Значи ова е туторијал за како да ги поврзите вашите повеќе компјутери на АДСЛ интернетот, а со мали модификации и на друг вид на интернет.
Па да започнеме:
Хардвер:АДСЛ модем од Т-Хоум ( Најверојатно имате модем: D-Link DSL-360R )
Свич - Било која марка и било колку портови ( во зависност колку компјутери имате толку и портови ќе земете )
Минимум два компјутери ( за еден компјутер нема потреба да поставувате свичер )
Значи поврзувањето на опремата е прикажано на сликата:
Од сликата се гледа точниот распоред на целата опрема и со каков кабел се приклучуваат.
Софтвер:Во Windows-от/Linux-от на првиот компјутер се ставаат следните параметри на мрежната картица во IPv4 ( на XP најчесто тоа е она TCP/IP ) протоколот:
Тоа се прави на следниот начин:
Се оди на мрежната ( во Windows се вика Local Area Connection ) со десно копче и се избира опцијата Propereties, од таму ке ви излезе ново прозорче и таму ги вметнувате информациите по редослед одгоре надолу:
192.168.1.2
255.255.255.0
192.168.1.1
62.162.32.5
62.162.32.6а за вториот компјутер само првата адреса се мени во:
192.168.1.3 а друго е се исто како и за првиот компјутер.
Исто така се прави конекција за АДСЛ како и при само еден компјутер, односно како што ви била конекцијата пред да го инсталирате свичот помеѓу компјутерот и адсл модемот, но наместо само на едниот компјутер конекцијата ја правите на двата компјутери и при користење на двата компјутери доволно е едниот да ја сврти конекцијата до интернет, а другиот автоматски ке добие интернет.