Сале ,Сале честитам како со таков врв и само со 25 вати успеваш да работиш.Имам некоја пордуга опрема за ова работа.Користам Велеров систем со ножна вакум пумпа на врвот ,со мал додаток во вид на компресорче.Греачот е 100 вати со врв во вид на мина за пенкало од 3мм ,со празнива во средина и за секунда се празни целиот спој и мостот(ако е двослојна и повекеслојна плоча).Тоа е ОК.
Сега неколку мали тајни како дополнување - ако има на плочата десетина електролити кои се истечени,најпрво ги вадам со прст(не се чудите!) и внимателно ги раздвојувам електродите кои остануваат на плочата .Електролити не ставам веднаш, туку ја врзувам само матичната со процесор, напојувањето, РАМ и графичка и гледам дали ке запали.Тоа е кај оние ризични плочи кои не сакаат ниту да стартуваат кулер на процесор.Стартувањето го вршам еднаш.два пати во зависност дали сумјам и на напојувањето( го мерам напонот!).Доколку тргне и добијам БИОС порака на екранот,ги ставам новите кондензатори.МИ се десило да немам моментално доволно конд.па ставам извадени од друга плоча или напојување.Честопати од прва плочата не тргнува,па морам да ја стартувам неколку пати,или да ја оставам под напон да постои.Чудно,ама вистинито,плочата потоа тргнува и работи ОК.
Ми се десило плочата да тргне,а нема слика од графичката.Особено ако е на АГП слот.Ставам друга графичка и со неа тргнува,па ја вракам старата и се е во ред - си стартува нормално!