RAID скоро исклучиво се користи само кај сервери и NAS Box-ови. Ако некој контролер за периферен storage поддржува RAID и е подесен да работи во овој мод, значи дека ќе му требаат минимум 2 диска за да ги работи во некој од RAID модовите. И со ова не се постигнува ништо повеќе од redundancy copy или stripe spanning на два или повеќе дискови (ако во компјутерот има, на пример 2 дискови од по 300GB, со striping, оперативниот систем ќе ги гледа како еден диск од 600GB).
Сепак, треба да се напомене дека ако контролерот поддржува RAID, скоро секогаш поддржува и AHCI. На пример, southbridge-овите od ICH7R серијата поддржуваат RAID мод на работа (за тоа стои R-от на крај), што скоро во ниеден BIOS не е достапно како опција бидејќи станува збор за low end southbridge (еден од најевтините). Кратко кажано, производителите сакаат да те натераат да си купиш поскапа плоча ако сакаш да тераш хардверски RAID на твоите дискови. Сепак, иако најчесто немаат опција да работат во RAID мод, овие southbridge-ови имаат опција да работат во AHCI мод. Често е напишан и како Enhanced мод, а можно е да стои и RAID мод, но всушност мислат на AHCI (како што пишав, ако контролерот поддржува RAID, сигурно поддржува и AHCI, но не важи и обратното).
Стави го контролерот да работи во AHCI мод. Ако плочата има понов UEFI BIOS, најверојатно по default контролерот е подесен да работи во AHCI мод. Ако планираш да си правиш NAS Box од таа плоча, а во BIOS-от нема RAID опција, ќе си направиш софтверски RAID
. Некои кажуваат дека е постабилен од хардверскиот RAID. Кој знае, немам пробано
.