Author Topic: Проблем со високонапонски трансформатор од ТВ  (Read 1655 times)

Offline BOBO

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Се извинувам малку покасно што се надоврзувам.Нормално во согласност со муштеријата трафото го лепев.И јас несакав такви цигански работи,но на човекот не му се даваа пари за нов.Како што и рековте претходно направив жлеб на пукнатината и нанесов течен алуминиум (двокомпонентен  лепак во шприцеви,марка Bizon).После интервенцијата го оставив TV-то да работи скоро цел ден и се си беше во најдобар ред.Да напоменам дека овој лепак навистина ми се допадна,одлично се сврза со материјалот на трафото и неверувам дека ќе попушти барем подолг период.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,тоа е добро завршена работа - ем муштеријата задоволен ,ем работата завршена.Има многу цаки кои мајсторите не ги кажуваат (дури и љубоморно ги кријат).Има муштерии кои сакаат пред нив да го работиш кварот,ама се слагам дека така не треба да се работи.Кај мене е пракса компјутерот да се остави,а кога е готово јас му се јавувам на муштеријата.Тоа функционира,а ако во меѓувреме се случи нешто непредвидено,прво се консултирам со муштериите,па потоа го отклонувам кварот.Кај нас најголем проблем е кога муштеријата ненамерно(или намерно) го носи компјутерот запреинсталација например,а е дооден хардот или напојувањето,матичната.Затоа најчесто пред муштеријата го вклучувам компјутерот ,гопроверувам дали ке запали,дали е за преинсталација и сл.,а потоа на мира си го правам.