Author Topic: Домашно изработена WiFi Yagi 15 Елементи  (Read 2699 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Домашно изработена WiFi Yagi 15 Елементи
« Opened on 08.05.2014, Thursday, 01:16:42 (Edited 08.05.2014, Thursday, 23:04:00) »
Бесплатен интернет???
Може, зошто да не?
Нашиот колега Јовичар пред неколку дена отворе нова тема за вифи јаги  антена која што според него сигналот би имал домет 50 километри. Иако добро знаеме дека нема шанси толку далеку да стигне, не повеќе од 500-1000 метри, тој ми даде мене една добра иницијатива да направам една таква антена.
Отсекогаш сум сакал на работа да имам интернет, бидејќи доста голем дел од денот дремам сам во работилницата чекајќи некој од работниците да донесе нешто за работа или по една ракија да се напиеме и низ муабет да помине времето.  Заборавен сум дури и од сопствениците на фирмата па на некој начин можам да правам што сакам, па зошто и да немам интернет?
Лаптопот не фаќа никаква мрежа, па по препораката на Батка купив еден УСБ интернет стик. Околните објелкти надвор од кругот се на околу 100-200 метра растојание. На една слободна незаштитена мрежа која се наоѓа на околу 100 метра растојание успеав да се конектирам. Меѓутоа таа мрежа е многу слаба и од време на време ќе се изгуби.



мрежата зад стикот помага подолго време да бидам конектиран.

Еве и дел од мрежите кои можам да ги фаќам


со мало поместивање на антената добив и други мрежи


успевам да се конектирам на dlink мрежата ама бидејќи е далеку многу пати ќе се изгуби.

За да ги подобрам перформансите на ионака добриот интернет усб стик решив да направам Вифи јаги антена од 15 елементи.

Има безброј шеми на интернет и за 15 елементи скоро сите се исти.

Element data for the 15 Element Yagi Wi-Fi Antenna.
Element   Length (mm)   Position (mm)
1 (Reflector)   59.61   0.00
2 (Driven Element)   58.55   18.34
3 (Director)   55.20   25.75
4 (Director)   53.62   39.51
5 (Director)   52.38   58.55
6 (Director)   51.68   82.19
7 (Director)   50.97   109.70
8 (Director)   50.62   140.74
9 (Director)   50.26   174.60
10 (Director)   49.91   210.94
11 (Director)   49.56   249.38
12 (Director)   49.21   289.60
13 (Director)   48.85   331.39
14 (Director)   48.68   374.25
15 (Director)   48.50   418.52



се кернира каде треба да се дупат дупки....


Со задупчувач се задупчува прво бидејќи нема шанси да се погодат дупките во правец ако се дупи директно.


Откако ќе се задупчи, можеме да почнеме со бушење. Бидејќи елементите што треба да се во носачот се 3 мм, јас бушев до бургија 2,9..






држач за антената...





Ова е месинг за заварување, идеален е за да се изработат елементите.


Мора да се внимава да се строго точни за да добиеме максимални резултати.






На крајот забележав дека ја направив најглупавата радиоаматерска грешка...Диполот треба да е изолиран од носачот, а јас сум го споил. Сепак лесно моѓе да се корегира тоа.

Диполот треба да е изолиран. Од парче бакелит се прави лежиште за диполот.








Бакелитот зад диполот е место за конектор.

Антената е речиси готова. Треба само да се прицврсти конектор и да се поврзе на диполот. Верувам дека слободните мрежи ќе имаат максимален прием со оваа антена.

За неколку дена ќе ја доправам и секако ќе следат уште слики


Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
Како би ѝ ги мерел нејзините параметри ?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Како би ѝ ги мерел нејзините параметри ?
Богами оваа антена не е како ГП антените незнам како би и се измериле параметрите.Но што ти е оваа антена има 1 директориума ќе фаќа како луда интернет осеќам.Одвај чекам Z31GH да постави уште слики и да ја проба.Браво браво Z31GH е вака се изработуваат антени професионално а не како мене. ;D ;D ;D ;D.Се шалам.Сепак секоја чест за изработката. :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Домашно направена WiFi Yagi 15 Елементи
« Reply #3 on 08.05.2014, Thursday, 13:49:29 (Edited 08.05.2014, Thursday, 13:59:18) »
Како ќе ги споиш краевите на диполот со усб стикот ? Не би требало да носачот е од изолационен материјал ? Според мене кралот на усб стик антените е оваа



Усб стикот во центарот на фокусот и после....хе...да знај само тањироф да раскажува  ;D
Инаку за мерења и слични работи во ви-фи најмногу е користи

Code: [Select]
http://www.netstumbler.com
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@Trolko
За ова твое прашање се консултирав со батка по телефон. Скоро и невозможно е да се најде уред кој ќе ја измери антената и ќе ги даде точните параметри. Такви спектар анализатори има во Т-mobile, ONE, VIP, а можеби и во АЕК.....ама немам некакви врски таму. Параметрите се теоретски дадени доколку се запазат димензиите на антената. Јас гледав колку што можам да се држам до димензиите и елементите се со точност од 0.1мм, односно со точност од „+  -„ една десетинка од милиметарот и верувам дека сум најблиску до одлична антена.
Батка исто така ме посоверува диполот да може да се движи напред и назад за да се види на која позиција приемот ќе биде подобар.

@nsu
Секој проект од областа на електрониката што се трудам да го направам со задоволство го постирам на форумот. За тоа сме и тука, нели, да допринесеме нешто и да се помагаме. Доколку антената е во ред со сигурност ќе даде одлични резултати. За мене е успех од отпадни материјали да направам нешто корисно или евентуално со минимални инвестиции. Не дека не сакам да купам нови материјали, туку филингот е поголем од отпадни материјали да направиш нешто што ќе биде корисно и квалитетно.

@Otpor
Краевите ќе се спојат на тој начин што ќе ја извадам оригиналната антена од стикот и со кабел ќе се поврзе на стикот кој ќе биде директно поврзан на усб портот од лаптопот. Не сакам да продолжувам усб кабел бидејќи не е препорачано. Антената ќе се користи како мобилна антена и за неа имам изработено постоље исто така од отпаден месинг.
Што се однесува до носачот нема потреба да е од изолационен материјал. Сите радиоаматерски антени немаат изолационен материјал како носач, тоа важи за сите антени, може ама не мора. Важно е само диполот да е строго изолиран и од носачот и од останатите елементи.
Антената со тањирот е добра идеа, ама според мене нема толкаво засилување како јаги антена. Можеме за таква антена да дискутираме во една друга тема.
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
@Trolko
За ова твое прашање се консултирав со батка по телефон. Скоро и невозможно е да се најде уред кој ќе ја измери антената и ќе ги даде точните параметри. Такви спектар анализатори има во Т-mobile, ONE, VIP, а можеби и во АЕК.....ама немам некакви врски таму. Параметрите се теоретски дадени доколку се запазат димензиите на антената. Јас гледав колку што можам да се држам до димензиите и елементите се со точност од 0.1мм, односно со точност од „+  -„ една десетинка од милиметарот и верувам дека сум најблиску до одлична антена.
Батка исто така ме посоверува диполот да може да се движи напред и назад за да се види на која позиција приемот ќе биде подобар.

Па, не е *скоро невозможно*. Кај нас на институтот за Телекомуникации имаатRohde Schwarz спектралец за до 47 GHz заедно со tracking generator. Ако си негогаш заинтересиран за мерење на параметрите би можел да прашам за вршење на едно мерење :)

За жал оние што ги имаме на институтот за електроника одат до 1.8 GHz :/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Eве еден линк кој ке биде од корист.Има хардвер и софтвер за подесувања на  антени,но за озбилни мерења е потребна добра мерна опрема.Но,сепак најбрза и најдобра работа ке направиш со замена на антените и споредување на сигналот кој го примаш од еден рутер.Ако со првата антена го фаќаш сигналот со две црти,а со јагицата го фатиш со пример- 5 црти,тогаш е сигурно дека појачувањето е двојно поголемо.Впрочем тебе ти треба сигналот да е стабилен за да можеш стабилно да се конектираш и користиш интернет од рутерот.

Code: [Select]
http://www.qsl.net/n9zia/wireless/appendixF.html

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@ Trolko
Ти благодарам многу за заинтересираноста. Оваа антена авторот ја има тестирано и мислам дека доколку се оди строго по димензии нема да има потреба од мерење. Доколку направам уште две три такви антени ќе те контактирам па ќе видиме што можеме да направиме.

@Batka
И јас мислам така. Прикажав слики од прием на неколку мрежи. сите тие се со по една цртичка. Ако добијам 3 или 4 цртички верувам дека антената ќе е солидна. За тоа ќе направам уште неколку слики како е приемот со оваа антена и ќе се види споредбата.
Hams do it! With Frequency

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Не би било подобро да наместо диполот што ти е изработен од месингана жица ја замениш со месинган или подобро бакарен лим со дебелона ~1мм и ширнина 2-3 мм,колку што е широк процепот носачот на диполот и директно го залемиш на стикот на местото од антената на усб-то, крајно внимателно и прецизно запазувајќи го растојанието.Ти како што планираш ќе имаш големи загуби и интерференции.Сигналот после усб-то,нормално, е ,,дигитален,,и како таков можиш да го носиш на поголеми далечини,кај мене беше 2 метра Ја имам истата работено па знам .
А за тањирачата нема потреба од дискусија,изработија по можност со тањир од сателитска антена,батали сита ,решета и слични импровизации,нет стамлерот ти е доволен да ја видиш разликата без Шварцови,Флукина или слично
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве и еден линк за софтвер за мерење на wi fi 2,4Ghz  антени и други работи  :D :D. Тоа е  inssider  ver.2.0 ( го има до 4.0 верзија).Тоа е бесплатен софтвер и  кој сака може да го проба.

Code: [Select]
http://www.wi-spy.co.uk/index.php/component/content/article/49-inssider-2

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
 batka,ама после да не побара и бектрак  ;)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@Otpor
Месингот е исто така добар проводник и одлично се леми, може и бакарна жица, ама не верувам дека ќе има некаква битна разлика. Доколку добијам само мало подобрување на сигналот ќе се обидам и со бакарна жица, сепак не знам дали би имало битни разлики. Во алфа електроника видов кабел со конектор за антена како од стикот, тој е слаб кабел за таа намена. Доколку стикот е прицврстен на антената би ми требало може 2-3 метра продолжен усб кабел ама тогаш би имало и поголеми загуби.

@ Batka

Абе оти порано не кажа за ваков софтвер? Убава работа го спуштив, фала многу  ;)
Hams do it! With Frequency

Trolko

  • Guest
Еве и еден линк за софтвер за мерење на wi fi 2,4Ghz  антени и други работи  :D :D. Тоа е  inssider  ver.2.0 ( го има до 4.0 верзија).Тоа е бесплатен софтвер и  кој сака може да го проба.

Code: [Select]
http://www.wi-spy.co.uk/index.php/component/content/article/49-inssider-2

Вифи картичките според стандард мерат RSSI и од таа информација ја пресметуваат моќноста. За жал најчесто овие две работи не се поврзани и може само да се направат релативни мерења во однос на некоја друга мрежа. За апсолутно мерење потребни се малку по-лабараториски услови :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова сепак не е софтвер за * озбилно* мерење ;D ;D ,но има некои неодоливи предности за * home made* антени. 8)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
@Otpor
 Доколку стикот е прицврстен на антената би ми требало може 2-3 метра продолжен усб кабел ама тогаш би имало и поголеми загуби.

Можеби и ти си во право....
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е