Author Topic: Не ми работат PCI слотовите и онборд картичките  (Read 1077 times)

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Здраво здраво.

Имам проблем со матичната плоча на компјутерот. Имено најпрво по самоиницијатива престанаа да работат онборд звучната картичка и онборд мрeжната картичка. После вадење на СИТЕ електролити од матичната и мерење со ESR метар и враќање назад на истите на матичната плоча ( сите беа исправни ) констатирав дека тука запира мојата стручност во сервисирање на проблемот и отидов и си купив PCI мрежна картичка и PCI звучна картичка.


Повторно по извесно време ( 30 и кусур дена ) по самоиницијатива истовремено прекинуваат да работат и PCI картичките. По позајмување на други исти вакви PCI картички констатирав дека не работат PCI слотовите на матичната плоча. Дали вие како постручни во областа на електрониката може да ме посоветувате која компонента има можност да е расипана па да ја заменам или како да истестирам која компонента расипана со цел да се спасам од трошокот на купување нова матична плоча ???

Се работи за матична плоча Asrock P4i65g


Code: [Select]
http://www.asrock.com/mb/Intel/p4i65g/index.asp?cat=

На располагање имаме Унимер и ЕСР метар.

Фала!!
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Може напојувањето да прави проблеми. Ако си во можност, пробај со друго напојување.
Жан

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Фала ти Жан за брзиот одговор.

Да не го едитирам првиот пост.

1. Пробани се минимум 4-5 различни плочки рам меморија со различен капацитет.
2. Пробани се повеќе различни процесори.
3. Пробани се повеќе различни верзии на биос фирмвер.
4. Пробани се повеќе напојувања, од кинески евтини па се до поскапи кои имаат 600W реална моќност.
5. Пробани се повеќе различни графички картички.
6. Покрај овие PCI картички имам пробано и со PCI картичка за видео надзор и со PCI картичка со USB порти.
7. Пробано е и надвор и внатре во куќиште.
8. Пробано е и со различни хард дискови.
9. Пробано е на различни штекери ( да се отфрли евентуален проблем со заземјувањето ).

99 % сум сигурен дека проблемот е на матичната плоча ама немам знаење да откријам што е расипано.
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Бог да ја прости ... :'( Плочата мислев...

Туку шо меморија имаш и дали ја продаваш ?
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Не ми работат PCI слотовите и онборд картl
« Reply #4 on 04.06.2014, Wednesday, 20:29:17 (Edited 04.06.2014, Wednesday, 20:31:10) »
99 % сум сигурен дека проблемот е на матичната плоча

Ако си сигурен дека проблемот е матичната плоча, тогаш не вреди да ја поправаш.
Во аматерски услови е многу тешко да се сервисираат матични плочи, освен менување на електролити. Цената за поправка во сервис, ќе биде повеќе од половина од цената на нова матична плоча, па затоа мислам дека е подобро да си купиш нова.
Жан

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Плочата се поправа ама не се исплаќа на ддр1 работи и дали примети дека електролитите се обратно од обележаното (ОБЕЛЕЖАНОТО Е +) па кога ги враќаше назад да не ги испомеша

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Одг: Не ми работат PCI слотовите и онборд картичките
« Reply #6 on 04.06.2014, Wednesday, 21:15:26 (Edited 04.06.2014, Wednesday, 21:26:42) »
Не не. Електролитите кога ги враќав ги поставив исто како што си беа. И сега матичната си функционира, освен PCI слотовите и онборд картиците. Сакам да ја поправам. Знам дека е стар чипсет и стар сокет и се ми е јасно ама сакам да пробам. Направив и reflow со убав флукс на BGA чиповите за јужниот и северниот мост ама и тоа не помогна. Веќе имам леткуми разно разни и станица една мала за reflow/rework и за кратко ( неколку дена ) ќе ми стигне леткум/фен на топол воздух ( кинез, нормално :) ). Мислам дека за алат ќе се снајдам што и да притреба.

@filipmkd ако знаеш како сподели и со мене.

@Otpor пиши ми пп каква меморија сакаш/ти треба.
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Одг: Не ми работат PCI слотовите и онборд картичките
« Reply #7 on 05.06.2014, Thursday, 00:17:02 (Edited 05.06.2014, Thursday, 00:19:53) »
Извади го чипот 1цм лево од агп слотот Реалтек е тоа е мрежната карта, ти прави спој и ти го намалува напонот 2.6 в кој е за агп слотот и другите слотови ... или исто може и чипот за звучната карта да го прави тоа ама во твојот случај ASROCK е мрежната

Матичната може да работи и без тој чип само ке си користиш мрежна на слотовите и друго тоа се проверува кога работи компјутерот факаш со рака и ке осетиш дали ти грее звучната или мрежната

Offline masterficx

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 76
  • Gender: Male
Интересно. Ќе се обидам да го извадам вечер и ќе пишам што се случило.
8 Бит Пазари = 1 Бајт Пазар

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
south мостот ти е најверојатно- замени го со друг.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Здраво,
Дали матичната ти е оверклокувана? Јас имав проблем со оверклокување се губеше гласот , враќајќи ја работната фрекфенција на процесорот се се средуваше како и претходно, немаше потреба од преинасталирање или слично.