Батка извини,ама не да се фалиме - нема потреба ,и некои членови на Форумов пробале.Ние Велешани сме сладокусци,Кај нас Турци доаѓаат да јадат пити пастрмајлии,Скопјани специјално се собираат кај нас за да јадат пити.Преку цела година е така.Во лето побаравме во Штип пита - ни се насмејаа! А во Велес истата вечер во Снупи ни направија и јадевме! Нам питијадата не ни значи многу,бидејќи верувај за викенд е тешко да најдеш место од странци кои идат на пита! Ако не си слушнал за Деспина,Баже пити,Снупи,Натали,Марија,па Маринела ,Шкорпион,Даце и Да Винчи,значи не си од Македонија
Целиот Мировен Корпус од УСА прашај ги кој е во Велес Мечалот,веднаш одговараат - најдобар пита мајстор.Имаме и легенди како Крилото,Баже,Зуки..... на кои од Владата барем 1-2 неделно им нарачуваат пити за појадок
.Не знам зошто се избегнало во Штип да се прави со пастрма,Второ само се расипува месото со црвен пипер,а поради големината на парчињата никако тестото под него да се испече,па стално е глекаво,недопечено,а витката прегорена, Извини,вкус е вкус,ама пастрма си е пастрма и за неа нема замена.А ,зошто Штипјани штедат јајца,тоа е друга приказна!