
Абе дај не ме за*ебаај, ја не сум Шити Мол па да усисавам на секој пола саат и да е ганц чисто
. Колку да не нема два прста прашина, толку е доста, а за толку, и без ниеден филтер ќе ми исчисти
.
Да, горење си работат на старо име. Исто и искра.
Другар мој зема Gorenje усисивач, јас го земав Philips-ов, од прилика ист период лани. И тоа јас го земав со некој попуст на некоја промоција беше, 3600 или 3700, така нешто, он го зема 5000. Му покажувам колку влече Philips-ов, ми вика „не, ти си го појачувал“
. Абе чоек, таков е фабрички, корне, што да ти кажам (патем, до тогаш сеуште го немав исчистено филтерот, ниеднаш). Идам кај него, ај да видам колку му влече тоа неговото Gorenje... врска нема
. Му викам, чекај малку, ај да пробам нешто... му го извадив тој хепа, мепа, шепа, шо и да е (излезен го викам јас
) филтер (има и влезен, кај оној канистерот), се препороди правосмукалката, почна цели мушами да шмука
. Ми вика „и сеа, шо, нов да зеам?“, му викам „ја ти го извадив и ако е моја правосмукалката, тоа ќе иде у некоја фиока, чисто ако некој ден за нешто притреба, а јас ќе си ја користам вака
“. Не знам дали го има вратено назад филтерот, ама и јас мојот на ниет сум да го вадам. Неам нерви да се замарам да го чистам на секои пола година, без филтер нека си тера, има еден, не мора два да има
. Еееее, порано со оние Слобода Чачак, ни филтри, ми милтри, ако седиш позади неа, ќе се угушиш
, па еве не, живи здрави сме, ништо не ни фали
.
Епа и тојнппсле канистерот , колку што разбрав треба да го мењаш. Ја го перам, си тера.
Да, тој си е со сунгерче обвиено со „влажни марамчиња“, тој е пери-носи
. Тој, да, ќе го перам, бидејќи е лесен за перење, ама овој... бегај таму, за*банција е 100 пати треба низ вода да го поминеш, па 3 дена се суши, па тантара пантара... ако ми спизди, ќе лета у ѓубре
.