Еве една слика од напојувачкиот дел(не е адаптерски) ако може да ми посочиш што поточно да проверам? Бидејќи немам ESR метар неможам да ги проверам кондензаторите.
Сите електролитски кондензатори на плочката измери ги. Ако немаш мерна опрема, позајми или направи си. Ајде, еве, немаш ESR метар, најди барем C метар. Ако е падната капацитивноста под 10% од декларираната вредност, менувај ги.
Да не е случајно и инверторот на истата плочка? Мене така ми изгледа или јас грешам?
Ако случајно го направиш мониторот, провери колку грее switching транзисторот во напојувачката секција. По бојата на пертинаксот, ми изгледа како да не е доволно тоа ладилно тело кое го има. Додади му некое поголемо (или зашрафи некое поголемо алуминиумско парче за оној малечкион ладилник, може и така). Провери и останатите компоненти колку греат... ако го оправиш.
Може и нешто трето да е, не мора да значи дека се кондензаторите... да не се гаси случајно по точно 3 секунди? Прикажува потоа нешто "Self Test", ова она или ништо, pitch black?