Според некое мое видување, таблетите немаат некоја иднина.. Тргнувам од мене. Имам таблет, и ми стои дома ми фаќа прашина. Размислував да земам сталак за во кола да го ставам како ГПС уред.
Смартфоните постепено ќе ги истиснат таблетите, пошто еве има смартфони со големи дисплеи... Таблетите немаат тастатура, а повеќето се на андроид (сега колку да збориме, сеуште windows си е windows...), така да малце поголем екран од смартфонот и не е некоја предност.
Исто така, сметам дека десктоп компјутерите постепено ќе исчезнуваат, како што рече и батка. Ќе продолжат да ги користат можда гејмери и некои ентузијасти како нас
што се занимаваат со програмирање или електроника/хардвер. Еве гледам разни ценовници од фирми (сега да не ги рекламирам кои), 90 % се лаптопи..
Мое мислење е дека иднината е на лаптопи што се превртува долниот дел позади дисплејот, имаат тачскрин и може да се користи и како таблет, а може и нормално како лаптоп (ultrabook). Така да кога ти треба текст или нешто да работиш си ја отвараш тастатурата, кога сакаш фејсбук или онака да прегледуваш нешто тастатурата се превртува позади.
Иначе, без оглед на трендовите, јас никогаш нема да го оставам desktop компјутерот