Author Topic: ЛЕД диодата во спас на компјутерите  (Read 10052 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
ЛЕД диодата во спас на компјутерите
« Opened on 15.10.2009, Thursday, 21:37:30 (Edited 13.10.2014, Monday, 14:02:49) »
[float=left][/float]Сите сме веќе свесни за граничната брзина на силициумот поради кој веќе одамна компјутерите не одат на брзина (гигахерци) туку почнаа производителите да одат на паралелизам (број на јадра). Крајната практична брзина на силициумот кога е ставен во логички кола од само 4 гигахерци е премногу мала за да може да ги задоволи денешните потреби на компјутерска моќ потребна за извршување на апликациите.

Сепак, ЛЕД диодата индиректно доаѓа во спас на компјутерската технологија, поточно технологијата на производство на процесорите. Имено, ЛЕД диодите се направени од Галиум Aрсенид (Ga-As), полупроводнични материјал кој има својства да може да работи на многу повисоки фрекфенции отколку силициумот. Најновите истражувања покажуваат дека од овој материјал можат да се изведат транзистори и логички кола кои би работеле и на 0.5THz (500GHz) со што значително би ја зголемила брзината на денешниве процесори.

Сепак, ова и не е толку ново бидејќи веќе во средината на деведесетите години компанијата Cray имаше обид да направи суперкомпјутер (Cray III) со користење на Ga-As транзистори од сопствено производство но компанијата пропадна пред да го комплетира овој суперкомпјутер.
[float=right][/float]

Додека големите компании за производство на компјутерски чипови се зафатени со тестови за имплементација на оваа идеа на микроскопски размери, ние можеме и денес да ја пробаме оваа нова технологија со малошумните ВФ засилувачи кои ги произведуваат некои компании специјализирани за ВФ технологија направени токму со нови Ga-As транзистори.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.