Искрено, последно нешто што би помислил дека би можело да биде проблемот е напајањето. Но благодарение на искуството на LordZi највероватно дефектот е дијагностициран!
Сумљав дека е софтверски но изгледа ќе да е хардвер. Доволно беше што прочитав напajaње (џекот ми е лемен 2 пати
) за да набавам од локалната продавница за компјутери, кабел од адаптер до лаптоп шо влага. Го платив 200 ден, иако некако скупо ми се виде, ко да ме закла
но можеби толку е секаде.
Со скалпел сечев и со шрафцигер ја отворив црната кутија
(адаптерот) за да ги залемам жичките. Мн внимателно треба и со лимовите внатре, (при одлепување скинав една бакарна лента на трафото појма неам за шо е може маса)за да дојдам до плочката за лемење.
Приметив дека купениов кабел има мн потенки жички од оригиналот.Еден од електролитите беше подуван
820 микро фаради 25 волти и планирам да го заменам со 1000 микро фаради 35 волти (таков имам се надевам нема да му штети). Можеби токму електролитот е проблемот. Што се тиче мене јас прво ќе правев тоа шо пиша batka ама LordZi прв пиша и одма се фатив за раб. Ако не е тоа ќе правам како шо пиша batka. Како и да е благодарам на постовите.