Не знам дали некој од вас има користено вакви алатки (како на сликата подолу), ама јас набавив ваква една од ebay и кратко речено - не функционира :S. Поточно функционира само магнетизаторот, но не и демагнетизаторот :S. За магентизатор... па јас и онака до сега си коростев магнети од звучници, тоа не ми требаше
. Всушност, ја купив баш поради демагнетизаторот.
Мене ми беше малку сомнително, особено начинот на кој е изведен демагнетизирачкиот дел (некако не ми правеше логика
), но си викам ајде, give the tool a chance
. Излезе дека навистина не работи... или јас не ја користам како што треба, но начекав еден клип на youtube и правев точно како што прави презентерот на клипот, него му функционира, мене не
. Среќа што не платив прескапо (околу 100 денари).
Ако некој знае како точно работи ова чудо, нека пише, ако не, значи само 50% од работата си ја врши оваа алатка, а останатите 50% (демагнетизирањето) не :S.